Post Views: 0
Завршија Новогодишните и бројните верски празници кои следуваа по тоа ама останаа повторно угостителските пропусти кои му задаваат сериозен удар на туризмот на охридската ривиера. До нашата редакција стигна реакција од гости незадоволни од угостителскиот третман на дочекот на Нова година на плоштадот во Охрид.Тие посакале во едно од бројните кафулиња на плоштадот да се напијат чај со рум, но останале непријатно изненадени кога од кафулето каде што нарачале пијалок ги одбиле со изговор дека таа вечер не послужуваат чај и кафе. Ваквиот однос на угостителите го осудуваат...
Post Views: 9
Првиот човек на СДСМ, Бранко Црвенкоски се поприсутен во охридската јавност. Претседателот на ОО на СДСМ од Охрид, Науме Јованоски објаснува дека се реализира зацртаното од пред 18 месеци, А тоа е раководство на СДСМ да е се поприсутно меѓу народот. Но многу од оние тврдокорни социјал- демократи не беа забележани во трите тајфи кои остварија средби со охриѓани. Дали тоа се должи на внатрепартиско групирање или раздор, Јованоски со став. „Нема никаков раздор, јас бев презафатен и неможев да забележам дека фали некој од нашето членство. Сите беа уредно повикани и верувам...
Post Views: 9
Конечно, разрешена неизвесноста со традиционалниот вештачки мрест на охридската пастрмка. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја разјасни дилемата ќе има или не пари за годинешниот мрест. Склучен е меѓусебен договор на сума од 4 милиони денари, или еден милион денари помалку, средства од првичната сума која ја побарале од Хидробиолошкиот Институт за оваа намена. Во близина на двата локалитети Пештани и Трпејца денес беа фрлени првите мрежи со кои започна ловот на пастрмаката за собирање на икра. На првиот ден од започнувањето на мрестот се...
Post Views: 3
И Македонија отсега на своите депонии ќе мора да одлага само селектиран цврст отпад. Станува збор за дел од европската легислатива која ќе мора да ја испочитуваме како земја кандидат за членство во ЕУ. Без разлика дали ќе станува збор за примарна или секундарна, селекцијата ќе мора да биде интегрален дел од идниот процес на одлагање на цврстиот отпад. Владислав Жупан, менаџер за проекти за локален развој вели дека привичната идеја за одлагање на неселектиран отпад, отсега не е опција.
„На ниво на општина, ќе мора да се воведе примарна селекција на отпадот. Од друга...
Post Views: 1
На поплаките од жителите дека овој дел од патот се раскопува по втор пат, Цветкоски вели дека тоа е така затоа што најпрво се поставувала канализација, па нова водоводна линија и дури сега се поставува атмосферска канализација. Не е возможно сите активности да се изведуваат истовремено, додава директорот на ЈП„Нискоградба“. Темпото со кое се одвиваат сите започнати активности е според зацртаниот план. Се надевам дека до Велигден ќе се завршени сите активности.Владо Цветкоски директор на ЈП„Нискоградба“ објаснува дека активностите за ставање на атмосферска канализација...
Post Views: 1
На 1ви Јануари оваа година истече Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација според која во период од 10 години требаше да се врши усогласување на Македонското со Европското законодавство. Царинските давачки кои се плаќаа во изминативе 10 години конечно стануваат минато за нашите граѓани. Не ретко низ охридските улици се среќаваат возила со странски таблички, најчесто од Бугарија, Италија, Словенија и други земји. Истите мора да се регистрираат со ознаките на нашата земја. Овој режим на граѓаните им овозможува ослободување од високите царински давачки кои изминатава...
Post Views: 6
Фрлањето на буриња со вино во водите на Охридското езеро дел од одбележувањето на големиот христијански празник Св. Јован Крстител. Оваа традиција од година во година прераснува во врвен настан не само кај нас туку и пошироко. Триесет литарското буре кое падна во рацете на годинешниот ксметлија Иван тасески, ќе му донесе 10 000 денари, а ќе се испие за 5 минути.Евроамбасадорот Ерван Фуере и годинава дел од тајфата на скокачите по бурињата со вино. Како и секогаш неговите импресии се повеќе од позитивни.Тој верува дека Охрид со оваа манифестација е чекор понапред од...
Post Views: 0
Реакции и поделени мислења во врска со регуларноста на вчерашното фрлање на светиот крст. Во електорнското писмо кое стигна до нас, се потенцира дека посебна „заслуга“ за незадоволството има владиката Тимотеј, кој секоја година се напрега да „погоди“ некој од „подобните“. Исто така револтираниот граѓанин реагира и на организацијата на самата манифетсација од страна на здружението „Богојавление“, со зборовите дека ова здружение наместо максимално да се вложи за фер и достоинствен настан, го обезвреднува со плитки оправдувања. Но, како и секоја година и годинава мислењата...
Post Views: 4
Охрид непресушлив извор на археолошки пронајдоци. Пред извесно време ново археолошко богатство беше најдено во непосредна близина на „св. Богородица Перивлепта“.Токму на ова место при најновите археолошки ископувања откриени се околу 8 гробови. Тие се од Македонско- Хеленистичкиот период и го опфаќаат вториот и третиот век пред нашата ера. Археолошките пронајдоци се од огромно значење за нашето културно наследство вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културно наследство на Македонија.
Во непосредна близина на една од куќите, заради потребата од инфраструктурни...
Post Views: 1
Дваесет и едногодишниот Јован Делов денес беше најсреќниот Охриѓанец. Тој од водите на езерото го извади светиот крст, кој од бродот „Галеб“ го фрли владиката на Дебарско-Кичевската епархија, Тимотеј. Делов изјави дека се чувствува неверојатно и дека му посакува на секој од оние кои скокаат во водите на езерото да го доживее истото чувство. Видно возбуден Јован кажа дека седмиот обид за да го фати светиот крст, за него бил успешен.
Манифестацијата започна во 9 часот со културно – уметничка програма и незаменливата топла ракија, која бесплатно се делеше на повеќе...
Post Views: 5
Веќе пет години по ред традиционално се доделува светската награда за хуманизам. Овогодинешниот добитник Питер Брук синоќа беше прогласен во куќата на Уранија. Од страна на седумчлено интернационално жири одлучено е наградата да ја добие овој светски познат англо-француски режисер. Со своето долгогодишно работење, како на европската, така и на светската сцена, овој театарски и филмски режисер е заслужен за ова престижно признание, вели Зоран Велјаноски, секретар на Охридската Академија на хуманизмот.
Поради отсуството на Питер Брук, во негово име наградата ја прими францускиот...
Post Views: 2
Денеска е Водопост (строг пост односно пост на вода), или ден пред празникот Водокрст или Водици. Уште рано утрово свештени лица во христијанските домови осветуваат вода со која во текот на денот се прска низ куќата, дворовите и целиот имот со цел да ги избрка сите лошотии.
Познато е дека овој празник и обичаи се празнувале уште во вториот век од христијанската ера. Ден по водопос се празнува Водокрст, празник кој е поврзан со крштевањето на Исус Христос од страна на Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со...