Британскиот сој на вирусот СарсКов 2 детектиран во земјава

Post Views: 7 Министерството за здравство информира дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката Жан Митрев, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен. Според информациите од ИЈЗ, пациентот прв пат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато...

Continue reading

Опасен, а го има во сите козметички производи

Post Views: 1 Во последно време сите кажуваат за штетноста од долготрајна изложеност на „парабен“, и потребата луѓето и козметичката индустрија да го користат што е можно помалку. Кога зборуваме за парабенот и неговата првобитна употреба, тој спаѓа во категоријата средства за конзервирање, а неговата задача е да спречи расипување и развој на микроорганизми, бактерии и габи. Секојдневно сме изложени на оваа супстанца, но тоа ретко го приметуваме. Истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека жената на себе дневно нанесува 515 хемикалии содржани во дезодоранси, креми и...

Continue reading

epriveti

Свинскиот грип се шири во Македонија

Post Views: 0 Нови четири лица во Македонија се заболени од новиот тип на вирусот А (Х1Н1). Ова, вчера попладне го соопшти Министерството за здравство, од каде информираа дека лабораториските анализи биле позитивни кај четворица пациенти, хоспитализирани последните два дена на Клиниката за Инфективни болести. Пациентите се на лекување на Инфективната клиника, дадена им е терапија со тамифлу, а здравствената состојба е стабилна и покажува прогресивно подoбрување.Македонија досега регистрира вкупно девет случаи со новиот вирус А. {loadposition content9}

Continue reading

Во Кина регистриран прв случај на птичји грип X10H3 кај човек

Post Views: 2 Маж од источната кинеска провинција Џиангсу е потврден како првото лице заразено со вирусот Х10Н3 од птичји грип, соопшти кинеската Национална здравствена комисија (НЗЦ). 41-годишниот маж, жител на градот Женѓијанг, бил хоспитализиран на 28 април откако забележал симптоми како треска. Во светот до сега не е пријавена инфекција со вирус X10N3 кај луѓето, објави (НЗЦ).На 28 мај му била дијагностицирана инфекција со птичји грип, но не беа дадени детали за тоа како се заразил. Овој вид е низок патоген или релативно помалку сериозен и се наоѓа кај живината и постои мал ризик...

Continue reading

Нови книги за деца и возрасни во охридската градска библиотека

Post Views: 8 Оваа среда НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во изборот на книги ви нуди уште девет нови наслови кои со сигурност ќе го привлечат вашето внимание. Библиотеката подеднакво внимава да набавува нови наслови и за деца и за возрасни се разбира според понудената продукција од нашите македонски издавачи. Децата и учениците уште од денеска можат да ги позајмат: „Мојата ризница со бајки за принцези“ во издание на Просветно дело, „Малечката библиотека“ од Елинор Фарусон – НАМАПРЕС и „Сонувалко“ од Сања Михаиловиќ – Костадиновска, издавач Бегемот. Во одделот за зајмување...

Continue reading

Уште еден инцидент на малезиски авион

Post Views: 3 Авион на малезиската авиокомпанија “Malindo Air” денес морал да се врати на аеродромот од каде што полетал бидејќи му се запалил еден од моторите. Во соопштението на нискобуџетната компанијата, основана само пред една година, се наведува дека авионот сепак безбедно се приземјил и дека никој не е повреден, пренесува агенцијата АР. Авионот полетал од аеродромот Субанг во близина на Куала Лумпур и требало да слета во градот Теренган на источниот брег на Малезија. Пред две недели од радарите исчезна авионот на Малезија Ерлајнс со 239 патници и членови на екипажот, за кои...

Continue reading

лого

Одлука за укинување на визите

Post Views: 1 Европската Комисија денеска на Советот на министрите на Европската унија ќе му предложи укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора. Одлуката за префрлување на Македонија, Србија и Црна Гора на белата шенген листа од први јануари 2010 година, како што е најавено, во Брисел ќе ја соопштат еврокомесарите за правда и за проширување Жак Баро и Оли Рен, на прес конференција. Потпретседателот на Европската комисија Баро, минатата недела најави дека препораката за укинување на визите ќе биде донесена во вторник. Според него Македонија има направено најголем напредок...

Continue reading

Речиси четиристотини новоинфицирани од Ковид 19 за едно деноноќие ,нов смртен случај во Охрид

Post Views: 0 Во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 190 -Кавадарци 29 -Велес 19 -Делчево 16 -Куманово 14 -Охрид 12 -Дебар 12 -Гостивар 11 -Прилеп 7 -Штип 7 -Битола 7 -Берово 7 -Демир Капија 7 -Кичево 6 -Тетово 5 -Струмица 5 -Гевгелија 5 -Свети Николе 4 -Неготино 4 -Виница 4 -Струга 3 -Кочани 3 -Крива Паланка 3 -Радовиш 3 -Крушево 3 -Ресен 2 -Пробиштип 2 -Кратово 2 -Пехчево 2 Починати се 9 лица, два пациенти од Скопје (74 и 82г), два од Кичево (61 и 70г), по еден од Ресен (77г), Битола (87г), Виница (57г), Охрид...

Continue reading

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА КОРОНАВИРУС ШИРУМ ЗЕМЈАТА

Post Views: 2 Министерството за здравство инфомира дека од денеска е во функција уште еден пункт за тестирање на коронавирус во Поликлиниката Млин Балкан. Граѓаните на Скопје можат да се тестираат во четирите пункта во: Поликлиниките Јане Сандански, Ченто, Чаир и Млин Балкан. Со ова, двојно е зголемен капацитетот за тестирање во Скопје. Од минатата недела во функција се и пунктовите во градовите: Штип, Тетово, Струмица, Прилеп, Охрид, Куманово, Кочани, Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија и Струга. Граѓаните одат во пункт за тестирање само во точниот термин, закажан преку нивниот матичен...

Continue reading

Закана за безбедноста на цивилната авијација

Post Views: 5 Поради тоа што кабинскиот персонал останува во авионите, министерството за надворешни работи на Русија издало соопштение во кое стои дека украинските цариници им забрануваат на екипажите на Аерофлот да ги напуштаат авионите, пренесува агенцијата АР. Министерството истакнува дека таа одлука на властите во Киев претставува кршење на меѓународните закони и „закана за безбедноста на цивилната авијација“, затоа што на екипажите им е оневозможено да се одморат помеѓу летовите. Министерството за надворешни работи наведува дека Москва два пати пратила протестна нота до амбасадата...

Continue reading

Kosor i Ivanov

Унапредување на економските односи на релација Македонија – Хрватска

Post Views: 4 Хрватска и Македонија имат можност да ја унапредат соработката, особено во металопреработувачката индустрија, туризмот и воздухопловниот сообраќај. Ова било констатирано на синоќешната средба на хрватската премиерка Јадранка Косор со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој се наоѓа во официјална посета на Хрватска, соопшти кабинетот на Косор. Во отворен и пријателски разговор уште еднаш е потврдено дека Хрватска и Македонија имаат развиени билатерални односи , кои сакаат дополнително да ги развијат особено на стопански план, се вели во соопштението Косор и Иванов...

Continue reading

Главните сообраќајници во Охрид третирани со специјална течност против замрзнување на коловозот

Post Views: 9 Синоќа екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа активности за нанесување на специјална течност против замрзнување на коловозот. Според оперативниот план, беа опфатени главните сообраќајници во Охрид, стариот дел на градот, населбата „Гоце Делчев“ и селата Елшани и Коњско. Се работи за современ практичен метод кој се применува во зимски услови и не дозволува замрзнување на асфалтот при врнежи од снег.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top