Post Views: 15
Охридскиот уметник Јордан Манасијески е годинешниот добитник на Свети Климентовата награда. Ова највисоко општинско признание, Манасијески го добива со одлука на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Според зборовите и на Комисијата за доделување награди и признанија, и на градоначалникот, изборот на Манасијески бил очигледен, но и дека годинешната листа со предлози била една од најдобрите во последниве години. Манасијески наградата ја добива за неговата неоспорна улога во афирмација на македонската уметност насекаде низ светот.
„Преку своите уметнички дела...
Post Views: 0
Годишното собрание треба се одржи на 26-ти декември 2014 година во деловните простории на фабриката во Охрид, а ќе се разгледува и усвојува годишната сметка, финансиските извештаи и годишниот извештај на „ЕМО“ за 2013 година.
На ова собрание на акционерите ќе се разгледаат и усвојат ревидираните извештаи за 2013 година напревени од страна на официјална ревизорска куќа, а треба и да се доне одлука за користење и распределба на средства искажани по годишниот извештај. Акционерите исто така ќе расправаат и за донесување на одлука за избор на овластен ревизор за ревизија...
Post Views: 0
Цената на лебот не би требало да оди нагоре, мелничарите сметаат дека продажната цена од 25 до 27 денари е прифатлива и за произведувачите и за купувачите.
Ова е ставот на претседателот на групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Благој Стојчев, во однос на поскапувањето на цената на лебот и интервенирањето на Владата во стоковните резерви.
„Мислам дека цената на лебот нема да оди нагоре, но доколку другите инпути за производство на леб не се зголемат. Aко се одржи на оваа цена треба да бидеме задоволни со 25 денари, таа е...
Post Views: 1
Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.12.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.11 „Видобишта“.
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.„Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.„Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат....
Post Views: 4
Акцијата „Ден на дрвото“ по петти пат. И годинава македонските граѓани ќе ја засадуваат својата иднина. Во Охрид и Струга ќе се сади црн бор и јасен. Годинава во владината акција се вклучува и приватната Охридска фирма МАК ВУД. Инаку во утрешната акцијата во Охрид ќе се засадуваат дрваја на два локлитети. Првиот е во Лакочереј каде на површина од 5000 хектари ќе се засадт 20 000 садници црн бор. Како што не информираше одговорниот за акцијата од ЈП Македонски шуми, подружница Охрид, Славчо Голабовски,во акцијата ќе се вклучат ученици од средните и основните училишта,...
Post Views: 3
Жестока и опширна дебата околу предлог развојните програми и нацрт фискалната стратегија на локалната за 2015та година. Советниците од редовите на опозицијата одбија да ја гласаат оваа точка на дневниот ред бидејќи според нив локалната администрација и градоначалникот направиле грешки во проектното планирање. Според Јован Стојаноски, координатор на советничката група на СДСМ, тие добиле само список со активности кои се планира да бидат извршени, но не и дефинитивна временска рамка за нејзина реализација и предвидени средства за истата.
„Ние и во текот на дискусијата...
Post Views: 1
Нова голема трагедија во ракометна Македонија, почина 20-годишниот ракометар на Бутел, Марко Божиновски.
Само шест дена по смртта на голманот на ракометниот клуб Охрид, Никола Даниловски кој се удави во водите на Охридското езеро, денеска нова тажна вест ја потресе спортската јавност.
Информациите велат дека причината за смртта на ракометарот било срцето кое откажало во сон.
Тој настапи на вчерашниот дуел во победата против Еурофарм Пелистер 2 реализирајќи два голови.
Пред да биде член на РК Бутел, ги бранеше боите на вториот тим на Металург. Воедно беше дел од кадетската...
Post Views: 2
Сезонски летови од летото 2015та, редовни линии до охридскиот аеродром почнувајќи од 2016тата. Дали конечно ќе дојде до реализација на идејата за субвенционирање на авио летови кон и од охридскиот аеродром. Денес на седницата на Советот на општина Охрид, советниците едногласно ја поддржаа оваа идеја и изразија надеж за нејзина конечна реализација. Според градоначалникот Бакрачески, првата дестинација која ќе биде субвенционирана најверојатно ќе биде аеродромот Лутон во Англија. Од опозицијата со став дека како даватели на субвенцијата, општина Охрид во тендерот кој ќе...
Post Views: 3
Жељко Јоксимовиќ балканската поп ѕвезда и бизнисменот Зоран Милески ќе бидат кумови во Охрид на празнувањето на еден од најголемите христијански празници, Богојавление – Водици 2015. Ова денес на свечената седница го обелоденија од здружението на граѓани „Богојавление“. Зошто Јоксимовиќ? Интенцијата на здружението била манифестацијата Водици да прерасне во Балкански настан.
„Значи ние почнавме меѓу нас како градска Охрид , потоа со Чифлиганец македонска, па сега одиме на балканска. За оваа година оценивме дека кумството треба да го добие Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески...
Post Views: 3
Можеби за ова не сте размислувале, но поедини производи кои секојдневно се околу нас, во поедини земји се забранети поради разни регулативи.
Издвојуваме неколку интерсни случаи кои ги објави BuzzFeed.
-Во училишните ресторани во Франција воведени се рестрикции за кечап.
-Киндер јајцата не смеат да се продаваат во САД поради регулативата спрема која во прехранбени производи не смеат во себе да содржат предмети.
-Видео играта Grand Theft Auto е забранета во Обединетите Арапски Емирати затоа што содржи призори на насилство, секс и дрога.
-Во Јапонија никој не поседува пушка...
Post Views: 6
Сите фирми кои во своето работење создаваат документација, според Законот за архивски материјали, мораа до крајот на минатиот месец до одделението на Државниот архив во Охрид, да достават План на архивски знаци и листи на архивски и документарни материјали.
Законската обврска на фирмите до крајот на месец ноември до подрачните одделенија на државниот архив да достават План на архивски знаци и листи на архивски и документарни материјали, крена многу врева во јавноста. Се поставија многу прашања, од тоа зошто се чекале последните денови, дали треба документацијата која...
Post Views: 2
Секоја година бројот на поднесени барања за родителски додаток расте за околу 50 нови пријави. Годинава до центарот за социјални работи во Охрид пристигнале 310 барања, а за споредба лани бројката изнесувала 260 додека во 2012 година 200 семејства добиле трето дете и побарале додаток. Динамиката е задоволувачка и очекуваме овој број да се задржи и во наредниот период, нагласува директорот на Центарот за социјални работи, Екрем Каљоши. Родителскиот додаток за трето дете изнесува 8.360,00 денари а се прима во текот на 10 години.
Службите се доведувани во ситуација...