vodomer

Пукнати водомери кај многу охриѓани поради ниските температури

Post Views: 6 Водоводната инсталација и водомерните броила не ги издржаа ниските температури. Денес, во нашата редакција, голем број граѓани се пожалија дека им пукнале водоводните броила и пукнати цевки во домовите. Граѓаните велат дека се обиделе да побараат помош од надлежните во МЈП Проаква, но никој не им одговарал на повиците. По многу обиди во сите служби на јавното претпријатие, дознавме дека истите нема да работат дури до четврток, но дека има дежурна екипа која би требало да одговара на повиците и да работи на отстранување на дефекти. Од јавното претријатие, редовно пред...

Continue reading

Alibaba стана највреден трговец

Post Views: 4 Откако, пред неколку дена, акцијата на Alibaba ја достигна рекордната вредност од 100,5 долари, кинескиот интернет трговец, Alibaba, стана највредната трговска компанија, во светот, по пазарна капитализација од 247 милијарди долари. Со тоа, кинеската компанија по тоа мерење, го престигна американскиот ланец на супермаркети Walmart, компанија која ја држи титулата на најголема светска трговска компанија по приходи. За да се изедначи со Walmart по приходи, Alibaba  ќе мора да потроши уште многу време и многу работа. Извештаите велат дека американската компанија со 11.000...

Continue reading

trpeza

Охриѓани, веста за христовото раѓање ќе ја дочекаат со скромна трпеза

Post Views: 8 Градскиот пазар полн со граѓани кои шетаат од тезга до тезга и ги споредуваат цените на костените, бонбоните, овошјето и зеленчукот, обидувајќи се да дојдат поевтино до намирници за прослава на Бадник и Божиќ. Како и секогаш, цените на производите пред секој голем празник одат нагоре, па така килограм костени кои се традиционален декор за овие празници ќе ве чини  стотина денари, а за да ги наполните  чиниите за овошје со килограм мандарини ќе ви требаат 50тина денари, портокалите се поефтини и ќе ги добиете 3 килограми за 100 денари. Еве што охриѓани ќе имаат на своите...

Continue reading

smet

Снегот и мразот го оставија сметот пред повеќето охридски домови

Post Views: 1 Сметот од пред охридските домови остана пред дворовите, обесен на оградите или во неподигнатите контејнери. Скоро една недела службите на Комуналец не го подигаа отпадот. Граѓаните се во недоумица дали воопшто да го вадат пред домовите во термините кога вообичаено сеп одигнува или не. Од Комуналец за состоојбата велат дека биле  принудени да го одложат подигањето на отапдот заради тоа што дале приоритет на  расчистување на снегот и мразот.   Од јавното претпријатие информират дека од денес  ќе се обидат да воспостават вообичаен ред.   Комуналниот отпад ќе почнат да го...

Continue reading

organska hrana

Промовирана интернет страницата “Органска Македонија“

Post Views: 10 Министерството за земјоделство во соработка со Федерацијата на органски производители изработи специјализирана интернет страница за органско производство. Страницата  www.organicmacedonia.org.mk е алатка која ќе ги даде основните информации за органската храна и на полесен начин, непосредно или директно, ќе ги поврзе потрошувачите со фармерите. Страницата нуди информации за количествата и за местата каде можат да се купат органски производи. Македонија располага со 3.000 хекатри органски житарици, околу 1.000 хектари фуражни култури, 350 хектари овоштарници, 245 хектари...

Continue reading

druzba

„Чорбарите“ по 11 години дружба станаа „ чорбаџии“

Post Views: 1 Осуммина пензионери, поранешни колеги од Застава, низ смеа за себе велат од чорбари станавме чорбаџии. Тихомир Арсовски, Зимониќ Љупчо, Китрозоски Славе, Христоски Бранко, Тодороски Стојан, Митроски Радован, Велоски Злате и Иван Белазелков, 11 години, секој понеделник, се состануваат на утринска чорба во ресторанот Европа. Поранешните колеги на тој начин се дружат и го продолжуваат пријателството. Оние кои не познаваат ни честитаат,  но немаат сила да не копираат, раскажува низ смеа Бранко Христоски еден од членовите.„Ние мислиме дека тоа копирање би било корисно за...

Continue reading

komunalci

Стружани можат да здивнат

Post Views: 1 Основниот суд од Струга го усвои барањето на ЈП „Комунално“ Струга и започнатиот штрајк на 8ми Април, го прогласи за незаконски. Во судското Решение, донесено вчера, се наведува дека штрајкот се забранува. Директорот Кутаноски вели дека од утре се продолжува со тековното подигање на отпадот, а за организаторите на нелегалниот штрајк, следуваат дисциплински постапки. {loadposition content9}

Continue reading

zdgrada Adora

Купен стан од „Адора инженеринг“ ве носи на зимување во Банско

Post Views: 2 По повод рекордната продажба на 302 стана во 2014-та година, Адора инженеринг ќе ги награди со зимување во Банско, сите купувачи на стан од овој градежен бренд од почетокот на годинава до 15-ти февруари 2015-та година. Со овој подарок, компанијата, лидер во високоградбата во Македонија и регионот, традицинално сака да им возврати за довербата и лојаноста на купувачите, со грижа, љубов, внимание и награди, со што продолжува и во 2015-та година. Адора инженеринг, синоним за докажано сигурна, квалитетна и економична еко градба, на крајот на 2014-та ја додели наградата...

Continue reading

АМБАСАДОРОТ НА ЈАПОНИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 6 Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Северна Македонија, Хиронори Савада. На средбата, соговорниците ги потенцираа добрите традиционални врски меѓу двете земји. Заеднички е констатирано дека има позитивен развој на билатералните односи помеѓу двете држави, за што се констатирани и можности за натамошно унапредување.

Continue reading

logo

Реакција на општина Охрид на соопштението од СДСМ

Post Views: 0 Општина Охрид им благодари на СДСМ -Охрид ,  што толку “будно“ и “загрижено“ ја  следеле состојбата со снежното невреме во Охрид ,  па наместо веднаш  да помогнат со личен пример во  расчистување на снегот   пред своите дворови, се огласија во јавност  со цинично соопштение  осум  дена  по  неговото  паѓање. СДСМ- Охрид ја изобличува вистината,  но фактите  говорат дека  сите  улици  во Охрид и патишта до најодалечените охридски села беа пробиени и проодни за сообраќај само неколку часа по невремето. Градоначалникот Никола  Бакрачески како ниеден  досегашен охридски ...

Continue reading

logo

OO СДСМ: Снегот во Охрид не успеа да го покрие срамот на охриѓани

Post Views: 5 Снегот во Охрид не успеа да го покрие срамот на охриѓани пред многубројните туристи кои престојуваа во градот за време на новогодишните празници. Само 25 сантиметри снег беа доволни да ја покажат и докажат целосната неподготвеност, неспособност и немоќ на надлежните општински служби да се справат со реалните проблеми на граѓаните. Врнежите од снег, на крајот од декември, за општинските власти во Охрид беа временска непогода од огромни размери, што ги изненади надлежните стручни служби. Туристите, кои едвај успеваа да пристигнат до хотелите, апартманите и вилите, беа...

Continue reading

Сликата која има моќ наскоро во јавност

Post Views: 3 Во Втората светска војна сликата во најголема тајност е пренесена од Торино во Рим бидејќи не сакале да падне во рацете на Хитлер, стравувајќи, спрема верувањата,  дека ќе му даде уште поголема моќ, пишува BBC. Каква и да била причината за нејзинот преместување, нејзината вредност ја потврдува фактот дека од целата колекција на сликите на Леонардо да Винчи кои се чуваат во Кралската библиотека во Торино, токму таа е преместена. Еден од најпознатите автопортрети на светот наскоро ќе биде достапен за јавноста. Станува збор за сликата на Леонардо да Винчи која е стара 500...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top