Bekdor bend

Хард рок првомајски викенд во Охрид

Post Views: 0 „Бекдор бенд“, охриѓани и туристите ги почестија со своите рок изведби, но на еден малку поинаков начин, на камион, во движење. Тапанарот на бендот, Ози, вели дека идејата за овој нивен музички потфат е малку постара, но дека сега се створиле услови истата да се спроведе. „ Прв пат во нашиов град се случува ова, можеби ни во Македонија не е направено вака на камионче, подвижна рок свирка“ кажува Ози. Ози вели дека го одбрале празникот намерно, со цел да придонесат за збогатување на културните содржини во нашиов град. Инаку Бекдор брои четири членови, покрај тапанарот...

Continue reading

filip

Признаени во светот, но неподдржани од државата

Post Views: 4 Филип Гавриловски е млад виртуоз на хармоника. Тој е еден од ретките во Македонија кој е наградуван со многу меѓународни признанија за неговото свирење на овој тежок и сложен музички инструмент. Филип свири од својата деветта година. Своите почетоци ги направил во нижото музичко училиште „Методиј Патчев“ под менторство на наставникот Наумче Џуклевски. Филип вели дека многу ја сака хармониката и доколку не се отворел ваков отсек во ова училиште можеби немало воопшто да се запиши на некој друг инструмент. Тој секој ден вежба најмалку по три часа класични дела компонирани...

Continue reading

gragjani prosetka

Што празник беше денес?

Post Views: 3 Пролетери од целиот свет обединете се!!! Вака гласи најпознатиот слоган на Карл Маркс, но не верувам дека  мислел на првомајските скари и прослави, а ако мислел на тоа, богами буквално сме го сфатиле. Но еве не сега, 20 години после осамостојувањето на државава, живееме во еден друг систем, со други вредности. А од прославите се помалку останува. Не толку како Ден на трудот, туку повеќе како Ден за оддишка на обичниот граѓанин, ден за бегство во високите планини и шуми каде не допираат секојдневните проблеми. 1Ви Мај се повеќе го губи и ова значење, и станува урбанизирана...

Continue reading

знак

За мирна старост поголема полициска заштита

Post Views: 1 Поголема полициска заштита за спокојна старост сакаат пензионерите од Дебрца. Пензионерите од руралните средини, покрај немањето на амбуланти и аптеки, се почесто се жалат дека се жртви на кражби и на семејно насилство. За да се чујаат потребите и проблемите на пензионерите Здруженито на пензионери од Охрид и Дебрца практикува директни средби со членовите во 30 -те месни ограноци, нагласува претседетелот Ѓорги Трпчески. Се почесто пензионерите отворено ги кажуваат своите маки на овие средби. Тие не се чувствуваат безбедни затоа што нема полициска станица во Дебрца и...

Continue reading

vmro-dpmne

ВМРО- ДПМНЕ и бројните проекти

Post Views: 9 Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ, активен партнер во зачувување и унапредување на правата на работниците. Денес честитајќи го меѓународниот ден на трудот, жените од владеачката гарнитура се пофалија со нивните заложби во работењето како и за постигнатите резултати во социјалната сфера и унапредување на правата на жената. „Наша идеолошка и програмска цел е да останеме активен партнер  во борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Тоа го правиме чесно искрено и посветено. Од нас нема да слушнете нереални ветувања, како она на опозицијата дека ќе вработат...

Continue reading

angliska literatura

Англиско катче во ОУ Братство Единство

Post Views: 0 Основното училиште Братство Единство доби Англиско катче.  Тоа официцијално започна со работа денеска, а истото е наменето за учениците од матичното училиште, но и за дечињата од останатите училишта во  Охрид. Учениците веќе го посетиле и се радуваат што токму таму многу повеќе ќе го научат англискиот јазик. Англиското катче е замислено како центар  или библиотека која учениците би ја користеле помеѓу часовите, но и како училница за време на часовите. Наменета е за сите основци кои имаат желба да читаат англиска литература. „Проектот го работевме долго време. Идејата...

Continue reading

pat galicica

Среде пролет, македонските патишта завеани во снег

Post Views: 0 Регионалниот пат „R 504“ преку планината Галичица, кој според минатогодишните најави на работната единица на „Македонија пат“ после долги години требаше да се одржува и во зима, и во средина на пролетта  сеуште непрооден. Во тоа можеа да се уверат и големиот број домашни и странски туристи, кои за време на овој празничен викенд, водени од желбата да уживаат во убавините на Галичица или на двете Езерата, наидоа само на фрустрација. До нашата редакција пристигнаа фотографии и реакции од еден наш сограѓанин, револтиран од како што вели тој несериозниот пристап кон патиштата...

Continue reading

врте

Бесни деца искршени реквизити

Post Views: 10 Детските игралишта, кои денес се замена за некогашните маалски лединки,се места каде што градските деца минуваат дел од времето во игра. Но, се почесто, овие игралишта безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, и сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме. Родителите кои ги носат децата на игралиштата го осудуваат унуштувачкиот однос и веруваат дека тоа го прават тинејџерите кои на тој начин ги лечат младешките фрустрации. Реквизитите во детските игралишта најчесто страдаат во вечерните...

Continue reading

Kristijan Sapkar

Oдлoжено судското рочиште за глисерската несреќа

Post Views: 17 Уште едно одлагање на главниот претрес од судското рочиште за глисерската несреќа во која пред речиси три години животот го загуби Ирина Романова Муцунски. На денешниот претрес, во судницата не се појави бранителот на оштетените, адвокатот Татјана Поповски.Таа заедно со јавниот обвинител Наум Паноски, на последниот претрес побараа ново вештачење, со кое треба точно да се утврди кога Кристијан Шапкар консумирал алкохол, дали пред или после несреќата. Паноски тогаш потенцира дека истото треба да биде спроведено од страна на  Инситутот за судска медицина при Медицинскиот...

Continue reading

decinja kralica

Портокалово, портокалово и пак портокалово

Post Views: 3 Познато сценарио, познати актери. Насмеани, ведри, облечени во карактеристичната портокалова боја, холандските туристи денес имаа можност далеку од дома да го прослават денот на холандската кралица. Плажата Куба Либре и овој пат беше домаќин и организатор на најважниот празник во холандската култура. На прославата беше присутна и првата дама на холандската дипломатија во Македонија, Мариет Шурман. „Не ми е прв пат тука во Охрид, но точно ова ми е прв пат да сум во Охрид за денот на кралицата. И денес е денот Д, 30 Април па ние го прославуваме нашиот национален празник...

Continue reading

skara

Првомајската скара може да ве чини плус 50 евра

Post Views: 10 Меѓународниот ден на трудот – Први мај се наближува. Се кројат планови кој каде ќе оди и каква скара ќе направи. Оваа традиција е многу убава, но може и скапо да ве чини. Од општинскиот инспекторат апелираат да се зачува комуналниот ред на излетничките места и граѓаните да ги почитуваат воспоставените забрани за палење на оган и приготвување на скара на отворените површини. Доколку не го сторат тоа можат да заработат казна од 50 евра. Минатата година за првомајските празници биле напишани 50-тина казни само по основ палење оган на недозволено место. Охриѓани и...

Continue reading

gevrek

Ниту турски, ниту грчки, туку oхридски варен ѓеврек

Post Views: 10 Веројатно сте запознаени со најновите несогласувања помеѓу Грција и Турција околу тоа каде е татковината на ѓеврекот. И додека Грција тврди дека кулурито како што тие го викаат потекнува од византиски период, турците тврдат дека нивниот симит е она вистинското. Оваа навидум бесмислена препирка не заинтересира и нас па надевајќи се дека ќе ни помогнат во оваа дилема, решивме да ги запрашаме нашите граѓани кој ѓеврек нив им е најпознат. Еве што ни одговорија. „За мене само охридскиот, варениот ѓеврек.“„Јас варениот го сакам.“„Па во Охрид сум, ќе речам охридскиот варен...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top