TVM

Ист аршин, ама не за секого

Post Views: 2 Народната поговорка „Кучињата лаат караванот си минува“ е само потврда на состојбата за која што ТВМ во неколку наврати ве известуваше. Имено реакциите и укажувањата на жителите од стариот дел од градот на неодамна поставените знаци за забрана за сообраќај на кракот кај ул. „Кузман Капидан“, не вродија со никаков плод, напротив, само отворија нови дупки. Урбаната опрема пред угостителскиот објект „Пандонос“ се покажа дека 20тина дена е поставена на диво. Овој проблем го покренаа варошани, кои  посочија дека оваа урбана опрема е причина заради која Локалната постапила...

Continue reading

TVM

Кога најкраткиот пат испаѓа да биде најдолг

Post Views: 3 Единствениот сообраќаен пристап до Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, во летните месеци е блокиран од автомобилите паркирани на двете страни од него. Поради тоа, во овој период од годината, амбулантните возила на прва помош, последните 500 метри до оваа устанува, ги минуваат за исто онолку време колку што  им е потребно да дојдат од Битола до Охрид. Да се стигне до единствената устанува во југозападниот регион од земјава, во која се изведуваат итни кардиолошки интервенции, последните 500 метри се најтешки. Директорот...

Continue reading

TVM

Охрид и Јелова се збратимија

Post Views: 9 Во листата на збратимени градови на Охрид, со големи букви се запишува името на Турскиот град Јелова. Оваа соработка доаѓа по претходно донесените одлуки на седниците на совет на двете општини. Збратимувањето во Турција го потпишаа двајцата градоначалници на Охрид и Јелова пред неколку денови. „Истото  треба да го направиме за летен Св. Климет во Охрид. На збратимувањето имаше присутни и градоначалници од други градови. Меѓу нив беше и градоначалникот на Смоленск – Бугарија со кого имав прилика да се видам. Се договоривме сите градови меѓу себе да сорабутуваме, но и...

Continue reading

TVM

Охридските бродари понижени како никогаш досега

Post Views: 6 Охридските пратеници не се оѕваа на повикот за помош на охридските бродари. На денешниот состанок пристигна само градоначалникот Александар Петрески кој и во оваа прилика јавно ја искажа подршката на локалната за излез од кризата во која западнаа. „Работите воопшто не се подмрднати од мртва точка. И покрај огласувањето на министерството за транспорт и врски до медумите дека „Биро Веритас“ е единствена фирма и друго решение нема, и покрај нашите заложби да се направи измена во спорниот дел од законот до денес тоа не вроди со плод. Проблемот во кој западнавме е направен...

Continue reading

TVM

Локалната се правда

Post Views: 2 Локалната експресно реагира. Од таму испратија допис со одговор на прашањето кое го упатија жителите од овој дел од градот. Во дописот стои цитирам… „Во врска со прашањето од жителите во стариот дел на градот: „Доколку кракот на Кузман Капидан бил претворен во пешачка патека според постојниот урбанистички план, зошто тогаш локалната не го сторила порано…“, портпаролот на Општината го дава следниот одговор: Заради транспарентното работење на локалната самоуправа, граѓаните заслужуваат одговор на поставеното прашање. Најнапред би ги потсетил нив самите, бидејки...

Continue reading

TVM

99,8 децибели за мирен сон

Post Views: 2 Жителите на стариот дел на градот се жалат на неподносливата бучава која доаѓа од кафулињата и летните тераси, до доцна во ноќта. Од одделението за урбанизам и заштита на животна средина согласни. Законот за заштита од бучава во животна средина, не се почитува. Несони ноќи за охриѓани и ова лето. Жителите од стариот дел од градот, каде и се наоѓаат поголемиот број кафулиња, повторно се жалат дека навечер, поради прегласната музика, воопшто не можат да спијат. Така според Законот за заштита од бучава во животна средина, за стариот дел од градот, кој спаѓа во третата...

Continue reading

TVM

Забаени или заборавени Климентовите награди ?!!!

Post Views: 1 Со знак прашалник останува  врачувањето на престижната општинска награда,  повелбата  и плакетите „Св. Климент Охридски“ на заслужните граѓани,  прогласени на 9 декември минатата година. Лани, доделувањето беше пропратено со политички скандал и добитниците на повелбата и плакетите останаа со празни раце. Доктор Томислав Тунтев до  претседателот на Советот  поднесе неотповиклива оставка на функцијата претседател на Комисијата за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија. Тунтев искажа незадоволство од работата на Комисијата и настојувањето...

Continue reading

TVM

На Охрид му е повеќе од потребна марина

Post Views: 9 Се поголем е бројот на пловните објекти во водите на езерото. Каналот Студенчишта станува претесен за пловилата кои се стационирани на овој и онака мал простор кој воопшто не располага со соодветната инфраструктура потребна за одржување и обезбедување на пловилата кои се наоѓаат таму. Така за време на викендот за малку беше избегната катастрофа кога при несоодветно точење на гориво од станица за налевање на гориво на „Пуцко петрол“, беше опожарен еден глисер. Управувачот со станицата кој и онака немал ПП апарат веднаш го напуштил и местото на несреќата. Живееме во време...

Continue reading

TVM

Во каналот „Студенчишта“, се запали глисер

Post Views: 2 Пловните објекти во каналот „Студенчишта“ не се безбедни. Вчера во каналот, поради невнимание и неправилно налевање на гориво дојде до опожарување на еден  глисер. Според зборовите на очевидци, причина било прелевање на горивото и предвремено стартување на моторот на пловниот објект, при што дошло до запалување на горивото. Од Охридската капетанија не знаат за случајот, но ја потенцираат потребата од поседување на пренослив противпожарен апарат во секој пловен објект. „Не сме запознаени со таков случај. Според ЕУ директивите можам да кажам дека задолжително е да се...

Continue reading

TVM

Фестивалска магија и организациона замаеност

Post Views: 8 И по 50 години никако да се научиме како да организираме фестивал без пропусти. И на отварањето на златното, јубилејно издание на светски познатиот фестивал, „Охридско лето“, работите на организаторите не им тргнаа во посакуваната насока. Откако во пет до дванаесет беше разрешен првиот човек на фестивалот, Тони Симоновски, за негов наследник беше назначен Васил Зороски. Именувањето на Зороски за вд директор уште во првите денови се покажа како лош потег, кој навестуваше дека ова издание на фестивалот нема да помине без пропусти. Доцнењето на картите во продажба, измената...

Continue reading

TVM

Скулптурата на јагулата поставена кај Потпеш

Post Views: 7 50 –то  јубилејно издание на Фестивалот Охридско лето ќе биде одбележано со изложбата на Сергеј Цингулоски, насловена „Угоре високо, удоло длабоко-Гола вода“. Станува збор за скулптура  на јагула која вечерва и официјално ќе биде отворена, а е поставена во водите  на езерото кај плажата Потпеш. Јагулата веќе предизвика голем интерес кај јавноста. Ја поздарвуваат идејат на уметникот како мошне интересна и необична, но многу ефектна. Скулптурата на јагулата е изработена од 50 дрвени делови, изработени во специфична техника од кои секој симболизира по една фестивалска...

Continue reading

TVM

Хотел Палас нема да исчезне

Post Views: 1  Управата за заштита на културното наследсто стави рака врз хотелот Палас. Ќе го штити  и чува  карактеристичниот  архитектонски објект, белег на  архитектурата од периодот 1952 -1957 година, проектиран од дип. архитект Едоми Хевц. Решението за  привремена заштита од втор степен е издадено пред шест месеци. За една година треба да се изготви Елаборат за хотелот со кој ќе се издаде трајно решение за заштита. Од хотелот нема да направиме  музеј или да им се одземеме на сопствениците, со решението се ограничуваат интервенциите кои можат да се преземат врз објектот објаснува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top