Proakva

МЈП „Проаква“ го фати редот

Post Views: 8 Нема драстично зголемување на цените за водоводно канализационите услуги. МЈП „Проаква“ веќе може да се пофали дека влегува во колосек, па така од 15 ти септември има редовна исплата на плати и нема повеќе заостанат месечен надомест на вработените. „Преземањето на одредени мерки, како тековни така и стратешки, придонесоа наплатата на сметките да се зголеми“, вели првиот човек на „Проаква“, Бранислав Трпчевски. Тој додава дека тие средства наменски веднаш биле вложени во исплата на заостанатите плати. Според Трпчевски најважно е што се регулирани односите со новото претпријатие...

Continue reading

Kurban Bajram

Граѓаните од муслиманска вероисповед денес го празнуваат Курбан Бајрам

Post Views: 6 Околу 800 семејства од Охрид кои се евидентирани  во Центарот за социјални грижи ќе добија по 5 кг месо по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам. Годинава се донираа околу 4 тони месо или 17 грла, а бројот на донатори од година на  година расте вели Зиба Муштеба преставник на фондацијата  Шафак за Охрид. На денешниот верски чин, каде што се колеше Курбан традиционално своите сограѓани од муслиманска вероисповед ги посети и празникот им го честита  градоначалникот Александар Петрески. Тој ги поздрави и верниците кои заминаа на аџилак. Градоначалникот Петрски...

Continue reading

turisti od Turcija

За Курбан Бајрам гости од Турција во посета на Охрид

Post Views: 11 За муслиманскиот празник Курбан Бајрам 400 гости од Турција во тридневна посета на Охрид. Девет дневниот одмор што го имаат граѓаните на Турција го користат за органзиарани патувања. Поголем број од нив прстојуваат и во нашиот град вели Филип Стефаноски преставник на турскиот туроператор Lets travel Balkans. Туристите од Турција пристигаат со чартер лет до Тирана, а потоа патуваат со автобуски превоз низ регионот во Косово, Хрватска, Црна Гора БиХ и  Македонија. Стефаноски најавува за идната година многу поголема посета на турски туристи на земјава. „Интерeсот ќе биде...

Continue reading

elektronski dnevnici

Електронските дневници создадоа збрка

Post Views: 2 Електронскиот систем за управување со образованието или електронските дневници почнаа да им создаваат главоболки на училиштата. Реагираат родители чии деца учат во  ОУ „Григор Прличев“ на тоа што одделенските наставници, покрај податоците за учениците, ги побарале и личните податоци на родителите, за  проект кој го спроведува Министерството за образование и наука. Родителите сметаат дека со податоците како што се единствениот матичен број, крвната група, етничка припадност, религија,  во голема мера се нарушува законот за заштита на личните податоци. Старателите на...

Continue reading

Kineska delegacija

Кинезите пристигнаа

Post Views: 10 Делегација на кинескиот град Далиан, денес го посети Охрид. Оваа посета е резултат на посетата на  градоначалникот Петрески, кој пред неколку години присуствуваше на Конференцијата на градовите збратимени со Далиан. Петрески убеден дека брзиот стопански развој кој Далиан и цела Кина го направи, ќе можеме и ние да го направиме овде, во Охрид, со помош на збратимениот кинески град. „Во целокупното стопанство, тргнувајќи од туризмот каде што како што кажав доволно е администрацијата на Далиан да не посети и сите капацитети да ги пополни. Покрај туризмот разговаравме и...

Continue reading

kej

Што е следно….тенк?!

Post Views: 1 Охридското езеро продолжува на своите брегови да исфрла експлозивни направи. Денес, случаен минувач забележал сандак полн со експлозивни средства. Подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид, е носител на акцијата за безбедно складирање и уништување на истите. Раководителот на единицата Васа Стефкоска информира дека станува збор за околу 40 експлозивни направи, од кои 36 се против пешадиски распрскувачки мини, 3 рачни бомби со дрвена рачка и 4 запалки за бомби со дрвена рачка. Според Стефкоска, експлозивните материјали потекнуваат од првата светска...

Continue reading

crven krst

Започна третата сезона од проектот „Дрога, вистини, заблуди“

Post Views: 2 СВР, Црвениот крст, познати лица од Охрид и локалните самоуправи кои ги покрива секторот, од денеска ја започнаа третата фаза од проктот „Дрога, вистини, заблуди“.Станува збор за проект во кој како целни групи се вклучени учениците од основните, средните училишта и црвен крст. Во контекст на овие целни групи овој проект е најголем од ваков вид во Р Македонија“, изјави портпаролот на СВР Стефан Димовски. Тој додаде дека оваа сезона ја започнаваат со нова кампања во која се вклучени повеќе лица од Охрид – од светот на музиката, естрадата, култура…. „ Сметаме...

Continue reading

kej

Рачна граната покрај кејот на Охридското Езеро

Post Views: 13 Туристите и граѓаните на Охрид кои денеска шетаа на кејот на Охридското Езеро, на само пет метри од брегот, можеа да забележат неексплодирана рачна граната, најверојатно, од Втората светска војна. Се работи за рачна граната која се наоѓа на длабочина од околу половина метар од десната страна на рекреативниот мост пред хотелот Палас. Се очекува надлежните служби и експерти пиротехничари да ја отстранат бомбата, која е потенцијална опасност за околината. Се претпоставува дека гранатата на ова место во Охридското Езеро пред два дена, за време на невремето, ја донеле силните...

Continue reading

Privedeni

На слобода дел од обвинетите за убиството на Дејан Новаковиќ

Post Views: 27 Ослободителна пресуда за четворица, од седумината осомничени за убиството на српскиот гостин Дејан Новаковиќ. Адвокатот на ослободените Воислав Димовски рече дека ослободителната пресуда настапила поради изјава за откажување од кривично гонење од страна на обвинителот. Спрема останатите тројца постапката продолжува, додава тој. Димоски кажа дека до крајот на наредната работна седмица очекуваат обвинителен акт за преостанатите тројца осомничени, кој до овој момент сеуште го немаат добиено па така незнаат за кое кривично дело ќе им се суди. Со добивањето на обвинителниот...

Continue reading

pres

Кина, преку Охрид клуч за македонскиот пазар

Post Views: 4 Со сеуште свежи сеќавања од посетата на Кина, од пред околу 5 години, градоначалникот на Охрид Александар Петрески, ја најави посетата на високата делегација од градот Далиан. Придружуван од тогашниот претседател на Советот на општината Владо Чинго и Венко Шапкар, Петрески со воодушевување ги пренесе своите импресии за ова специфично место. Но и во оваа пригода не испушти да ја искритикува актуелната власт на ВМРО –  ДПМНЕ, која не го поканила минатата година, при посетата во Кина. Постојат реални изгледи збратимувањето со кинескиот град Далиан да резултира со...

Continue reading

Sv Kliment Ohridski

Некои кренаа раце од наградите но некој и ќе тужи

Post Views: 4 Конкурсот за најпрестижната награда на градов „Наградата  за животно дело“ и Повелбите „Св. Климент Охридски“, заврши. Дали годинава ова признание, а и неговите добитиници ќе го добијат третманот и вниманието кое го заслужуваат? Ќе заврши ли конечно наградата во рацете на оние кои по заслуга ја добиле? Иако некои од минатогодишните добитници на Св Климентовата награда веќе не се ни надеваат дека таа ќе дојде во нивните раце, некои ќе одат до крај. Минатогодишниот добитник на Наградата за животно дело, пратеникот Цветко Грозданов за ТВМ изјави дека, иако честа да се...

Continue reading

VMRO-NP

Конкретен проект за решавање на проблемите со водоснабдување на Општина Охрид

Post Views: 2 Капитален проект, со кој би се решил проблемот со водоснабдувањето во Охрид. Од О.О на ВМРО Народна велат дека станува збор за изградба на нов водовод во должина од 25 км. Со овој водовод, капацитетите на извориштето Дувло, од атарот на Сел.Свиништа како и на изворите на Коселска река ќе бидат искористени за водоснабдување на селата кои гравитираат по течението на Коселска река, како и на Општина Охрид. Костоски вели дека изворите се со капацитет од 135-2000 л/с. Станува збор за квалитетна вода чиј состав не е толку богат со варовник, со чија помош ќе се реши водоснабдувањето...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top