dvor

Љубов , време, нега и пари

Post Views: 8 Трендафили, сардели, бегонии, вистински цветен рај. Ова е дворот на Чеповска Венера која за својот труд и љубов кон цвеќињата и природата доби прво место од женското здружение Бисера за најубаво уреден двор. Венера вели дека оваа награда многу и значи бидејќи е потврда за се она што го прави околу уредувањето на ова нејзино катче. Таа не штеди време за да ги засади и одржува цвеќињата бидејќи ги обожава и тоа сите. Ако сакатае да имате убаво уреден двор треба да работите најмалку 2 до 3 часа дневно во текот на сезоната, а на почетокот на пролетта и по цел ден, вели Чеповска. Венера...

Continue reading

ezero riba

Основците од ОУ Св. Климент Охридски во посета на хидробилошкиот инситут

Post Views: 0 Седмо и осмооделенците од ОУ Св. Климент Охридски учеа за Охридското Езеро и живиот свет во него, со посебен акцент на рибите. Денешните активности по повод светскиот ден за заштита на животната средина, беа реализирани од страна на невладиното здружение за промоција на туризмот и културните вредности во Охрид, Култ ДАМ и основното училиште Св Климент Охридски. „Често политичарите меѓу себе се препукуваат дека УНЕСКО има силни фондови кои никој не ги користи, јас верувам дека тие силни фондови ќе се отворат само ако се направат вистински проекти за што имаме и капацитет...

Continue reading

Nikola Mitrovic

Дивоградбите во Трпејца повторно актуелни

Post Views: 0 Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, а во негов состав и советничката група во советот на Општината, незадоволни од начинот како Локалната Самоуправа од Охрид го третира и решава, односно не решава проблемот со неспроведувањето на одлуките за уривање на дивоградбите во населбата Трпејца. Велат дека невиден и недемократски преседан е одбивањето за ставање на таа точка на дневен ред на неоднаешната Седница на советот од страна на мнозинството,а предложена од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, со што додаваат Локалната во Охрид на чело со Градоначалникот Петрески, упорно...

Continue reading

zapleneto kafe

Спречен шверц со кафе во водите на Oхридското езеро

Post Views: 3 Петнаесет вреќи со над 900 килограми кафе, синоќа, триесетина минути по полноќ, пронајде и одзеде, езерската полиција, од Охрид, при вршење на патролна дејност, помеѓу Aвто Kампот „Eлешец“ и Пештани. На метален чамец биле натоварени 7 вреќи со кафе, секоја од по 60 килограми, а уште осум вреќи со кафе биле пронајдени во непосредна близина на чамецот, имало и моторна пента и пластичен резервоар со гориво. Пронајдените предмети се однесени во полициска станица за понатамошна постапка, а против непознат сторител, за кривично дело „Криумчарење“, поднесена е и кривична пријава....

Continue reading

logo

Криминални умови внимавајте!

Post Views: 3 Компромис со науката нема. Македонските форензичари се повеќе од подготвени да се справат со секој предизвик во борбата со криминалот и вo решавање на најкомплексните случаи. Наскоро и македонските лаборатории за Де-ен-ка анализи, ќе бидат акредитирани како дел дел од големото европско семејство на овој тип научни институции, вели Никола Јанкуловски, декан на Медицинскиот факултет од Скопје. „Акредитирање на лабораториите претставува работа со тие лаборатории по сторго утврдени стандарди во европски рамки, така што мора да се почитуваат тие правила и прописи, како се...

Continue reading

srsheni nisalki baraki

Детските игралишта се почесто мета на вандалски чинови

Post Views: 10 Кога ги нема, се жалиме зошто ги нема, а кога ги има не знаеме да ги чуваме. Детските игралишта низ градов се почесто мета на вандалски чинови. Последно на мета се најде неодамна изграденото детско игралиште во населбата „Гоце Делчев“. Само еден месец успеа да издржи недопрено и целосно функционално, но сега за жал веќе не е така. Најпрво настрадаа нишалките во игралиштето. Од локалната самоуправа велат дека ова не е прв ваков случај на уништување на забавните реквизити. „Ние секако дека ќе го санираме овој искршен дел но не е добро да се трошат пари за иста работа,...

Continue reading

deca

Преку детска игра до хуманост

Post Views: 8 Денес градскиот плоштад беше едно големо игралиште. Се играше шах, пикадо, баскет, мал фудбал, одбојка, не лути се човеку и многу други спортски и едукативни содржини. Ова беше дел од акцијата на Црвениот крст од Охрид, „За посреќно детство“. Секој што купи учеснички број за акцијата, кој чинеше 30 ден. можеше да се натпреварува во повеќе спортските дисциплини. Емилија Цветаноска ја покажа својата хуманост купувајќи талонче и натпреварувајќи се во скокање со јаже во што освои прво место и вртење хулахоп на нога за што беше втора. Мило ми е што учествував во оваа акција...

Continue reading

dzamija

Што со џамијата Мустафа Челеби?

Post Views: 19 Урнат дел од познатата струшка џамија „Мустафа Челеби“. Овој верски објект кој веќе пет века тежи на тлото во централното градско јадро во Струга, незаконски се руши алармираат од Завод и Музеј, Охрид. Дел од граѓаните на Струга кои сакаа да останат анонимни, велат дека тие случајот го пријавиле веднаш откако започнале активностите за рушење и се чудат зошто толку доцна реагирале полициските служби. Додека пак други не знаеа за што станува збор, но ја подржуваат иницијатива да се направи ново и подобро. Бесправни се сите активности кои изминативе два дена се изведуваа...

Continue reading

bot

Спасители, лекар и психолог на охридските плажи

Post Views: 2  Охридските плажи ова лето ќе бидат побезбедни, ова го ветуваат од општинскиот Црвен крст кој се максимално подготвени да стартуваат во оваа туристичка сезона. Општинскиот Црвен крст има 208 лиценцирани спасители на вода, а наскоро ќе започне и обука на нови 40 -тина спасители, информира нејзиниот претседател Сашо Точков. На плажите ќе бидат ангажирани околу 100-тина од нив кои ќе се грижат капачите да бидат сигурни во езерските води. „За безбедноста на плажите се грижи самиот концесионер кој ќе ја повика службата или пак Капетанијата, односно Министерството за транспорт...

Continue reading

akcija crven krst

„За посреќно детство“ по четврти пат

Post Views: 1 Финишираат подготовките за четвртата по ред Традиционално хуманитарна спортско-рекреативна акција “За посреќно детство”. Манифестацијата ќе започне со „главна трка” со старт од  плоштадот „Чинар”, која ќе се движи по улицата “Македонски Просветители” и цел на Градскиот плоштад. На терасата на комплексот Летница, паркот пред маркетот Тинекс и на Градскиот плоштад “Климент Охридски” од 11:00 – 15:30 ч. ќе се одвиваат спортско-рекреативни натпревари и културно-забавни содржини. „За учетво во игрите потребен е ученички број – талон кој чини 30 денари. Со парите...

Continue reading

nerabotni denovi

Една третина од годината Македонија не работи

Post Views: 3 Македонците обично важат за вредна нација која не се плаши да ги засука ракавите и да сработи нешто. И ова донекаде е точно. Но ако ѕирнеме во статистиката, малку ќе ја разнишаме оваа теорија. За сите, па дури и за нас тука во Македонија, годината си има 365 дена ама многу е јасно дека не може сите да се одработат бидејќи нацијава ќе ни беше ептен уморна. Не, не работиме 365 дена. Ако од оваа бројка ги одземеме 105те дена од 2012 година кои отпаѓаат на неработни викенди, излегува дека работиме 260 дена годишно. Ама не е така, затоа што ние, а кога велам ние, мислам на...

Continue reading

plostad

Летото се ближи, а со тоа и гужвите во градов

Post Views: 2 Донесена новата програма за поставување урбана опрема. Тихомир Дурнев, од Секторот за урбанизам вели дека и ова лето ќе има столици и маси пред локалите, определени се местата каде ќе се продаваат уметнички слики и сувенири, но тврди дека летово нема да се продава храна на отворено.Локациите на кои ќе се поставува урбаната опрема, како и детските реквизити како замоци ,количиња, вовчиња и др. во многу зависат и од новиот сообраќаен режим кој ќе важи во летниот период. Пред неколку дена беше поставен еден замок на место на кое со новиот режим за сообраќај ќе биде сообраќајница....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top