opshtina

Извештај за стратегиска оцена

Post Views: 27 Јавен увид и расправа за извештај за стратегиска оцена. Влијанието на животната средина при изведба на планска документација е незначително, а во однос на социо економскиот аспект, истата за овој реон е позитивна. Оваа проценка доаѓа од извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина, кој денеска беше на јавен увид и расправа, во општина Охрид. Интересот на жителите на Видобишта, за каде се однесува овој извештај, беше минимален. Јасмина Момироска Трајкоска, виш соработник за животна средина при локалната самоуправа во Охрид, рече дека општината...

Continue reading

ulica-sanacija

Лифтинг за локалната патна инфраструктура

Post Views: 0 Деновиве, на иницијатива на Одделението за комунален развој и сообраќај започна асфалтирањето на дел од улиците, на кои минатата година се изведуваа градежни зафати, поради поставување канализациона и водоводна мрежа. Од ова одделение најавуваат дека ќе се обидат да го решат проблемот со улицата која ги поврзува населбите „Гоце Делчев“ и Видобишта со патниот правец Охрид-Свети Наум. Шикалески додава дека станува збор за улица на која пред десетина години е изведено поставување на водоводна мрежа, од страна на ЈП Проаква. Шикалески потенцира дека во тој период се укажувало...

Continue reading

ribari

Спортскиот риболов на колена

Post Views: 0 Спортските риболовци крајно револтирани. Се надеваа дека Владата ќе им дозволи рекреативен риболов, но нивните очекувања беа изневерени. Во моментов концесиите за риболов се истечени, а во меѓувреме мака си мачат рекреативните риболовци. Во сила е забраната за лов на риба, а спортскиот риболов ќе биде приклештен во место се додека не се доделат новите концесии. Засега очите на риболовците се вперени во Владата. „Значи таа вчера донесе одлука да се распише конкурс за доделување на концесии за реки, значи само за реки, а не за акумулациите и не за езерата. А тоа за нас...

Continue reading

tribina

Охриѓани незаинтересирани за привремени вработувања

Post Views: 6 Охриѓани слабо заинтересирани за брзи, едноставни и флексибилни вработувања. На денешната трибина во организација на агенцијата за привремено вработување „Партнер“, едвај 32 лица беа присутни, да слушнат која е можноста која им ја нуди оваа агенција. Раде Ненадиќ од агенцијата „Партнер“ компарирајќи ја оваа бројка со стапката на невработеност во градов, изненаден од слабиот одзив на невработените од оваа општина. Сивата економија на ова поле сеуште цути, вели Ненадиќ. Незаконското работење го има во многу форми и облици, а присутна е и голема злоупотреба на Законот...

Continue reading

sostanok-delikvencija

Малолетниците стануваат се поагресивни

Post Views: 4 Насилство и агресивност во училиштата се почеста појава. Токму на оваа тема денес разговараа и претставниците од СВР-Охрид и советодавната група на граѓани. За жал покрај средните училишта, од оваа негативна појава зафатени се и основните училишта. За решавање на овој сериозен проблем, потребно е вклучување на сите релевантни фактори. „Малолетничката деликвенција како асоцијална појава е феномен со кој што се соочуваме сите ние. И ние како полиција преземаме одредени превентивни и репресивни мерки во насока на сузбивање на овој вид на криминалитет и воопшто како негативно...

Continue reading

Dragan Cvetansoki

Се размрда синдикатoт

Post Views: 1 Сојузот на синдикатите на Македонија, на кој припаѓа и охридскиот, со доаѓањето на пролетта се  размрда. Она што повеќе години било пропуштено во синдикалната заштита на  работниците ќе го решаваат  пролетва. Македонските работници заедно со Србите, Црногорците и Косовците со години  работат според   незагарантирана најниска цена на трудот. Единствено Хрватите се пред нас на овој план. Од синдикатот се оптимисти дека ќе најдат решение за ова прашање иако скоро една деценија работодавачите и владата немаат слух за утврдување на висината на  најниската цена на трудот. ...

Continue reading

kuce-maska

СВР Охрид со мерки против несовесни сопственици на кучиња

Post Views: 15 Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основниот Суд во Охрид поднесе  барања за поведување прекршочна постапка против шест лица кои, своите домашни миленици односно кучиња, невнимателно и без заштитни маски ги шетале своите кучиња на јавно место. Пријавите се поднесени против Е.М.(18) С.С.(29) И.Р.(29) М.Г.(26) П.С.(24) и Д.М.(48) сите од Охрид кои во текот на минатиот месец се затекнати на различни места  на подрачјето на Општините Охрид и Дебрца. Тие ги воделе односно невнимателно и без надзор ги имале пуштено своите домашни   кучиња од расите „Пит бул,, „Доберман„...

Continue reading

rabotilnica

Религија и медиуми на заедничка маса

Post Views: 0 Религијата како комплексна тематика беше повод за денешната работилница на која медиумите и верските заедници седнаа и дебатираа на заедничка маса. Претставниците на верските заедници излегоа со слични ставови. Тие сметаат дека често во медиумите се прават грешки во известувањето и дека многу често генерално се зборува за одредени работи. „Иако мислиме дека се познаваме, ние не се познаваме. Тоа значи дека и новинарите многу работи не ги познаваат. Имаат одредени општи познавања кога ќе се навлезе во теологијата на македонската православна црква или католичката црква...

Continue reading

Sv Klimentovo ucilishte

Истекува времето за иселување

Post Views: 9 За двајцата службеници, едниот од управата за животна средина од секторот води и од државниот инспекторат за природа за територија на Охрид, се бара нова локација каде што ќе биде сместена нивната канцеларија. Како посакувана местоположба за сместување на нивните работни простории е посочена  атрактивна локација на самиот езерски брег со површина  на просторот од  40 метри квадратни.  Како трајно решение се бара долниот дел од Капетанија. Дали ќе им биде удоволено барањето ќе се знае од утрешната одлука на Владата.  На седница треба да се разгледува и да се донесе конечно...

Continue reading

zs tocak

Уште еден викенд во знак на охридските велосипедисти

Post Views: 9 Членовите на планинско-друмскиот велосипедски клуб Еко Дром го продолжуваат проектот ‘‘Да ја запознаеме нашата околина‘‘. Викендов  кој е зад нас тие го посетија селото Лин во Албанија. Воодушевени од посетата на ново откриената некропола и изненадени од автентичноста на градбите во стар стил од овој дел на крајбрежјето, за на јужната страна од полуостровот, да ги пречекаат ново изградени ресторани и хотели, како и убави широки плажи. Успешно е завршена и велосипедската тура и воедно еко патрола, од страна на клубот “З’ш Точак”. Вчерашната тура беше поделена на две...

Continue reading

nasilstvo

Која е причината за се поизразеното врсничко насилство?

Post Views: 9 За само десетина дена, неколку пресметки помеѓу врсници во основните училишта во Охрид. Причините – банални. Порака на facebook, непочитување на командите на својот соученик – лидер, кој се поистоветува со лик од сериите или последната, која се случи во ОУ Григор Прличев, кога средношколец од Гимназијата во заштита на својот помал брат, предизвика масовна тепачка. Некои родители загрижени за она што им го раскажуваат децата по поминатиот училиштен ден. Еден од нив е Александар Ѓоргиевски, дипломиран графички дизајнер, човек чија професија е тесно поврзана со она...

Continue reading

cinar -upevce

Кога би можел да зборува Чинарот

Post Views: 0 Бутурниот Чинар, како што сакаат од милост да кажат постарите охриѓани за најпознатото дрво во центарот на градот, крие многу историја за некогашното  живеење во Охрид. Повеќе вековното дрво е сведок на многу случувања, настани и личности кои   одбележале едно минато  време на  градот под Самоиловите кули. Симболот на Охрид, платановото стебло, Чинарот, со латинско име Platanus orientalis L е високо 25 метри, распонот на гранките исток -запад е 16,40 м, а на север- југ 12, 60 метри. Обемот на кореновиот систем е 26,7 метри, а обемот на градната висина на 1,30 метри...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top