ванчо

Охридските сувенири и понатака ќе доаѓаат од Кина

Post Views: 0  Пропадна барањето на СОУ „Ванчо Питошески“ во рамките на нивното училиште да се отвори паралелка за дизајн на керамика. Министерството за образование и наука не даде зелено светло во Охрид да се едуцира ваков профил кој би значел развивање на занатчиството и збогатување на сувенирската понуда во градот. Оваа можност беше големо очекување на директорот на „Ванчо Питошески“, Секула Баткоски дека ќе се збогати понудата на училиштето за едукација на нови стручни профили. Барањето на училиштето доби поддршка и од Регионалната занетчиска комора. Претседателот на занатечиите,...

Continue reading

mitrevi

Кој да ја слушне маката на Митреви?

Post Views: 6 Импровизирана колиба во месноста Велгошти на патот кој води кон селото Рамне е новиот дом на семејството Митреви. ТВМ две години во континуитет ја следи нивната животна приказна, каде се јавија многу јунаци за помош, но од тоа останаа само празните ветувања. Она што сеуште го држи ова семејство, кое живее во голема беда и сиромаштија, без елементарни услови за живот, е надежта. Аце Митрев вели дека подготвен е да оди дури до претседателот на РМ Горѓе Иванов и да му каже за неговата мака, бидејќи надлежните од Охрид досега не мрднале со малиот прст.„Градоначалникот ми...

Continue reading

plaza

Нема плажа без гњаважа

Post Views: 0 Концесионерите на охридските плажи изиграни. Најголемиот дел од нив велат дека Министерството за транспорт и врски не игра фер плеј. Условите кои ги наметна овојпат за давање на плажите под концесија ги натера да направат радикален чекор. Поголемиот дел од концесионерите на охридските плажи нема да аплицираат за повторно да добијат право да стопанисуваат со нив. Тие велат дека да можат би го вратиле времето назад и воопшто не би се впуштиле во оваа неисплатлива авантура. Поранешните концесионери објаснуваат дека само мал дел од нив заработиле од плажите, повеќето се...

Continue reading

medicinska sestra

Охриѓани си го чуваат здравјето

Post Views: 48 Како некој Марфиев закон, се чини најмногу си го сакаме здравјето кога ќе го изгубиме. Охриѓани за среќа добро си го чуваат. Оној бурен, современ живот кој се практикува изминативе години, си го зема данокот, а ни носи некои нови болести. Тажната тенденција на се повеќе млади кои заболуваат од условно „болести на постарата генерација“ се чини е доволно предупредување за охриѓани. Тие се почесто се одлучуваат за вршење на редовни здравствени прегледи. „Да, често. Но треба поредовно да се прават прегледи.“ „Превентивни прегледи не вршиме, а кога имаме мака трчаме. Треба...

Continue reading

kucinja skitnici

Стерилизација, а не убивање на кучињата бездомници

Post Views: 29 Велат дека најдобар пријател на човекот е кучето, но за жал, се помалку, човекот е најдобар пријател на кучето. Несовесни сопственици наместо да се грижат за својот миленик го пуштаат на улица каде го демнат бројни опасности. Претставниците од здружението за заштита на животните, Анима Мунди, токму овде ги лоцираат основните причини зошто има неконтролирана бројност на бездомни кучиња низ улиците. Покрај несовесните сопственици, уште и достапните извори на отпад, непрактикувањето на законската регулатива и непостоењето на системска стратегија скоро подеднакво придонесуваат...

Continue reading

jajca

Велигденските јајца солени

Post Views: 5 Охриѓани за еден шаблон јајца  од својот буџет треба да издвојат од 230 до 280 ден. Се стравува дека како што наближува Велигден цената ќе се искачи и до 300 ден. Граѓаните се видно изреволтирани поради превисоките цени на јајцата во очи празникот. Продавачите на јајца велат дека има реални причини зошто цените се повисоки од лани. Регионт на Балканот го потресува таканаречена кајгана криза.Тоа е поради екстремно ниските температури кои ги имавме оваа зима и поради ригорозните прописи во ЕУ кои забрануваат одгледување на кокошки-несилки во жичени кафези, бидејќи тоа...

Continue reading

magnus

Пензионерите ќе добијат сместувалиште

Post Views: 0 Пензионерите од Охрид па и пошироко ќе добијат Дом за стари лица. Иницијативата на пензионерите како и нивната четиригодишната битка да се обезбеди престој за старите лица, по се изгледа резултира со позитивен епилог. Портпаролот на Здружението на Пензионери на Охрид и Дебрца Крсте Спасески, вели дека надминати се сите проблеми околу имотно правната состојба за местото каде треба да никне овој објект и во најскоро време очекуваат да се удри камен темелник на Домот за стари лица.„Сега со влегувањето на Локалната самоуправа во втората фаза на децентреализација од нова...

Continue reading

programa_urbana

Нова програма за урбана опрема

Post Views: 1 Репер за успешноста на туристичката сезона, по некое непишано правило, треба да ни бидат велигденските празници. Но на само една недела од прославувањето на овој голем празник нема ред во узурпацијата на јавната површина во центарот на градот. Локалната самоуправа со нова програма за поставување на урбана опрема ќе се бори против самоволието на одредени граѓани. Програмата изготвена од секторот за урбанизам чека согласнот од заводот за заштита на спомениците на културата. Првиот човек на завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска признава дека програмата е кај нив и дека...

Continue reading

zelencuk

Здравиот живот чини многу пари

Post Views: 0 „Живејте здраво“, „хранете се здраво“, „бидете физички активни“, „живејте квалитетно“, ова се само некои од максимите кои се однесуваат на претстојниот светски ден на здравјето. Но се поставува прашањето, КАКО? Здравјето не е само добар здравствен систем. За здрав живот потребна е здрава храна, вода, здрави животни навики, потребен е чист воздух. Но, почитувани, да не се лажеме, се тоа чини пари и тоа многу пари. Доколку би се одлучил здраво да живеам, за почеток како македонец ќе ми треба ориз и многу леб, ама само интегрален, демек тој е здрав. Потоа ќе ми треба доста...

Continue reading

otec Olivet tantusev

Католиците се подготвуваат за Велигден

Post Views: 6 Католиците се подготвуваат за прославување на еден од најголемите празници  – Велигден. Денеска е Велики Четврток, ден кога се бојадисуваат јајца и кога се одбележува последната вечера на Исус Христос со своите апостоли. Следува Велики Петок, денот кога Исус Христос страдаше за нас и беше распнат на Крстот, за потоа да следи Врвот на Велигденските случувања – Воскресението Христово. Отец Оливер Тантушев за ТВ М направи една паралела за прославувањето на Велигден во Католичка и Православна црква. Тој вели дека не се работи за две различини вери, туку се работи...

Continue reading

dragana bocevska

Култура на високи потпетици

Post Views: 16 Драгана Боцеска уште четири години ќе директорува со Националната установа Центар за култура Григор Прличев. Вака одлучила министерката за култура откако ги разгледала апликациите и на двајцата останати кандидати кои го посакувале ова престижно директорско место. Канчевска-Милеска по втор пат и дава доверба на Боцеска. Ова е првата година од нејзиниот втор мандат. Боцеска кажува дека продолжува да работи со полна пареа објаснувајќи дека на повидок е реализација на голем број проекти. Министерството за култура од својот буџет издвоило околу 4 мил денари за проекти од...

Continue reading

logo

Наскоро „Охрид ОПЕН 2012“

Post Views: 2 За прв пат во Македонија и Охрид меѓународен отворен Taekwon-Do ITF турнир „Охрид ОПЕН 2012“. Турнирот оваа година ќе го доживее своето прво издание, а се одржува по највисоки светски стандарди. Исто така овој турнир ќе биде дел од светскиот годишен календар на Интернациналната Taekwon-Do Федерација. Ова е особен успех за македонската Taekwon-Do Федерација, а целта е само една, објаснува Саша Попоски првиот човек на федерацијата. „Работиме, да дојдат квалитетни натпреварувачи, затоа што во интерес ни е теквондото во Македонија да го издигнеме на едно високо ниво“ вели...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top