Post Views: 0
Два милиони денари доби струшката национална установа, центар за култура „Браќа Миладиновци“ од ресорното министерство за финансирање проекти во сите дејности за 2022. Доделени се двојно повеќе средства за културата во споредба со минатата година како поддршка за сите активности во творештвото. Станува збор за одржување на традиционалните фестивали којшто секоја година се одржуваат во Центарот за култура, а има и нови проекти кои се планираат да се одржат за оваа година, информира Николина Велкоска Глигороска, директорка на Центарот за култура.
Во соработка со Сојузот...
Post Views: 0
На 18.02.2022 година околу 11 часот, на улицата „Кузман Јосифоски Питу” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.С.38) од Охрид врз В.Ѓ.(37), од Велгошти.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 7
Градоначалникот Кирил Пецаков, беше во посета на ЈУ „Национален парк Галичица“. На средбата, вработените го информираа за начинот на функционирање на институцијата, како и за тековните активности.
Дискутирани беа можностите за подготвување на заеднички апликации во ЕУ фондовите и соработка во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и заштитата на Националниот парк.
Градоначалникот изрази подготвеност за целосно вклучување во сите процеси кои се однесуваат на градот.
Post Views: 15
Во видеото споделено во постот, шведскиот лекар д-р Енби, кому му била одземена медицинската лиценца во 2007 година, прикажува фотографии на својот компјутер за кои тврди дека се микроскопски приказ на вакцината „Фајзер“, а честичките што се движат на екранот, наводно, се живи микроорганизми. Составот на вакцината на „Фајзер“ е јавно достапен и може да се види дека вакцината не содржи живи организми, туку само хемиски компоненти кои го поттикнуваат човечкото тело да произведува антитела против ковид-19. Д-р Амеш Адаља, виш научник во Центарот за здравствена безбедност...
Post Views: 0
Од денеска на хрватските граѓани им е овозможено да патуваат во САД без виза, објави американската амбасада во Загреб.
Таа одлука на Електронскиот систем за овластување за патување (ЕСТА) се однесува на хрватските граѓани кои заминуваат во САД во туристички или деловен аранжман, не подолго од 90 дена, објави „Јутарњи лист“.
Членството на Хрватска во таканаречената програма за ослободување од визите (VWP) е важен чекор во натамошното зајакнување на економската и безбедносната соработка меѓу двете земји, соопшти Амбасадата.
За да може една земја да влезе во програмата...
Post Views: 15
На 14.09.2021 година во 14 часот на локален пат кон струшкото село Октиси, полициски службеници од Полициското одделение Велешта извршиле контрола во патничко моторно возило „Нисан” со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(67) од селото Октиси, при што било констатирано дека бесправно и без соодветна документација превезувал огревно дрво.
Возилото и дрвата со записник биле одземени и предадени на Шумската полиција во Струга.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 2
Во последното деноноќие од вкупно 4 511 тестирања на ковид, потврдени се нови 572 случаи на вирусот. Во истиот период се пријавени 30 починати лица од кои најмладиот починат пациент е на 25-годишна возраст и е од Демир Капија. Министерството за здравство информираше дека се регистрирани и 694 оздравени пациенти.
Новите случаи по градови се од: Скопје – 287, Куманово – 58, Кавадарци – 24, Тетово и Кичево – по 21, Велес – 19, Гостивар – 15, Прилеп – 14, Битола, Кочани и Радовиш – по 11, Струмица – 10, Охрид и Струга – по 9, Штип и Свети Николе – по 8, Гевгелија – 7, Неготино,...
Post Views: 6
Охридските лекари од примарното здрвство се приклучуваат кон протестите на еснафот во државата.
Доктор Љупчо Костоски, претседателот на приватните матични лекари од Охрид напомeнува дека неговите колеги ќе работат со итните пациенти.
Нашата хумана професија не ни дозволува да запреме со работа, но тоа не значи дека не треба да се почне процесот за решавање на проблемите во примарото здравство – изјави за ТВМ д-р Костоски.
Здравствените власти треба да го слушнат гласот на матичните лекари и да го спречат затворањето на амбулантите, бараат македонските...
Post Views: 0
„Гладијаторите“ ќе ја пречекаат екипата на „Тинекс Пролет“ на домашен терен оваа сабота, 12-ти февруари во рамките на 20-тото коло во Супер лигата.
Натпреварот е со почеток од 18 часот, а ќе се одигра во Спортската сала „Билјанини извори“. Влезот за сите љубители на спортот и ракометот е слободен.
Post Views: 4
Во насока на транспарентно и отчетно работење, Секретарот на општина Охрид, Александар Китески на денешната средба со новинарите информира дека дел од директорите во охридските училишта именувани од претходната локална власт иако имаат сериозни претставки во своето работење не сакаат да ги напуштат раководните позиции.
Градоначалникот Кирил Пецаков, ниту замислува партизација на образовните институции ниту тоа му е предизвик. Но, од друга страна не можеме да дозволиме овие значајни институции да ги предводат луѓе за кои имаме сериозни индиции дека во определени случаи...
Post Views: 14
Конспиративните теории поврзани со „кемтрејлс“ се категорично отфрлени од научната заедница и истите досега се повеќепати разоткриени од проверувачите на факти. Белата трага што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Тврдењето во постот дека после секое прскање од авиони се зголемува бројот на заразени од ковид-19 е бесмислено, затоа што вирусот се пренесува на растојание помало од два метра преку капките од носот и устата, преку зборување, кашлање, пеење. Сосема е неверојатно намерно да се шири вирусот преку фрлање...
Post Views: 5
16 луѓе загинаа во денешната експлозија и пожар во фабрика за барут во регионот Рјазан во Русија, јавуваат локалните медиуми.
Причина за пожарот е веројатно „нарушување на технолошкиот процес и мерките за безбедност“, велат од Министерството за вонредни ситуации.
Пожарот избувна во работилницата за производство на барут во фабриката Еластик плант. Според извори, како што пренесува БГНЕС, работилницата во која се случил инцидентот е во сопственост на компанија која произведува индустриски експлозиви и депонира муниција.
Министерството за вонредни состојби соопшти дека...