Дали знаеме што купуваме

Post Views: 18 Дали е некој производ опасен или запалив, колку трае откако ќе го отвориме, дали може да се рециклира, дали има повратна амбалажа, дали е органски или без глутен? Одговорите на сите овие прашања се наоѓаат на пакувањето од производот прикажан со слика или симбол, но поголемиот број на граѓани не ги разбира тие симболи.Еве неколку од нив: Ретко кој знае дека симболот „CE” значи дека производот е усогласен со сертификатите и правилата кои владеат во ЕУ. Симболот зајак означува дека козметиката и препаратите не се тестирани на животни. Отворена кутија со број во неа покажува...

Continue reading

Zak Baro

За Жак Баро сме „Северна Македонија“

Post Views: 0 Потпретседателот на Европската комисија, Жак Баро навести укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора. Притоа, еврокомесарот за правда, Република Македонија ја нарече „Северна Македонија“.  На состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Луксембург, не беше донесена ниту одлука,  ни заклучоци по прашањето за визната либерализација. Тоа беше само можност за запознавање со извештаите на Европската комисија за секоја земја посебно. Словенија, по чие барање беше отворено ова прашање, се залaга за индивидуален пристап, додека еврокомесарот за правда и внатрешни...

Continue reading

Тинејџери спасиле новороденче оставено на -9 степени во Сибир

Post Views: 2 За време на православниот Божиќ во Новосибирск во малото селце Сосновка се случило вистинско чудо. Пет момчиња нашле напуштено новородено бебе и успеале да го спасат пред тоа воопшто и да доживее какви било последици од температурите што тој ден се спуштиле и до минус 9 степени Целзиусови. Како што пренесува „Космолскаја правда“, петте тинејџери излегле на прошетка вечерта на 7-ми јануари и се движеле на оддалеченост од еден километар надвор од селото кон автопатот. Се шетавме и забележавме кутија оставена крај патот. Кога се доближивме, слушнавме цимолење. Прво мислевме...

Continue reading

ОЈО Струга отвори предмет за палењето на бугарското знаме во Вевчани

Post Views: 0 Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на одржувањето на Вевчанскиот карневал било запалено знаме на Република Бугарија.Обвинителството ќе испитува дали во случајот има кривично дело – Повреда на угледот на странска држава, по член 181 од Кривичниот законик.По наредба на ОЈО, ОВР Струга треба да го утврди идентитетот на сторителот и да ги идентификува и другите присутни на настанот. Исто така, ќе бидат обезбедени и евентуалните снимки од камери на кои е регистриран инцидентот, а ќе бидат...

Continue reading

Избори во Северна Кореја, излезност до 14 часот 91%

Post Views: 5 Гласањето за избор на претставници на Врховнато народно собрание се одвива според планот, објавила севернокорејската агенција KCNA, додавајќи дека одзивот до 14 часот по локално време изнесува 91%, пренесува агенцијата AFP. Освен тоа што граѓаните физички ќе гласаат, во овие избори нема ништо демократско бидејќи во секоја од 687 изборни единици има само по еден кандидат., наведува AFP. Како и неговиот татко пред него, Ким ЈонгИл е кандидат во единицата со број 111, во планинскиот реон Паект. Севернокорејците на таа планина и припишуваат боговски статус, бидејќи на падините...

Continue reading

karta

Балканските лидери на средба во Црна Гора

Post Views: 6 Лидерите на шест поранешни југословенкси републики, плус Албанија и Бугарија, денеска ќе се сретнат во црногорскиот град Цетиње. На средбата насловена “Менаџирање на културните разлики и нивно претставување за туристички цели“, ќе учествуваат црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, српскиот Борис Тадиќ, хрватскиот Стјепан Месиќ, словенечкиот Данило Тирк, македоснкиот Ѓорге Иванов, бугарскиот Георги Прванов, албанскиот Бамир Топи и од БиХ Небојша Радмановиќ. На средбата најавено е присуство и на генералниот директор на УНЕСКО, Коичиро Мацура и генералниот секретар ан...

Continue reading

Кривична за две лица кои вршеле нелегален транспорт на дрва

Post Views: 0 На 19.11.2021 полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа С.Ѓ.(44) од охридското село Велгошти и П.А.(35) од селото Долно Лакочереј. Двајцата, околу 21 часот во атарот на селото Лескоец, се затекнати во нелегален транспорт на огревно дрво со патничко возило „опел монтереј”, со бугарски национални ознаки. Дрвата со потврда се одземени и предадени на Шумската полиција – информираат од СВР Охрид. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Continue reading

Охридската општа болница ќе се подновува со современа медицинска апаратура

Post Views: 4 ЈЗУ Општа болница Охрид ќе ја подновува старата медицинска апаратура. Во тек е тендер за набавка на апарат за ласерско кршење на камења во бубрезите. Современиот апарат чини околку 220.000 евра. Ќе има примена за хируршко лекување на пациентите, информира д-р Горан Балевски, директор на општа болница. „Тоа е комплетен столб со 4К за ендоскопски, лапараскопски и за ласер хирургија кој ќе може да се користи на повеќе одделенија, хирургија и гинекологија. Но, акцент е сепак на уролошкото одделение за да може да се работи бидејќи досега луѓето одеа на лекување во приватни...

Continue reading

Исчезнувањето на авионот на Малезија Ерлајнс – тероризам?

Post Views: 1 Вниманието на истрагата посебно го свртеа четирите патници кои имале украдени пасоши од европски земји. Министерот за сообраќај Хишамудин Хусеин рекол дека е утврден идентитетот на некои од потенцијалните осомничени. „Четири имиња се на мојата маса“, рекол Хусеин Во истрагата учествуваат малезиските разузнувачки служби, а во Малезија е пратена и екипа на Федералното истражно биро (FBI). Една од претпоставките е дека авионот набрзо по полетувањето се завртел и тргнал назад кон Куала Лумпур. Поради тоа е проширена областа во која спасувачките екипи го бараат авионот. Авионот...

Continue reading

Antonio Miloshoski

Министерот Милошоски на Самиот на министри во Молдавија

Post Views: 8 Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски, денеска и утре ќе учествува на Состанокот на министри и Самитот на шефови на Влади на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСИЈЕ) што се одржува во Кишињев, Молдавија. Тема на министерскиот состанок е улогата на ПСЈИЕ во јакнењето на регионалната соработка и интензивирање на соработката помеѓу земјите на политичко ниво во сферите од заеднички интерес. На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи Милошоски ќе оствари неколку билатерални средби со свои...

Continue reading

Од кое место во светот најдобро се набљудуваат виножита?!

Post Views: 9 Покрај тоа што е многу честа глетка на небото таму, виножитото на Хаваите е неразделно од културата и традицијата. Во хавајската митологија, виножитото е симбол на трансформација и на патот што ја поврзува Земјата со небото. Научниците сметаат дека виножитото на Хаваи е спектакуларно поради екстремно чистиот воздух и ветровите што дуваат цела година на суптропска ширина и носат дожд на Хаваите. За формирање виножито е потребно релативно изолиран дожд, како и можност за поминување на сончевата светлина отстрана. Хонолулу е одлично место за гледање на виножитото затоа...

Continue reading

Екипите на ЈП Охридски Комуналец се справија со првите снежни врнежи оваа година

Post Views: 1 Проодни од снег се сите патишта и улици во Охрид и околните села, информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски комуналец. Екипите навреме посипаа абразивен материјал и со механизација го исчистија снегот од охридските улици и патишта почнувајќи од Варош и Бараки. Покрај градските улици исчистени се и периферните патишта кои водат кон повисоките населени места како што се Елшани, Коњско, Рача и Велестово, вели Граданоски за синоќешната работа на нивните екипи на терен. „Велестово беше меѓу првите места каде што интервениравме и имавме позитивни реакции. Имаше неколку...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top