Post Views: 4
Ова прашање од ден на ден се повеќе лебди во воздух. Не стивнуваат бројните укажувања на јавноста и медиумите дека градот со поставувањето на урбаната опрема за време на туристичката сезона личи на панаѓур. Ставот на општинскиот инспекторат кој го изнесе раководителот Танас Танасоски е: јасен-проблем постои, но тие прават натчовечки напори да се справат со таквата состојба во која немаат доволно овластувања. Танасоски рече дека време е да се замеша и пазарниот инспекторат и преку своите механизми да се вклучи во справувањето со проблемот со тезгаџиите во централното...
Post Views: 4
Ова прашање од ден на ден се повеќе лебди во воздух. Не стивнуваат бројните укажувања на јавноста и медиумите дека градот со поставувањето на урбаната опрема за време на туристичката сезона личи на панаѓур. Ставот на општинскиот инспекторат кој го изнесе раководителот Танас Танасоски е: јасен-проблем постои, но тие прават натчовечки напори да се справат со таквата состојба во која немаат доволно овластувања. Танасоски рече дека време е да се замеша и пазарниот инспекторат и преку своите механизми да се вклучи во справувањето со проблемот со тезгаџиите во централното...
Post Views: 2
Реакција од кабинетот на градоначалникот во врска изнесеното на денешниот прес на ОК на ВМРО- ДПМНЕ.
„ Претседателот на општинската организација на ВМРО- ДПМНЕ , Атанаско Михаилов ,на денешната прес конференција покажа дека има кукавички менталитет , а нема речиси никаков политички кредибилитет. Наместо храбро и аргументирано да се соочи со градоначалникот Петрески , тој однова ја користи можноста , првиот човек на Охрид , да го напаѓа тогаш кога е надвор од градот.
Претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ Атанаско Михаилов , нека не очекува дека градоначалникот Петрески...
Post Views: 1
Бродарите останаа без струја. Подолг период орманчето од кое тие црпеа електрична енергија е исклучено поради безбедност на шетачите. Дознаваме дека надлежните од капетанијата на пристаништата и ресорното министерство, придружувани од екипи на ЕВН, контролирајќи го пристаништето, побарале од надлежните да се превземат мерки за неизолираните кабли кои видливо биле распространети по пристаништето.
„ Од страна на инспекторите на локалната беше донесен налог да се исклучи електричната енергија. Ние како орган побаравме да се испита дали е сигурно пристаништето, а тие ја...
Post Views: 9
Градоначалникот на Охрид се сонча на плажите во Турција, а охриѓани ги остави во мрак и сивило. Ова се само дел од забелешките на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, кои денес излегоа со прес конференција за состојбите во градов. Претседателот Атанаско Михаилов рече дека се соочуваме со еден невиден хаос во општинава и покрај убедувањата на градоначалникот Александар Петрески дека оваа сезона ќе биде добро организирана. Тој додава дека очекувано е од една Локална самоуправа, чии што интерес е само урбанистичкот дивеење, да посегне и в крај да го уништи и онака слабиот туризам. Михаилов...
Post Views: 9
Засега се нереализирани двете идеи за пешачката патека покрај езерскиот брег во стариот дел на градот и партерното уредување на Сараиште. На последната седница на советот на Локалната самоуправа, советници поставија прашање до каде е постапката за да станат реалност овие две иницијативи, кои претходно добија поддршка од Локалната самоуправа. Идејата за пешачката патека е стара подолго време, а другата за Сараиште е граѓанска иницијатива од МЗ „Стар Град“ од пред две години. Градоначалникот Петрески на прашањата одговори дека се чека согласност од Упрвата за заштита...
Post Views: 0
На 19.07.2011 година, во 23,15 часот, во Охрид на ул.„Цар Самоил“ се движел моторциклист и на даден знак да застане и да покаже документи за идентификација и сообраќајна дозвола за моторциклот, истиот со висок тон се обратил кон униформиран полициски службениксо погрдни зборови.
Потоа го ставил моторциклот во погон со цел да избега од лице местото , при што со моторциклот удрил во службеното лице нанесувајќи му телесни повреди, за што му е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид.
Лицето со употреба на физичка сила било доведено во послушност и...
Post Views: 1
По повод 21-ви јули Меѓународниот ден на Националните паркови општина Охрид -Сектор за урбанизам и заштита на животната средина во соработка со НП Галичица организира еко хепенинг.
Еко хепенингот ќе се одржи на градскиот плоштад на 21-ви јули од 19 до 23 часот. Годинава овој ден ќе се одбележи со промоција на охридскиот планински чај од Галичица, при што на посетителите на штандот ќе им бидат поделени информативни флаери за правилно берење на планинскиот чај, а ќе може и да се проба вкусот на сварениот охридски планински чај.
Проектот за Прослава на денот на националните...
Post Views: 4
Утрово околу 4 часот во близина на дискотеката Парк се случил сериозен инцидент поврзан со вчерашниот фудбалски натпревар.
Шест лица од албанска националност од кои едно со американско и едно со швајцарско државјанство кои се превезувале со два автомобили, сопреле такси возило со тројца српски и еден македонски државјанин. Ги извлекле од возилото и со боксови и тврди предмети почнале да ги удираат по телото.
Според информациите на полицијата причина за нападот бил загубениот фудбалски натпревар на Шкендија.
Сите напаѓачи се приведени во полициската станица Охрид и се...
Post Views: 0
Дуќанџии, за време на летната сезона ставете клуч на своите деловни простори, бидејќи повеќе ви се исплатува да си поставите тезга. Проблмите во летната сезона се бројни, репризни и никако да се надминат. Дел од низата проблеми се и тезгаџиите.
Досега, согласно тендерска постапка дадени се дозволи за вршење на дејност на 75 тезги. Закупнината за тезгите е сосема мала и со право може да се каже дека таа дури е смешна. Точно тука лежи и сржта на проблемот, секој може да си постави тезга за мали пари а добро да профитира, велат од Општинскиот инспекторат. Празни останаа...
Post Views: 3
Охрид означен на интернет-страницата на полското претседателство. Полска со настан од високо ниво, што ќе го организира на есен во Македонија, сака да покаже дека ја поддржува земјата на патот кон ЕУ. Но, колку Македонија го користи полското претседателтво за промоција на земјата?
На 3. октомври полското претседателство со ЕУ ќе организира во Охрид министерски форум ЕУ – Западен Балкан, на кој ќе присуствуваат министрите за внатрешни работи и правда, како и претставници од Европската комисија, Советот и следната земја-претседавач со Унијата, Данска. Целта е да се усвојат...
Post Views: 2
Угостителите и гостите може да заборават на нивната омилена комбинација, филџан кафе и цигарa. Повеќе нема лабаво! Законот за заштита од пушење станува уште поригорозен. Паричните казни сега ќе се заменат со директно затворање на угостителскиот објект во кој не се почитува забраната за пушење. Фактот дека некои објекти упорно не го почитуваа законот, како да ги алармира пратениците, па така доцна синоќа Собранието експресно ги изгласа дополнувањата на Законот за заштита од пушење.
Според последните измени и дополнувања, инспекторите имаат законска дозвола, доколку при...