gun

Србин-убиец фатен во Охрид после 10 години во бегство

Post Views: 21 Србин кој 10 години е во бегство, а се барал поради убиство и претепување во Србија бил уапсен во Охрид.  На 37-годишниот Владимир Јорга од Панчево му се заканува затворска казна од 20 години. Јорга во Србија се бара за убиство над Г.Г. кое го извршил во 2002 година, како и за нанесување на тешки телесни повреди врз малолетникот А.Љ. Од српското министерство за внатрешни работи за српските медиуми велат дека тој бил уапсен вчера попладне во Охрид во заедничка акција на македонската и српската полиција а во земјава влегол со босанска патна исправа. По завршувањето на...

Continue reading

sednica sovet

Фалат средства од општинскиот буџет

Post Views: 2 Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ укажува за низа пропусти во врска со трошењето на средствата од минатогодишниот буџет. Тоа не влијаеше врз ставот на останатите советници за да ја изгласаат точката, Предлог Одлука  за усвојување на Извештајот за остварените приходи и извршените трошоци на  буџетот и завршната сметка на буџетот  Општина Охрид  за 2011 година. Советникот Паноски рече дека има недостаток на капитални инвестиции и во никој случај интервенциите за зафати од комуналната сфера неможат да се препишат како капитални проекти. Тој побара отчет од Локалната за...

Continue reading

sovetnici

Mаратонско издание на седницата на совет

Post Views: 9 Дискусија во недоглед. Иако најавувана како интересна, 45-та седница на Советот на општина Охрид запна пред да почне. Првата точка со која беше збогатен дневниот ред, а се однесуваше на Разгледување на влијанието на зголемувањето на цените на енергенсите врз работењето на образовните институции и Јавните претпријатија од градов, беше точката која предизвика дискусија од речиси два часа. Предлагачот на оваа точка, Градоначалникот Александар Петрески истакна дека проектираните цени на горивото со кои започна школската година иако многу пониски од овие нови цени, не можеле...

Continue reading

semejstvo ibraimovski

Родителите разочарани од проектот „Бејби бум“

Post Views: 8 Без паричен надомест за четвртото дете остана Фатмире Ибраимоска, за малата Мевлана од Охрид. Таа, година и седум месеци тропа од врата на врата по институциите, барајќи ги своите права за користење на надоместок за четврто дете. Но, до ден денес ништо од тоа. Ибраимоска вели дека ги исполнува условите за паричен надомест кој и следува за нејзината ќерка, но таа е крајно разочарана од односот на луѓето од надлежните институции кои треба да и го овозможат тоа право. „Уште од првиот ден одам по институции да го барам правото на моето дете кое му се следува. Одам кај Лилјана...

Continue reading

hristo uzunov

Новите директори се навистина нови

Post Views: 2  Весна Терзиоска, педагог во основните училишта во Велгошти и Лескоец, по се изгледа ќе биде новиот директор во Основното училиште „Христо Узунов“. Таа е една од двете кандидатки кои имаат конкурирано за ова престижно место. Втората кандидатка е Дијана Јулоска, педагог во Основното училиште во Белчишта, Општина Дебрца. Иако на големо се зборуваше дека поранешните директори на основните училишта „Христо Узунов“ и „Григор Прличев“  дадоа оставки на само два месеци од истекувањето на нивниот втор мандат со цел истите повторно да бидат поставени на челната позиција на овие...

Continue reading

Tose Cocoroski

Нова категоризација на хотелските капацитети

Post Views: 7 Министерството за економија подготвува нов, построг Правилник за категоризација на угостителските објекти и хотелите. Отсега за еден хотел да се стекне со четири ѕвездички, неопходно е да има базен, а за пет хотелот задолжително треба да има базен, фитнес и спа-центар. Новиот правилник предвидува и зголемена квадратура на собите, и тоа 14 метри квадратни за еднокреветна соба за хотел со пет и 12 метри квадратни за соба за хотел со четири ѕвездички. Овие измени нити ги изнанадија, нити разочараа охридските хотелиери. Манаџерот на хотелот Силекс, Тоше Чочороски вели дека...

Continue reading

sednica sovet

Врзете ги појасите, не чека интересна седница на Совет

Post Views: 1 Годишните сметки на јавните претпријатија под лупата на советниците. Утрешната четириесет и петта седница воглавно ќе мине во знакот на финансиите. Дваесет и пет точки се најдоа на дневниот ред за утрешната седница на Советот на општина Охрид. Ќе се расправа околу годишните сметки и финансиските извештаи на охридските основни и средни училишта, кои по навика знаат брзо да бидат усвоени. Она што привлекува особено внимание, се годишните сметки и финансиските извештаи на охридските јавни претпријатија и тоа „Охридски Комуналец“, „Градски пазар“, „Погребални услуги“, „Градски...

Continue reading

Димче Шапкарески

Велгоштани на протест

Post Views: 9 Недовршената канализациона мрежа и неасфалтираните сокачиња причина за протести во Велгошти. Иако не во голем број жителите од ова село проговорија за проблемите со кои се соочуваат.„Пред две години започнавме со изградбата на канализационата мрежа во Велгошти. Не се завршени уште споредните патчиња. На неколку пати имаме барано од локалната самоуправа да се изврши санирање на истите, но досега немаме никаков одговор. Жителите се револтирани затоа што ние сме блиску до градот и во 21 век не доликува да газиме по вакви улици и да ги кршиме автомобилите“, вели претседателот...

Continue reading

ivana

Охриѓани совесни плаќачи на данок на имот

Post Views: 1 Охрид, на трето место по наплата на данок на имот  веднаш  по општините Центар и Битола. Во општинската каса има зголемен приход од данокот на имот. Минатата година, од охриѓани и граѓаните кои имаат имот во Охрид, биле инкасирани во Локалната самоуправа 49 милиони денари. На контото завршиле 5 милиони денари повеќе од планираните 44 милиони денари вели раководителот на одделението за даноци, Иван Бандилова Несторовска. За само 5 години, од кога ова одделение ја презело обврската за наплата на данокот на имот од УЈП, приходот по овој основ се зголемил за 3 пати. Во ...

Continue reading

turnir

Велигденски турнир мал фудбал 2012

Post Views: 0 „Велигденскиот турнир во мал фудбал“ од година во година полека но сигурно, прераснува во регионален. Организатор на неговото овогодинешно четврто издание е Јавното претпријатие „Биљанини извори“, а генерален покровител е Локалната самоуправа од Охрид. Директорот на ова претпријатие, Боро Шајн за оваа година најавува вистински спектакл. „Сакам да напоменам дека овој турнир сакаме да го подигнеме на уште повиско ниво, односно сакаме на овој охридски терен да организираме турнир кој ќе биде истовремено и спектакл. Да победи најдобриот, очекуваме да се појават екипи не...

Continue reading

Jeliz Karaman Beshir profesor

Младите охриѓани ќе го фалат Охрид пред туристите

Post Views: 25 Како младите охриѓани го доживуваат својот град? Ова е прашање на кое за многу брзо ќе добиете одговор, и тоа не било каков. Учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ се фатиле во костец со науките за туризмот, културното наследство, историјата, биологијата. Преку нив ќе се обидат да стигнат до суштината на огромното охридско културно наследство, но што е уште поважно, тоа ќе го стават и во употреба. Заедно со своите ментори се пријавиле за проектот на УНЕСКО „Светското наследство во рацете на младите“. Ова се нивните активности и причините зошто...

Continue reading

logo

„Нискоградба“ остана со кратки ракави

Post Views: 1 Одржувањето на дел од водоснабдителниот систем Од ЈП „Нискоградба Охрид“ преминува во МЈП „Проаква“. Официјално ова треба да биде потврдено е на Седницата на Општина Охрид која ќе се одржи во четврток. Ова се јавило како потреба по направените сондажи во двете претпријатија. Раководителот на РЕ „Водовод, канализација и колектор, Струга“, Ваит Ајро вели дека се докажало дека пред две години се направила голема грешка кога се одлучило со дел од водоснабдителниот систем во Охрид да стопанисува „Нискоградаба“. „Јас лично бев против да се превземат одредени услуги од МЈП...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top