Post Views: 2
Неколку семејства од струшката околина кои разбрале за великодушната понуда на луѓето од хотел Амбасадор, ја искористиле можноста дел од своите тековни работи, од одржување хигиена, затоплување, па и престој во хотелот додека трае ситуацијата со немање струја и вода поради проблемите со снегот. Стефан Николоски од х.Амбасадор вели дека идејата да им помогнат на сите засегнати семејства дошла спонтано откако две семејства уште во првите денови од снежното невреме дошле во хотелот да се загреат, по што Николоски им дал налог на вработените оваа услуга да ја нудат на сите...
Post Views: 0
Булеварот „Туристичка“ денеска изгледаше како автобуска станица.
Колона од неколку туристички автобуси, паркирани на коловозната лента од булеварот го отежнаа одвивањето на сообраќајот на нашата најголема улица. Еден извесен временски период, сообраќајот се одвиваше само по една сообраќајна лента, а со оглед на зимските околности, и мразот и снегот натрупани на работ од коловозите, ова значеше бавно одвивање на сообраќајот и револт кај возачите. Сликата не се промени до доцна попладне.
Туристи по сред коловоз го влечкаа својот багаж и го сместуваа во автобусите додека...
Post Views: 0
Македонците се задоволни од својата телесна тежина, ручекот останува нивни главен оброк, а диети не практикуваат многу често, освен кога постат. Ова го покажува истражувањето за начинот на исхрана спроведено од ГФК Групацијата.
Три четвртини од испитаниците изјавиле дека ручекот за нив претставува главен оброк во текот на работната недела, што претставува благ пораст во однос на истражувањето во 2009.
Според ГФК, ова можеби се должи на се подинамичниот живот кај македонските граѓани како и на нивната амбиција за проевропски начин на живот, каде што фокусот е ставен на...
Post Views: 3
Драстично намалениот број на деца кои ги користат услугите на детската градинка, ги примора надлежните во функција да го остават само централниот објект на „Јасна Ристеска“.
Студеното време, зимскиот распуст, но и поврзувањето на слободните денови за празниците од страна на родителите, драстично го намали бројот на дечињата кои ги користат услугите на детската градинка „Јасна Ристеска“. Розе Костоска директорката на градинката информира дека централниот објект ќе работи на 5-ти 8-ми и 9-ти јануари, додека објектите „Лихнида“ и „Развигорче“ се очекува да почнат со...
Post Views: 2
Од утре ригорозни мерки високи казни за оние кои го не го почитуваат законот за третман на медицинскиот отпад. Државата мора да се отрезни пред сериозноста на проблемот со медицинскиот отпад, велат од општинскиот комунален инспекторат.
Мора од некаде да се почне. Охрид како туристички град нема веќе да прави отстапки кога се работи за медицинскиот отпад. Истекува рокот за незаконското подигање на медицинскиот отпад од охридските здравствени установи. Според неодамнешните изјави на првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“ Сашо Алче, дека досегашниот начин на подигање на...
Post Views: 2
Сакаме струја, сакаме струја, сакаме струја…Вака денес го искажаа својот револт жителите од планинските охридски села Куратица, Свиништа, Расино, како и оние од Ливоишта и Вапила бидејќи веќе шести ден на екстремно ниски температури преживуваат без струја. Со транспаренти во рацете денес тие протестираа пред корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија барајќи повторно воспоставување на електрично напојување на овие критични места. Претставници од овие села, се сретнаа со раководителот на подружницата на ЕВН Македонија во Охрид.
„Дадено ни е ветување дека во наредните...
Post Views: 3
Работници со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30 000 денари, ќе може да искористат ваучери во вредност од 12 000 денари во некои од домашните хотели.
Повикот за аплицирање е објавен денеска од страна на Министерството за економија и ќе трае до 30 јуни и до овој рок сите граѓани кои ги исполнуваат условите ќе може да се пријават и да добијат ваучер.
-Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи во 2021 и предвидува издавање потврди/ваучери за туризам во вредност од 12 000 денари...
Post Views: 7
Дел од бензинските пумпи во Охрид ги точат последните резерви на горива. На двата патни правци кон Охрид од Кичево и Битола има забрана за движење на тешки моторни возила и цистерни со што се доведува во прашање редовното снабдување на охридските бензиски пумпи со гориво.
Од Лукоил информираат дека засега точењето на гориво се одвива нормално, но се трошат последните резерви. Три дена нивна цистерна чека во Битола да се укине забраната за да донесат гориво. Од компанијата велат дека ја следат ситуацијата и во првиот момент ќе интервенираат со вклучување на ...
Post Views: 2
Охридскиот бисер стана заштитен бренд на Македонија. Со тоа се става крај на злоупотребите некои трговци да им подметнуваат на купувачите копии, а не оргинални бисери. На овој чекор се одлучија семејствата Филеви и Талеви кои се единствените охридски семејства кои ја имаат тајната рецепта за правење на Охридскиот бисер. Формирале Здружение, направиле Елаборат преку Технолошко- метaлуршкиот факултет и и покажале на државата како го произведуваат, раскажува Михајло Филев. „ Врз основа на тој елаборат, Заводот за заштита на индустриско стопанство ни додели трговски...
Post Views: 8
Ако сакате да бидете сигурни дека во организмот внесувате само тоа што е најдобро дознајте зошто би требало да јадете и по некоја маслинка во текот на денот.
–Го штити крвотокот и го зајакнува имунитетот – Маслинките, а посебно црните, се антиоксидант кој делува како чистач на организмот од штетни супстанци. Тие му помагаат на телото да го исфрли холестеролот – лошите маснотии кои се таложат во крвотокот а со тоа ја намалуваат можноста од кардио-васкуларни болести. Исто така, маслиновото масло го зајакнува имунитетот и е совршен сојузник против алергии.
–Помага...
Post Views: 4
Континуитет во работата, подобрување на резултатите постигнати во 2014та година, модернизирање на објектите, но и надеж за поголема промоција на туристичките понуди на охридските хотелски капацитети. Ова се дел од желбите и очекувањата на охридските хотелиери, кои велат дека 2014та година е веќе минато и дека во оваа новата треба да се надградуваат постигнатите резултати во неа.
„Ако се посветиме, ако субвенциите продолжат да им се доделуваат на странски партнери кои што се сериозно заинтересирани за Охрид и таа пропагандна машинерија малку да се излезе надвор, да не...
Post Views: 9
Првото утро во новата 2015та година Охридската чаршија, кејот, угостителските објекти осамнаа со бројни туристи, претежно од нашето соседство. По најлудата ноќ во годината, бројните групи со туристи, ги искористија сончевите зраци за да прошетаат низ градот.
Иако на само ден-два пред дочекот на Новата Година хотелиерите и угостителите стравуваа од откажување на аранжманите и помала посетеност, сепак зимските услови, тешката проодност на патиштата, не ги поколебаа нашите соседи од Србија, Бугарија, Албанија, Грција, последните моменти од старата и првите моменти од новата...