logo

Кривична пријава за охриѓанец за 165 договори за вработувања без издржана потреба

Post Views: 7 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(50) од Охрид. Во периодот од декември 2012 до март 2013 година, пријавениот во својство на градоначалник на ЕЛС општина Охрид, делувајќи по претходна умисла, веројатно со намера да се стекне со што поголемо општествено влијание како кандидат за Градоначалник на општина Охрид во пресрет на Локалните избори 2013, спротивно на Законот за работни односи противправно склучил сто шеесет и пет договори за времени вработувања...

Continue reading

otpad

„Охридски Комуналец“ ќе подига зелен отпад во Кошишта и Воска

Post Views: 1 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.11.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  во У.З.3 ,,Кошишта,, и У.З.4 ,,Воска,,  (заедно со комплексот згради и куќи во населба ,,Даљан,,). Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на...

Continue reading

benzini

Поскапуваат бензините и дизел горивата

Post Views: 5 Цената на бензините од утре се зголемува за 2,5 денари, а на дизел горивата за 2, односно 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,27, односно за 3,78 отсто. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 78,50 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) со одлуката на РКЕ се зголемува за два денара по литар и ќе чини 67,50 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)...

Continue reading

sud

Судска разрешница за случајот лизгалиште следната недела

Post Views: 0 Во Основниот суд Охрид денес се одржа рочиште за случајот лизгалиште. Секретарот  на општина Охрид Димитар Спасески  го тужи советникот од ЛДП Дејан Блажески за клевета. Спасески   во овој спор бара оштета од 5000 евра , за наводно изнесени клевети во врска со градското лизгалиште. Во овој судски предмет судијата ги сослуша тужителот Димитар Спасески и тужениот советникот Дејан Блажески кој е обвинет за клевета. Спасеки кажа дека тој не е  потписник на договорот за поставување на лизгалиштето и со тоа Блажески напрвил клевета кон него нарекувајќи го проектот штетен...

Continue reading

Состојбата со патиштата е очајно лоша

Post Views: 1 Лошата состојба на улиците и крпениот асвалт на локалните и регионалните патишта, им создава дополнителни проблеми на возачите. Тампон материјалот законски е недопустлив за полнење на ударните дупки.   Крпениот живот на улиците во општина Охрид, неуспешен. Иако надлежните се обидоа да ги санираат, ударни дупки наѕираат на секоја улица. Ги има и на локалните и на регионалните патишта. „Македонија Пат“ подружница Охрид која е задолжена за одржување на регионалните и магистралните патишта се правда дека ниските температури и неповолните временски услови се виновни за...

Continue reading

bezbednost vodi

Можни измени на правилникот за безбедност на капалиштата-ќе се применуваат од наредната сезона?

Post Views: 5 Бројот на спасители и медицински екипи на плажите ќе се одредува според должината на ефективно користената површина од плажата, соодветно обележување на капалиштето односно одредување на зоните на безбедно капење според актуелните европски стандарди. Ова се дел од предлог измените на правилникот за видот и обележување на капалиштата. Релевантни институции, претставници од Министерството за транспорт и врски, и претставници од повеќе локални самоуправи три дена дискутираа за можните измени на правилникот со кој би се подобрила законската регулатива за безбедност на капалиштата. „Вродија...

Continue reading

Наместо кај Гимназијата автобуси ќе се чекаат кај Жито Леб на Туристичка

Post Views: 0 Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици ја информира јавноста дека поради изведување на градежни работи, автобуската постојка позади Гимназијата (Бул. Туристичка) нема да биде во функција од 03.06.2021 година до 10.06.2021 година. Наместо неа ќе се користи автобуската постојка кај Жито Леб (Бул. Туристичка).  

Continue reading

nasilstvo

Одбери љубов! Кажи не на насилството!

Post Views: 29 Насилство во охридското економско училиште. Група ученици од оваа установа денес беа сведоци на вербална расправија помеѓу нивни соученици. За среќа овој инцидент беше само симулација која пред учениците ја демонстрираа активистите од ЖЦ „Бисера“, Охрид. Препознавањето на проблемот на насилството врз жените, девојките и децата е прв чекор кон негово решавање, вели претседателот на Центарот, Наде Мартиноска. Таа нагласи дека денешната импровизирана сцена на кавга меѓу двајцата средношколци е непријатана глетка за сите, па затоа таквата појава треба да се препознае и...

Continue reading

рампа

СВР Охрид постави пристапна рампа за лицата со посебни потреби

Post Views: 3 Секторот за внатрешни работи Охрид деновиве постави пристапна рампа за лицата со посебни потреби. „Целта е да се обезбеди еднакво право за пристап и еднаква можност за достапност и контакт на лицата со посебни потреби со полициските службеници, навремено излегување во пресрет на нивните барања, потреби но и решавање на одредени проблеми од безбедносен аспект. На овој начин СВР Охрид како сервис на граѓаните практично ја покажа отвореноста и кон лицата со посебни потреби со што настојуваме оваа категорија наши сограѓани, службата да ја почувствуваат како своја и блиска....

Continue reading

Стравични фотографии пронајдени на телефонот на мртов џихадист

Post Views: 1 На една фотографија прикажано е девојче, бебе, притиснато на земја, додека еден од џихадистите и држи нож на вратот. Девојчето е уплашено, а се верува дека неа и нејзината фамилија џихадистите на Исламската држава ги ликвидирале само затоа што припаѓале на алеви муслиманите, за кои џихадистите сметаат дека се неверници и се нивна цел, пренесува Daily Mail. На други фотографии од телефонот се гледа како џихадистите играат фудбал со отсечени глави на своите жртви. За фотографијата на девојчето се верува дека е направена минатиот петок, но бидејќи не нашле фотографија со...

Continue reading

logo

Времено затварање на патот Кичево-Охрид

Post Views: 1 Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека денес, 27- ми ноември, во 15 часот поради изведување работи на пат (минирање), сообраќајот на патниот правец Е65 Кичево-Охрид ќе биде во прекин. Ќе се минира во влизина на делницата (Пресека-Врбјани) а сообраќајот ќе биде во прекин во времетраење од 30-45 минути. {loadposition content9}

Continue reading

film

„Споменикот на Мајкл Џексон“ премиерно пред Охриѓани

Post Views: 7 Филмот “Споменикот на Мајкл Џексон” (2014) во режија на Дарко Лунгулов, жарн комедија / драма ќе биде поставен на кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“, во деновите 9-ти (вторник), 10-ти (среда), 11-ти (четврток) декември 2014 година, почеток 20.00 часот, влез 100 денари. Приказната во филмот се плете околу еден локален бербер од едно српско село кој доаѓа до идеја да се подигне споменик на Мајкл Џексон да се привлечат туристи од целиот свет. На дел од локалните жители им се допаѓа идејата, а на другите не. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top