Охридските бродари понижени како никогаш досега

Охридските пратеници не се оѕваа на повикот за помош на охридските бродари. На денешниот состанок пристигна само градоначалникот Александар Петрески кој и во оваа прилика јавно ја искажа подршката на локалната за излез од кризата во која западнаа.

 |  Татјана Маленкова  | 
TVM
TVM

Охридските пратеници не се оѕваа на повикот за помош на охридските бродари. На денешниот состанок пристигна само градоначалникот Александар Петрески кој и во оваа прилика јавно ја искажа подршката на локалната за излез од кризата во која западнаа.

„Работите воопшто не се подмрднати од мртва точка. И покрај огласувањето на министерството за транспорт и врски до медумите дека „Биро Веритас“ е единствена фирма и друго решение нема, и покрај нашите заложби да се направи измена во спорниот дел од законот до денес тоа не вроди со плод. Проблемот во кој западнавме е направен само од незнаењето на одредени луѓе кои се вработени во капетанијата. Тие луѓе го погребаа охридското бродарство. Поголемо понижување, капетаните никогаш немаат преживеано. Да бидат раководени од нестручни лица кои не се возени со брод, а не камоли да се капетани на брод“, вели претседателот на здружението на бродари, Горан Устијаноски.

„ Заради тоа баравме смена и реорганизација. Ова не е единствен проблем и ги прашуваме што е направено со бродските книги, пловните патишта“, вели претседателот на здружението на бродари Горан Устијаноски.

Толку сме вознемирени и растревожени, затоа што сега не се бориме со политиката, владата и капетанија, туку со нашата егзистенција, додаде Устијаноски.

Бродарите во моментов единствената подршка ја имаат од Локалната самоуправа и градоначалникот Александар Петрески. Покрај средбата која ја имаа во Локалната со градоначалникот, но и со советниците каде бродарите им ги образложија проблемите со кои се соочија, денеска градоначалникот беше единствениот од функционерите кои ги посети.

„Сето ова не е случајно, туку е организирано. Доколку се има воља, решение ќе се најде. Мислам дека бродарите се во право. Неможе екипа од партиски војници да ја водат капетанијата. Овој кадар кој во најголем дел работел во застава, страмота е за Македонија да води ваква институција. Ако Владата има проблем со вработувања, јас ќе им вработам луѓе, со цел капатанијата да добие стручен кадар кој знае да работи.

„ За она што јас го зборувам дотичниот фурте муте, ми има поднесено кривична пријава. Овој човек одамна требаше да си поднеси оставка“, вели градоначалникот Александар Петрески.

Градоначалникот тврди дека доколку се сака, решение за излез од проблемот има. Во Македонија нека има една Капетанија за сите езера и реки, но нам нека ни се даде можност да формираме Капетанија само за Охридското Езеро. Ви гарантирам дека ќе вработиме десет сообраќајни инженери кои ќе ги средат сите проблеми со пловодбата по езерото. Сега не знам за кого постои Капетанијата. Подобро е луѓе во неа да земаат плата и ништо да не работат, изјави денес градоначалникот Александар Петрески.

 {loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top