Post Views: 10
Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид ги поканува своите членови, други заинтересирани колеги и граѓани, да учествуваат во првиот ИПА рекреативно-кондиционо пешачење (планинско-рекреативна тура) на релација Спортски центар „Билјанини извори“ Охрид до населбата Велестово.
Како што информира претседателот на ИПА регион Охрид, Стефан Димоски, оваа активност што ќе се реализира на 20.11.2021 година (сабота), е во соработка со Планинско спасителната служба при Црвениот Крст Охрид (ПСС), а предвидено е да се спроведе според следната агенда:
* 09 часот,...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (11/12.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 319 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Post Views: 8
Учителка од едно основно училиште е суспендирана од работа поради тоа што им ги залепила устите на 10-годишните ученици во своето одделение, бидејќи биле прегласни.
Присила Даво Ортега (27), учителка од Сомерсет им ги залепила устите со селотејп дури на дваесет ученици на часот по уметност. Родителите тврдат дека некои од децата дури не можеле и да дишат од лентата селотејп па ја тргале од устата но учителката повторно ја лепела.
На некои од децата устите им прокрвариле кога лентите селотејп ги тргале од устата, а некои од нив изјавиле дека им било страв да се вратат...
Post Views: 4
Тричлена делегација на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам денеска заминува во Катар каде ќе учествува на пленарното заседание на EGMONT.
На заседанието на EGMONT (тело што ги обединува единиците за финансиско разузнавање од целиот свет) во Доха, македонската делегација ќе ја предводи директорот на Управата за спречување на перење пари, Ване Цветанов.
Од Управата најавуваат дека на заседанието на EGMONT ќе биде поставен на дневен ред проблемот со одбивањето на Грција да соработува со Македонија на полето на борбата против перењето на пари.
„Грција...
Post Views: 9
Турција е подготвена за престојната туристичка сезона при што над 9.800 бизниси добија Сертификат за безбеден туризам кој беше лансиран во јуни 2020 година и кој имаше за цел да потврди дека сите места со кои стапуваат во контакт туристите вклучувајќи ги аеродромите, сместувачките капацитети, рестораните, кафулињата, културните, уметничките и конгресните објекти, објектите за морски туризам и возилата како и тематските паркови се безбедни, соопшти турската амбасада во Скопје.
Почнувајќи од 2021 година, Турција го направи овој сертификат задолжителен за сите сместувачки...
Post Views: 1
Состојбата на сите критични локации во Општина Охрид, каде што постои опасност од излевање на вода е стабилна . И покрај обилните врнежи од дожд кои во текот на изминатите денови го зафатија Охридскиот регион, нивото на реките и каналите засега е нормално и до сега не е детектиран ниту еден проблем со излевање на вода од канализациониот систем.
Eкипите на Јавните претпријатија направија увид на сите критични места и интервенирано е само на еден потег на улица „Железничка“, каде што дел од куќите се на пониско ниво и самото тоа придонесува за поплавување на одредени ...
Post Views: 14
Поројните дождови и поплавите во локалитетот на Помпеја,во јужна Италија, предизвикаа тешки оштетувања на повеќе објекти во овој некогашен антички град, што целосно беше уништен, по катастрофалната ерупција на вулканот Везув.
Екипи од археолози кои ги испитуваат последиците од лошото време,утврдија дека се оштетени низа потпорни ѕидови во локалитетот,како и структурата на неколку антички храмови,меѓу кои и на храмот на римската божицата Венера. Италијанската влада по тој повод одлучи да додели интервентни два милиони евра, за првите и најитни санации и интервенции во...
Post Views: 1
ЕЛЕМ достави уште неколку тужби против ЕВН Македонија со кои бара наплата на 20 милиони евра од Австријците по повеќе основи.
Како што најави директорот на Електрани на Македонија, Влатко Чингоски, ЕВН треба да врати 10 милиони евра за увозот на струја и уште толку за преземена, а неплатена енергија до април годинава.
– ЕВН не ги почитува институциите и граѓаните на Македонија и тоа го покажува секојдневно. Компанијата на ЕЛЕМ заклучно со април годинава му должи 640 милиони денари и не сака да потпише договор врз основа на кој ќе може да се наплати преземената...
Post Views: 1
Се излеа дел од коритото на Велгошка река. Поплавене локалниот пат покрај неуреденото корито на каналот. Водата им стигна пред дворовите на околните куќи . Жителите стравуваат, доколку продолжи дождливото време ќе им ги поплави и куќите и нивите.
Причнина за излевањето е неисчистеното корито обраснато со треви, трње и отпад. Жителите направија импровизирана преграда за да ја пренасочат водата.
„Ова е селски пат. Има три функции, служи за поминување на селаните, има канализација, овде има шахти. Поголема вода и еве прелива наваму ни дојде и морав да го направам тоа времено...
Post Views: 2
Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 19 март 2020 година, го разгледа и го усвои Записникот од Четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 19 март 2020 година.
Истовремено, согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, ги усвои следниве заклучоци:
1. Се забранува пристап на лица и возила во Парк шума „Водно“, секој ден, во период од 18:00 часот до 6:00 часот наредниот ден.
За оваа цел, се задолжува Министерството...
Post Views: 1
Француското министерство за сообраќај планира сака да го поттикне користењето велосипед, посебно за оние кои одат на работа, а се планира и субвенционирање на истото.
Министерот за сообраќај на Франција Фредерик Куливие денес треба да го најави започнувањето на експерименталната фаза со неколку претпријатија за поддршка на вработените кои доаѓаат на работа со велосипед.
Девизата„метро, работа, кревет“ наскоро ќе биде заменета со „велосипед, работа кревет“, со оглед на тоа дека Куливие ќе го изнесе националниот план кој го фаворизира возењето велосипед, особено од дома...
Post Views: 8
Македонска делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе престојува во официјална посета на Италија и Ватикан.
Претседателот Иванов во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ денеска претпладне ќе биде примен од папата Бенедикт XVI. Иванов попладне ќе оствари средба со претседателот на италијанскиот парламент, Џанфранко Фини.
Според најавите, в недела ќе се одржи чествување на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим.
{loadposition content9}