mal maraton

49 учесници на Малиот Илинденски Маратон

Post Views: 2 Финални подготовки за 32 по ред Илинденски маратон. Листата на пливачи е составена од 49 учесници и тоа од Македонија 12 клубови од Битола и Скопје и од Канада, Холандија Италија, Бугарија и Русија. 29 пливачи ќе се натрпеваруваат во машка и 20 во женска конкуренција. Учесниците се поделени во две групи и тоа група на учесници со наполнети 16 години кои ќе стартуваат во 10.00 часот и втора група која опфаќа 33 – ца помплади учесници од 10 до 15 години група која ќе стартува во 11.00 часот. „Можам да потврдам дека од наша страна се е подготвено за Илинденскиот маратон“,...

Continue reading

До каде е основањето УЗ?

Post Views: 2 Заменувањето на некогашните месни заедници со сегашните урбани заедници и натаму во застој. До овој момент се оформени само 4 урбани заедници, а процесот заглави во место уште во месец Декември минатата година. Кога ќе продолжи процесот на основање на урбаните заедници останува неизвесно. Оние урбани заедници кои ја имаа среќата да бидат формирани, сега веќе активно работат и нормално функционираат. Формирањето на урбаните заедници сеуште тапка во место. Откако започна процесот на замена на некогашните месни заедници со новите месни заедници изминаа повеќе од 7 месеци,...

Continue reading

Ништо од очекуваното

Post Views: 1 Состанокот на Локалната со државните инспектори, од кој јавноста очекуваше да се расправа за работното време и буката која се создава на плажите, се заврте во друга насока, кон урбаната опрема. Инспекциските служби седнаа на иста маса. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески, на денешниот состанок со државниот и општинскиот инспекторат побара заедничко делување за справување со негативните појави во градов за време на туристичката сезона. Иако јавноста денес очекуваше одговор и решавање на проблемот со бучавоста која произлегува од објектите на плажите, главен акцент...

Continue reading

Најмладата охридска публика е жедна за театар

Post Views: 8 Охридската публика е жедна за култура. Дури и најмладите охриѓани го покажаа тоа, кога во рамките на „Охридско лето“ гостуваше Театарот за деца и младинци, со претставата „Алиса во земјата на чудата“. Па така, предворјето на Света Софија, беше претесно да ја собере најмладата публика која во огромен број беше распослана до самата сцена. Повеќе од еден час тие заедно со своите родители уживаа во прекрасната изведба на актерите. Директорот на гостинскиот театар Драган Довлев најави дека нивниот театар повторно ќе гостува во Охрид со некоја од детските претстави. Довлев...

Continue reading

А што со буката од плажите?

Post Views: 0 Покрај проблемот со продолженото работно време, жителите од Стариот дел на Oхрид мака мачат и со буката која доаѓа од плажите во текот на ноќта. Многумина губат надеж и велат дека додека се изнајде решение ќе помине сезоната. Градоначалникот вели Неможе плажа да работи преку цела ноќ и прашува каде се инспекциските служби кои треба да ги затворат?“.   Во барањето кое група граѓани од урбана заедница 1 – Стар град го испратија на 26 јули до градоачалникот, советот и медиумите, покрај тоа што бараа да не се продолжува работното време на угостителските објекти, од медиумите...

Continue reading

Советниците и Локалната ги подржаа Охриѓани

Post Views: 0 Предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти помина кај градските избраници, но откако беше изменета. Ова покажува дека реакциите на медиумите изминативе денови, но и апелот и петициите на жителите од стариот дел на Охрид стигнаа на вистинска адреса. Со Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти, се продолжува работното време на угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги, за 2 часа во деновите 29 и 30 јули 2011 година заради одржувањето на Илинденската регата и 1и 2 август...

Continue reading

Охридски пиво фест, втор пат

Post Views: 1 Од вечерва па во наредниве три дена, Охрид ќе се забавува во ритамот на второто издание на Фестивалот на пивото. Сите љубители на пивото и урбаната забава ќе може да уживаат во богатата музичка понуда со Тони Зен, Сека Алексич, Парти Брејкерски, Супер Хикс и други, а сите љубители на пивото и урбаната забава, овој мега-ивент ќе може да го проследат бесплатно. Второ издание на Охридскиот „Пиво фест“. Веќе традиционално, по втор пат „Герила Маркет“ од 28-31 јули на локацијата Биљанини извори ќе го организира „Пиво фест“ каде на повеќе од 8000м2 организаторите очекуваат...

Continue reading

Европска вечер на Охриско лето

Post Views: 5 Европската вечер започнува со изложбата на 34 дела на 12 познати полски карикатуристи, а ќе продолжи со звуците на виолината и пијаното во предворјето на црквата Св. Софија. За утревечер е најавено гостувањето на веќе домашниот Сфумато театар од Бугарија. Во рамките на вечерашната програма на фестивалот Охридско лето посетителите ќе дојдат во допир со полската уметност, во делот посветен на Европската унија, а едноставно наречен „Вечер на Европа“. Традиционално, во овој дел се претставуваат уметниците од земјата претседавач со Европската унија. Вечерта започнува со изложбата...

Continue reading

Бродот амбуланта конечно заплови

Post Views: 3 Секоја секунда е важна кога е во прашање спасување на човечкиот живот. Петгодишните напори на О.О На Црвениот Крст од Охрид конечно вродија со плод, па така за прв пат во водите на Охридското езеро, почна да оперира брод-амбуланта. Сашо Точко, претседателот на О.О. на Црвениот Крст кажа дека ова пловило е прво од ваков вид на Охридското езеро и на останатите водени површини во РМ, кое треба да биде поттик до сите институции да вложуваат понатака во овој сегмент зошто ништо повредно нема од човечкиот живот. Но сепак станува збор за привремено решение на долгорочен проблем. „...

Continue reading

Кој кому мачка очи?

Post Views: 0 На 36-тата седница на Советот на општина Охрид закажана за утре, советниците треба да се изјаснат за Предлог-одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти. Во образложената Предлог-одлука за продолжено работно време, јасно е прецизирано во кои денови би се работело со продолжено работно време. Имено, од 150-тина дена до крајот на годинава, од Локалната предлагаат 76 дена да се работи со продолжено работно време, при тоа не образложувајќи по кој принцип се избрани деновите кога угостителските работници би работеле подолго од нормалното. Само...

Continue reading

Да се продолжи или не?

Post Views: 81 Продолжувањето на работното време на угостителските објекти редовно предизвикува сериозни реакции, кои се најизразени од страна на жителите на стариот дел на градот. Иако оваа летна туристичка сезона започна без најава за ваква промена и сите мислеа дека барем ова лето ќе помине без продолжено работно време на угостителските објекти, Градоначалникот Петрески реши уште некој час плус да ги држи жителите на Охрид будни во ситните саати. Дали неговиот предлог ќе добие зелено светло или не, ќе видиме на 37-та седница на Советот на општина Охрид, закажана за во четврток....

Continue reading

Одделение за заловување на животни

Post Views: 6 На повидок решение на проблемот со животните скитници. Во рамките на Јп „Охридски Комуналец“ формирано Одделение за заловување на животни. Сашо Алче директорот на ЈП, вели дека првично идејата била да се формира привремен меѓуопштински центар кој би бил лоциран во старата ветеринарна станица во Општина Дебрца, кај селото Белчишта, а во чие формирање би учествувале општините Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани. На оваа локација со многу малку зафати би се создале услови како што предвидува Законот за заштита и благосостојба на животните. Во овој центар заловените животни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top