Прекини во водоснабдувањето на „Јане Сандански“

Post Views: 3 На улицата „Јане Сандански“ во тек е приклучување на повеќе објекти во новата водоводна мрежа и во наредниот период додека трае реконструкцијата на улицата секојдневно ќе има неколкучасовни прекини во водоснабдувањето со времетраење од 09:00 часот до завршување на работите.Од „Водовод“ информираат дека во зависност од потегот каде се работи, можни се прекини и на улиците: „Галичица“ , „Карпош Војвода“, „Мирче Ацев“, „Ванчо Питошески“, „Лазо Трпоски“ „8-ми Септември“, „Асном“ и „Никола Карев“.

Continue reading

svr

Кривична пријава за напаѓачот во „НОА“

Post Views: 0 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда во обид“ Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против И.Р.(36) од Охрид. На 23-ти минатиот месец, пријавениот со неколку убоди со нож во пределот на десната препона и левата надколеница му нанел телесни повреди на Б.Р. од Охрид. Настанот се случил околу 23 часот кога во угостителскиот објект „Ноа“ пристигнал Б.Р. во друштво со неговиот брат и уште неколку пријатели. Забележувајќи го неговото доаѓање, пријавениот И.Р. кој се наоѓал во објектот, веднаш пристапил до...

Continue reading

diploma

Филип Србиноски добитник на наградата лидер на струката

Post Views: 10 Филип Србиноски со „Виенскиот начин“ на послужување ја освои наградата лидер на струката. Овој ученик од 3 година во угостителското училиште  „Ванчо Питошески“ е добитник на престижната награда  со прeзентација на своите вештини и знаења. Србиноски е меѓу ретките  ученици кои велат дека и понатака ќе се занимаваат со оваа професија. Ова  не е случај со многу негови претходни и сегашни колеги. Одбрав оваа струка да е моја професија, а најголема желба ми е да имам свој ресторан, открива младиот Србиноски.  За одржаниот натпревар во Скопје  и  наградата лидер на струката...

Continue reading

Историски момент за автономните автомобили

Post Views: 6 Автомобилите без возач сѐ побрзо и поинтензивно влегуваат на патеките тестирајќи го она што на многумина беше потполно незамисливо, ѕверката на Ауди ја допре новата горна граница која го одзема здивот. Спој на врвната технологија и страст спрема брзините овозможуваат автомобилот без возач да оборува рекорди. Имено, на познатата патека во Хокенхајм за време на финалната фаза од DTM сезоната, инженерите на Ауди го претставија најбрзиот автомобил, без возач, во овој момент. Станува збор за екстремно моќен и брз автомобил од неверојатни 560 КЅ, а тоа е Ауди RS7 кој дефинитивно...

Continue reading

pretstava na dnoto

Нова премиера на охридскиот театар

Post Views: 3 Нова премиера на охридскиот народен театар. Денеска со почеток во 20 ч во Центарот за култура Григор Прличев, премиерна изведба на претставата „ На дното“ по текст од Максим Горки, а во режија на Кирил Петрески. Претставата се занимава со човекот, во потрага по вистината  и борбата за опстанок којашто се случувала во минатото, а која и ден денес сеуште трае. Режисерот Кирил Петрески вели дека претставата е подготвена за релативно краток период и се игра во еден специфичен и мал простор од 50 седишта, односно во подрумскиот простор на центарот за култура.  Во тој простор...

Continue reading

sida

Во Охрид во 2014та не е регистриран ниту еден случај на ХИВ СИДА

Post Views: 0 Во Охрид во 2014та не е регистриран ниту еден случај  на ХИВ СИДА. Последното хив позитивно лице е откриено во април 2013та година. Од почетокот на појавата на епидемијата на СИДА во 1987год, во Охрид се регистрирани 9 случаи од кои осум биле мажи, а една жена и тоа на возраст од 20 до 49 години, а само едно лице е над 55год. Осум од нив починале . Пренесувањето на болеста е хетеросексуално. Во Струга од овај заразен вирус заболеле три лица и сите се починати, а во Дебар едно лице. Лекувањето на заболените е на инфективната клиника во Скопје и таа редовно ги снабдува...

Continue reading

Sorensen

Фуере замина, Соренсен денес ќе пристигне во Македонија

Post Views: 3 Ерван Фуере и официјално ја напушти земјава. На негово место денес пристигнува данецот Петер Соренсен. Новиот евроамбасадор е најмладиот европски дипломат кој работел во земјава, но е добар познавач на Балканот. Тој ќе се соочи со предизвикот да ја воведе земјава во Европската унија. Претходно оваа мисија ја предводеше ирскиот амбасадор Ерван Фуере. Тој во земјава беше присутен нешто повеќе од 5 години. На заминување тој потсети на сеуште постоечките проблеми со кои ќе се соочи и новиот европски дипломат. „Нема онолку прогрес колку што сакав да има. Европската унија...

Continue reading

svr

Уште една, трета по ред кривична пријава за поранешниот градоначалник на Охрид

Post Views: 4 „Поранешниот градоначалник и поранешниот директор на јавното претпријатие „Билјанини извори“, спротивно на Законот за градежно земјиште и спротивно на одлуките на Советот, донесле одлуки за издавање на времен закуп од пет години на 308 паркинг места во централното градско подрачје на приватен закупец. Воедно пријавениот поранешен градоначалник и поранешен директор, извршиле влијание врз претседателот и членови на управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“, да овозможат донесување на одлука со која се намалува висината на тогашната цена за закуп на паркинг просторот во...

Continue reading

med. otpad

„Медицинскиот отпад“-бара спас

Post Views: 6 До 15 април ЈП „Охридски Комуналец“ ќе го подига медицинскиот отпад. Првиот човек на ЈП Сашо Алчев, вели, дека мора да се стави крај на незаконското работење и еднаш засекогаш да се реши овој горлив проблем. Ништо од договорот со Министерот за Животна средина Неџати Јакупи и Локалната самоуправа. За овој проблем, во два наврати, се сретнале претставниците на директорите на ЈП, државниот инспектор за животна средина и градоначалникот на Охрид. Уште во месец септември, било договорено локалната да отпочне постапка за управување со медицинскиот отпад согласно законот, а...

Continue reading

akademija pandev

Академија Пандев есенски шампион на Македонија во млади категории

Post Views: 3 Генерацијата 99та-2000та на Академија Пандев, есенски шампион во втората македонска лига во фудбал за млади категории. Тие првиот дел од шампионатот го завршија како убедливи шампиони без ниту еден пораз. Задоволни се од досега постигнатото, но велат спортски е секогаш да се тежнее кон нови успеси. „Очекувањата се нормално онаа идеја првично која беше, да влеземе во Суперлигата. Ние се натпреваруваме во втора лига, сакаме да влеземе во првата, Супер лига која е елитна во македонскиот фудбал за млади категории.“-вели тренерот Агрон Мерко од „Академија Пандев“ Тренерот...

Continue reading

Занаетчиите ќе добијат субвенции од 9000 денари

Post Views: 0 Врз основ на Jaвен повик бр.09-4737/1 од 12/05/2021 за субвенционирање занаетчии на подрачјето на Општина Охрид за 2021 година и Правилникот за субвенционирање бр. 08-4086/12 ОД 28/04/2021, одобрен од страна на Советот на општина Охрид, Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески го донесе следното:-Согласно правилникот на барателите ќе им биде исплатен износ од 9.000 денари со вклучен персонален данок, по поднесување на копија од трансакциска сметка и лична карта на барателите. Недобитните апликации може да ја подигнат својата документација во Секторот за...

Continue reading

cvekja

Основците од „Св.Климент“ ќе организираат продажна изложба

Post Views: 1 ОУ „Св. Климент Охридски” – Охрид во пресрет на Патрониот празик на училиштето, Новогодишните и Божиќните празници на 01. 12. 2014 во просториите на училиштето организираше работилници со родителите, наставниот персонал и учениците на кои се изработуваа различни украсни предмети наменети за продажба. Одзивот на родителите ги надмина очекувањата на организаторите, со што тие потврдија дека се вистински партнери во многубројните активности што ги организира училиштето. Благодарение на креативноста и вештината на учесниците на работилниците, изработени се голем...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top