Post Views: 8
Двојно повеќе шалтери во Катастар , за барем се надеваме, двојно побрза работа. Охридското подрачно одделение за катастар на недвижности денес ги промовираше новите работни простории. Покрај трите стари, сега и три нови шалтери во Катастар. Со пуштањето на реновираните простории во употреба, подрачното одделение во Охрид добива една репрезентативна шалтерска сала-вели портпаролот на Агенцијата за катастар на недвижности, Валентина Христова-Стефановска.
Заедно со новите шалтери, во Охрид започна со работа и електронскиот катастар кој треба да ја олесни работата и на вработените,...
Post Views: 2
Со положување на цвеќе пред неговата биста, кон одбележувањето се приклучи и општинската организација на Црвениот крст од Охрид. Инаку мотото на Црвениот крст на Македонија годинава е „Младите се на потег“ па во тој дух како дел од денешните свечености, Охридскиот црвен крст организираше и отворен, Инфо-ден наменет за најмладите, децата од охридските градинки.
„Активностите кои што денеска ги спроведовме со најмладите беа токму подготвени за нивно ниво, значи тоа беше интересна приказна тие беа многу љубопитни, поставуваа многу прашања, беа воодушевени од потегот на...
Post Views: 0
Обично не ни помислуваме на нив во остатокот од годината, но штом се приближи летото е дури тогаш јавните градски чешми стануваат поинтересни. Со порастот на температурите, жедта настапува многу побрзо, па се што сакате е само да се напиете од ладната течност која живот значи. Ама каде? Можеби ќе ја побарате најблиската јавна чешма. Кога ќе стигнете таму, што гледате? Редица луѓе од тука па до Струга. Ете ваквите сцени не натераа да се запрашаме дали имаме доволно јавни чешми низ градов. Еве што Охриѓани мислат за тоа.
„Многу бедно, многу малку чешми. Овој народ па и...
Post Views: 7
Задолжителна регистрација на пловени објекти. Тоа деновиве се регулира во капетанија. Во евиденцијата на Охридска капетанија пријавени се над илјада пловни средства кои имаат механички двигател, а регистрацијата во зависност од категоријате се движи од 250 до 2 750 денари. За тоа која е постапката за да може пловното средство да се пушти во вода, кажа Капетанот на Охридската капетанија, Љупчо Настоски.„Прво и основно е да има доказ за сопственост на пловниот објект, а тоа се, фактура, царинска декларација доколку е самоградба изјава за самоградба. Наредна фаза е технички...
Post Views: 2
Првиот човек на заводот за заштита на спомениците на културата Тања Паскали Бунташеска вели дека програмата е добра и дека заводот нема забебелешки по однос на истата. „По она што е нацртано сметаме дека е во ред и дека се е вклопено според законот на Охрид. Го нема панаѓурот специфицен за минатите години. Се што е планирано е нормално и изводливо доколку се спроведе како што е зацртано нема да има никаков проблем“, вели директорот на завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска.
Според програмата Фрижидери за сладолед е предвидено да се постават строго по приобалниот...
Post Views: 4
УНЕСКО ќе го штити Охридско – преспански регион. Интенција на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро е овој регион да биде прогласен за биосферен резерват за што се залага нашата држава, Р. Албанија, а позитивно се изјасни и Р. Грција. Во проектот ќе учествуваат и општините кои се наоѓаат во овој регион. На ваков начин природното и културното богатство на регионов институционално ќе се заштити.
Дејан Пановски претставник во Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро од Македонија вели дека со прогласувањето на биосферен резерват Охрид...
Post Views: 4
Силна организација и координација на сите фактори вклучени во развојот на туризмот, е една од целите на кои интензивно ќе работи Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, се со цел да се надминат проблемите со кои се соочува оваа стопанска гранка, ова неодамна го истакна нејзиниот директор, Јордан Трајков.
„Значи има конкретни проблеми проблеми меѓу хотелиерите, туристичките агенции и водичите и дека е потребен фер однос од сите инволвирани, се со цел колку е можно повеќе туристи да дојдат и да се чувствуваат подобро во Македонија“ објаснува Трајков.
Што се однесува...
Post Views: 1
Сончевото време околу 1ви Мај го донесе до совршенство велосипедскиот празничен викенд во Охрид. Патешествијата започнаа на 28ми Април со Велокамп 2012, каде учесниците имаа организирано ноќевање, за да продолжи наредниот ден со државниот друмски натпревар кој носи бодови на ранг листата на Македонија. Натпреварот се одржа на релацијата Охрид-Струга-Дебар, односно по течението на реката Црн Дрим. Инаку оваа патека се вози за прв пат по 20 години. На 30ти Април се одржа и рекреативен маратон низ неколку струшки села, за на 1ви Мај да се одржи веќе познатиот натпревар...
Post Views: 1
Охридските фолклорни ансамбли и музичари од повеќе жанрови ќе настапуваат на отворена сцена. За ова намена ќе се импровизира сцена пред платото пред Центарот за култура, кој се јавува и како организатор на оваа манифестација. Методија Баракоски Менде, уметнички раководител на КУД „Ѓердан“, дамнешен поборник за реализација на ваков проект, ја поздравува манифестацијата. Баракоски смета дека тоа е убава можност играорците пред туристите да презентираат дел од нивните уметнички програми. Долгогодишниот музичар ги повикува надлежните да обрнат поголемо внимание за квалитетот...
Post Views: 3
Наскоро во Охрид, Деветтиот конгрес на Лајонс клубови од градовите под тврдини .Lion Сашо Василевски – Гувернер на Дистрикт 132 Македонија, вели дека на конгресот ќе учествуваат исклучително моќни и влијателни личности во своите средини, луѓе кои работат за доброто на својата држава. Гувернерот Василески додава дека ова ќе биде исклучителна можност да се влезе во големи проекти, во кои би се вложиле огромни средства но, колку локалната и македонската политичка и бизнис елита ќе го искористи ова, останува да видиме.
„Промоцијата е од огромно значење на Охрид како туристичка...
Post Views: 2
Температурите растат. А со тоа расте и ризикот од пожари. Вниманието насочено кон НП Галичица за заштита на ова природно национално богатство за да не ни се повтори опожарувањето од големи размери во 2007та. Изминативе четири години состојбата во паркот од аспект на пожари е стабилна, а тоа будно се следи, вели раководителот на заштита од пожари Наумче Новески. Тој потенцира дека паркот има посебна стратегија за преземање на сите неопходни мерки да се изолира и најмалата причина поради која настанува пожарот и додава дека брзо откриен пожар се гаси со чаша вода.
„Треба...
Post Views: 6
Активностите на владата за привлекување на инвеститори во земјава, полека почнуваат да даваат резултати. Министерот за економија Ваљон Сарачини признава дека владата напорно работи за да ја подбри бизнис климата во земјава со цел да ја зголеми целокупната инвестициона клима во Македонија. Сарачини открива дека во завршна фаза се преговорите со Американска компанија за изградба на фабрика за кабли во Струга.
„Тоа што последно го разговаравме со директорот на агенцијата за странски инвестиции е дека има веќе сериозна компанија Американска која е заинтересирана да инвестира...