ogrevno drvo

Подготовките за грејната сезона завршени

Post Views: 3 Ниските утрински и ноќни температури кои деновиве бележат драстичен пад веќе ја најавуваат грејната сезона. Граѓаните на Охрид кои денес ги анкетиравме веќе се одлучиле како ќе се греат. Некои од нив за огрев ќе користат дрва како поисплатлива алтернатива додека пак на некои електричната енергија им е единствената солуција, има и такви кои немаат средства ниту за едното ниту за другото.Цената на огревно дрво во НП „Галичица“ се движи околу 2 300 денари по метар кубен за бука, додека пак за даб е 100 денари повеќе. Од паркот велат дека располагаат со ограничени количини...

Continue reading

mladinski rek. centar

Градот да биде „газда“ на запуштените објекти на крајбрежјето

Post Views: 30 Градоначалникот ја посочува и лошата состојба во која се наоѓа  манастирскиот комлекс Св. Наум. Сето  тоа е резулатат на недефинираната сопствност,  нагласува Петрески. Овој прекрасен простор на охридското крајбрежје исто така остава грда слика. Наместо да го развиваме туризмот оставаме впечаток дека објектите и туристичките комплекси ни се запоставени од негрижа, а како виновник за тоа најчесто прстот е вперен кон градските  власти.Министерот за култура пак, Елизабета Канческа Милевска решавањето на овој проблем го гледа со  завршувањето на процесот на денационализација...

Continue reading

abr metod

ABR може да го промени животот

Post Views: 2 Подобар живот за сите пациенти без разлика на возраста и состојбата. Криста Биненс од Белгија е мајка на 12-годишно дете, Питер, која во потрага по помош за сопственото дете се сретнала со Леонид Блум, креаторот на АБР техниката. Денес таа е во Охрид и е дел од тимот кој ќе ги запознае родителите од Македонија со оваа револуционерна рехабилитациона техника.За прв пат на полето на рехабилитацијата и во македонија АБР терапија, со која сите деца добиваат трајни подобрувања, терапија која нуди напредок без граници. АБР или Advanced Biomechanical Rehabilitation има уникатен...

Continue reading

11 Oktomvri

Свеченост по повод празникот

Post Views: 0 Не смее да ги заборавиме хероите чии што животи се созидани во денешната слобода. Денес во општина Охрид се одржа свеченост по повод 11 октомври денот на востанието на македонскиот народ и 30 годишнината од смртта на Петре Пирузе – Мајски. Претседателот на Охридскиот Сојуз на борците од НОАВМ (1941-1945) и граѓаните продолжувачи на општините Охрид и Дебрца, Гоце Ѓоргиески се обрати до присутните со честитки по повод денот.Потпретседателот на Општинската организација на борците од НОАВМ Никола Стефаноски, во рамките на одбележувањето на двата настани, рече дека неможе...

Continue reading

avion

Туризмот не може без авио превоз

Post Views: 5 Хрватска ќе лобира што поскоро да се воведе директна линија Загреб – Охрид. Вчера во рамките на состанокот на високата Хрватска делегација и градоначалникот Петрески, покрај официјалниот дел за учество на Охрид на Меѓународниот саем во Вировитица, кој ќе се одржи на почетокот на идната година, се разговараше и на тема, што најмногу го кочи развојот на туризмот меѓу Македонија и Хрватска. Петрески јавно пред хрватските претставници проговори за катастрофалната патна инфраструктура во земјава, која според него, под итно мора да се поправи, како и од потребата за отворање...

Continue reading

vakcini

Пристигнаа вакцините за сезонски грип

Post Views: 7 Центарот за јавно здравје подготвен за имунизација на населението против сезонски грип. Пристигнаа 2500 вакцини, но доколку има потреба ќе се набават уште, вели директорот на центарот за Јавно здравје Атанаско Михаилов. „ Секоја година центарот за јавно здравје врши заштита на населението од сезонски грип. Пристигнаа 2 и пол илјади дози. Со вакцинирање започнуваме од 12 октомври. Имаме доволна количина на вакцини“, истакна– директор на центар за Јавно здравје, Атанаско Михаилов. Михаилов потврди дека имунизацијата во цела Македонија  и годинава ќе се врши со Кинески...

Continue reading

Hotel Sileks

Награда за „Нов квалитет во туризмот“

Post Views: 8 Инвестициите во сопствениот бизнис се исплаќаат. Охридскиот хотел „Силекс“, од Меѓународниот саем за туризам, кој минатата недела се одржа во Нови Сад, се врати со награда „Нов квалитет во туризмот“. Оваа несекојдневна награда е голем предизвик, успех и заслуга која треба да се оправда, вели менаџерот на овој угостителски објект Тошо Чочороски.„Направивме големи вложувања во време кога бизнис климата се соочува со економска криза“, вели Чочороски. Додава, дека, иако моментот не бил најпогоден, морало да се преземат тие инвестициони зафати, пред се, заради имиџот на хотелот....

Continue reading

domestic violence

Сеуште голем е процентот на семејно насилство

Post Views: 3 Претставници на Центарот за социјални грижи, секторот за внатрешни работи, комисијата за еднакви можности при советот на општина Охрид, како и претставници на невладините организации, дискутираа во врска со состојбата со семејното насилство во регионов. Тие се обидоа да ги лоцираат и идентификуваат проблемите со кои овие институции најмногу се среќаваат при борбата со овој вид насилство. Олгица Апостолова, член на координативното тело изјави дека состојбата е алармантна. Проблемите се присутни и  во врска со намалувањето на пријавите за семејно насилство и во врска со...

Continue reading

Sv Sofija

Продолжува битката за враќање на црковните имоти

Post Views: 0 Од МПЦ велат дека земјиштата околу Охрид, како оној на „Свети Наум“ вредат околу 12,5 милиони евра, иако се смета дека нивната вредност е далеку поголема.Митропилитот Дебарско-Кичевски, владиката Тимотеј вели дека процесoт на денационализација е спор, посебно кога станува збор за исклучително вредни имоти, кои доколку и бидат вратени на црквата значително ќе ја подобрат нејзината економска положба. Еден од имотите од кој на државата и е тешко да се ослободи е атрактивниот манастирски имот на „Свети Наум“. Станува збор за 2.770 хектари пасишта, шуми, но и дел од планината...

Continue reading

knigi

Охрид доби aнглиска библитека

Post Views: 8 „ Поновата детска литература е снабдена преку гранд на USAID и преку мировниот корпус во Македонија.Тој гранд се искористи да се набави литература за деца. Идејата да биде оваа литература за деца е затоа што сакавме да им го претставиме англискиот јазик на децата и иако тие не зборуваат јазикот во оваа литература има толку убави слики да гладаат и приказни да се читаат, а тоа ќе може да го направат и дома“, вели Карен Шон, волонтер мировен корпус во Македонија. Шон вели дека првично биле заинтересирани да донираат и друга англиска литература за деца, но по согледувањето...

Continue reading

gradinka

Статутот мора да се почитува

Post Views: 11 Охридската детска градинка Јасна Ристеска не работи согласно Статутот, дециден Владо Суклоски. Најновите случувања во оваа установа не можат рамнодушно да се прифатат вели Суклоски, член на У.О. на градинката, претставник на Министерството за труд и социјална политика. Тој изјави дека соработниците по образование на градоначалникот време е да погледнат во статутот бидејќи според Суклоски, Статутот  е правен документ донесен врз основа на законот и потврден од управниот суд и секое негово прекршување е индиректно кршење на законот. Суклоски вели дека посебно претседателот...

Continue reading

delegacija

Ново поле за соработка

Post Views: 0 Охрид обезбеди гратис штанд на Меѓународниот саем за економија занаетчиство и земјоделство “VIROEXPO 2011” кој ќе се одржи од 21 до 23 јануари наредната година во Вировитица, Р Хрватска. Како претходница на оваа покана денес во Охрид престојува висока делегација на Вировитичко-подравската жупанија. Градоначалникот Александар Петрески рече дека добрата соработка со Хрватска се повеќе се потврдува и веќе се отвора ново поле за голема соработка во областа на стопанството. Петрески и овој пат не ги заобилколи укажувањата до Владата за патната инфреструктура која според него...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top