Post Views: 0
Бродот амбуланта кој требаше да биде ставен во употреба за празников, сеуште вон функција. Пловилото за чија санација беа потребни поголеми поправки и оваа летна сезона не можеше да се стави во употреба. Средства за техничко и логистичко опремување на бродот, обезбеди Локалната самоуправа од Охрид. Отаму велат дека ова амбулантно возило треба да биде спуштено во водите на Охридското езеро до крај на месец септември.
Охриѓани ќе почекаат уште малку за бродот амбуланта. Пуштањето во употреба на амбулантното пловно возило кое би требало да патролира во водите на езерото...
Post Views: 33
Охридскиот центар за култура „Григор Прличев“ го замени дотраеното филмско платно со ново. Се очекува негово монтирање пред почетокот на есенската филмската ревија. Центарот за култура последниве години иако со бавно темпо ги подобрува условите во кино салата. Модернизирањето го прават дел со сопствени средства, но и со помош на спонзори и ресорното министерство. Пред две години се санира кровната конструкција, а се среди и внатрешниот ентериер. За поправка на кровот ресорното министерство потроши 1 милион и четиристотини денари. Сега има нови најави за осовременување...
Post Views: 4
Одржан 25-тиот атлетски маратон во Охрид. Годинава тој беше во знакот на јубилејно издание, 25 години. Годинава жените се покажаа поуспешни од мажите со тоа што беше соборен рекордот во женска конкуренција, што мажите не успеаа во тоа само за 30 сек. Директорот на трката Влатко Димитриески рече дека оваа година атлетскиот маратон бил најмасовен. Тој кажа дека на првиот маратон кој се одржал во 1976 година стартувале само 4 атлетичари а годинава тој број е над стотина. Димитриески рече дека 30 километарската патека која не е лесна за истрчување воглавно поминала добро,...
Post Views: 3
Во Охридскиот Основен Суд, денес беше одложен главниот претрес против Христијан Шапкар, кој се терети за предизвикување на глесерска несреќа. Неприсуството на обвинетиот Шапкар беше причина тоа да се одложи. Отсуство го оправда бранителот на обвинетиот, Емил Балабан, пред главниот судија Милчо Клишески и останатите присутни, со потврда од Приватна Здравствена Организација на општа медицина. Според медицинската потврда Шапкар поради здравствени причини, јака лумбална болка не бил во состојба да присуствува на денешниот главен претрес. На денешниот судски претрес не...
Post Views: 6
Поништен тендерот за набавка на ДВД презентација за Охрид. ТВМ за овој тендер информираше пред еден месец кога беше завршена постапката за прибирање на понудите.
Во врска со овој случај до нашата редакција стигна и интригантен допис од страна на наш граѓанин кој се осмели јавно да обелодени дека е отворена тендерска постапка под сомнителни околности и со нејасна техничка спецификација, со кој се врши обид за рекет на Локалната. ТВМ трагајќи по вистината дозна дека раководителот на Секторот за локален економски развој, Гоце Симоновски воопшто не беше информиран за распишувањето...
Post Views: 7
Завршувањето на примената на летниот режим на сообраќај наметна неколку прашања кои ги засегаат граѓаните. Експертите имаат различно гледиште за квалитетот на годинешниот сообраќаен режим на терен. Неодамна раководителот на одделението за сообраќај во локалната самоуправа, Зоран Шикалоски, за ТВМ изјави дека е задоволен од годинешното решение на летниот режим на сообраќај. Шикалоски потенцираше дека како резултат на годинешното решение на клучните раскрсници, кај Oпштината и Домот на АРМ, годинава сообраќајот поминал без инциденти. Експертот по сообраќај и советник,...
Post Views: 1
На сцената од Центарoт за култура на 14 септември премиерно ќе биде изведена претставата „Среќни денови“ на Семјуел Бекет. Станува збор за копродукциски проект, каде носители на улогите се охридските актери Јасмина Билаловиќ и Горан Стојаноски. „Среќни денови“ е култна Бекетова драма во која се зборува за изместената хармонија на човештвото во 20 и 21 век.Во Македонија претставата „ Среќни денови“ за прв пат е поставена во далечната 1976 година на Драмскиот театар во Скопје. Претставата која охриѓани ќе имаат можност да ја видат е во режија на Градимир Гојар. Познатиот...
Post Views: 2
Нов скандалозен тендер на Локаната од Охрид, и овој пат поддржан од градоначалникот Александар Петрески, обвинија денес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Овој пат станува збор за јавна набавка на информативни пултови со екрани на допир-Touch screen. Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ јавно запрашаа од каде се наметна потребата за јавна набавка на вака скапа опрема, по која програма е распишана јавната набавка и од која стапка на буџетот ќе се исплатат средствата за оваа јавна набавка?
„Зошто во услови на еконмска криза беспотребно се трошат 60,0000 до 70,0000 евра, пари на граѓаните на Охрид?...
Post Views: 12
Сите сопственици на бродови во Охридско Езеро поднеле барања за добивање на соодветен сертификат до овластената меѓународната групација Bureau Veritas, која треба да изврши технички преглед на бродовите, соопштуваат од министерството за транспорт и врски
“Очекуваме набрзо да завршат постапките за сертифицирање на бродовите кои оперираат во Охридското Езеро со што ќе се овозможи безбеден сообраќај во внатрешната пловидба, со технички проверени пловни објекти” велат од министерсвото.
Сертифицирањето на бродовите е во согласност со Законот за внатрешна пловидба и релевантните...
Post Views: 5
Во Македонија се гради со квалитетни материјали, а тоа значи дека имаме цврсти и убави градби. Спротивно на ова, стручните лица тврдат дека новите градбите кои се градат поготово во стариот дел на Охрид претставуваат посебна приказна или експеримент.
„ Станува збор за промоција на материјали со светски квалитет. Во Македонија во овој период локални инвеститори употребуваат локалани алуминиумски и друг вид на материјали. Но кога има инвеститор од Европски пазар, тој бара да работи со европски материјали“, вели генерален менаџер на Тетрактис, Кристијан Јорданов.
Јорданов...
Post Views: 1
Членството на ОК на ВМРО – ДПМНЕ реагира. Повод, најновите изјави на градоначалникот Александар Петрески и најновите ставови на Локалната самоуправа во општина Охрид. Хари Шокароски денес во името на својата партија упати остри критики кон охридскиот градоначалник. Тој истакна:„Изјави со кои го достигна дното на политичката некултура и комуникација, изјави карактеристични за личности со дискутабилен морален и ментален склоп. Охрид не заслужува да биде претставуван од ваква личност кој со ништо не придонел за зајакнување на дигнитетот и културните вредности за градот“.Шокароски,...
Post Views: 13
„Не даваме вода“. Ова е реакција на група револтирани жители на ул „Момчило Јорданоски“ кај болнички комплекс. Тие јавно го кренаа гласот против Oпштина Охрид, и обвинија дека Локалната на своја рака превзема зафати од комунална сфера, од што тие ги сносат последиците.Љупчо Гаревски го пренесе ставот на жителите од овој дел на градот. Тој потенцира дека се навлегува во приватен имот каде општината не ги имала до крај расчистено работите со експропријација на земјиштето. Гаревски рече дека немаат ништо против приклучок на вода во станбените згради, но тоа да небиде...