Post Views: 3
Под силно полициско присуство утрово започна уривањето на објектите на плажата „Куба Либре“ во Охрид Правните застапници на концесионерите обвинуваат за незаконска постапка. Велат има грубо кршење на законите , јавното наддавање се уште не е завршено по вина на локалната власт и не добиле решение за уривање.
„Сметаме дека има сериозно пречекорување на овластувањата од општината да решаваат надвор од правните регулации, односно раководење со крајбрежието на овој начин. Струјата е исклучена исто така противзаконски, објектот не работи очигледно имаме добра волја кај...
Post Views: 11
„Се работи за строго утврдена законска постапка во која што ние како чинители во тој процес едноставно немаме право на мешање во автономијата на училиштата во тој дел. Тоа е исклучиво надлежност на училишниот одбор кој што треба да ја донесе одлуката. Мислам дека заврши огласот согласно динамиката предвидена со закон, во текот на наредната недела, мислам дека треба да излезат со конкретен предлог.“-вели секретарот на општината, Димитар Спасески.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Во вторник започнува второто полугодие и редовното одвивање на наставата во основните и средните училишта од градов. Денес активот на директори од училиштата остварија работна средба со секретарот на локалната самоуправа, Димитар Спасески, на која беа предочени моменталните услови за работа во сите образовни институции и беше дискутирано околу предизвиците во нивното работење. Претседателот на активот на директори на основни и средни училишта, Јордан Пуроски, вели дека е задоволен од ситуацијата во охридските училишта.
„На ниво на град имаме многу добра комуникација...
Post Views: 2
Додатокот на Chrome пребарувачот е достапен за превземање и инсталација, иако од компанијата сеуште официјално не е објавено дека ова решение е и официјално новиот систем за управување со вашите web фаворити.
Порано беше објавено дека додатокот кој ќе ги организира вашите омилени страници ќе биде подигнат на повисоко ниво, дури и во јавноста беше и бета верзијата која тогаш се нарекуваше Stars, а сега се чини, дека пристигна конечната верзија на новиот Google Bookmark Manager.
Новиот управувач со фаворитите носи навистина сосем поинаков пристап, но прашањето е дали тоа...
Post Views: 13
Од охридскиот регионален одбор на Синдикатот за образование, наука и култура молк за престојниот штрајк на просветните работници. Никој не сака да го коментира денешниот состанок на општинската со претставници од синдикалните организиции, какоц став зазедоколу штрајкот и што ќе им препорчаат на колегите. Обидите да стапиме во контакт со претседателот на општинската организација Аце Речкоски останаа неуспешни. Телефонот беше исклучен и на Јаким Неделков, лидерот на СОНК. Она што го дознава ТВМ од неофицијални извори е дека кај наставниците во охридските основни...
Post Views: 19
8,2 степени целзиусови ќе изнесува температурата на водата во Охридското Езеро за големиот христијански празник Богојавление-Водици. Истата ќе биде дури за 1,3 степени пониска од лани кога, водата во езерото имаше температура од 9,5 степени целзиусови. Температурата на воздухот значително потопла и ќе изнесува од 7 до 8 степени. Токму ваквите температурни разлики според Сашо Точков од Црвениот крст може да бидат опасни за капачите. Порача тие да бидат особено внимателни.
„Треба да се внимава при влегување во водата, сите оние кои чувствуваат слабост, кои се здравствено...
Post Views: 0
Работно одбележувањето на денот на трудот 1 Мај со отпочнување на кампања за утврдување на минимална плата во државата, која не би требало да биде под 160 евра, најави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
„Наша проценка е дека многу подобро е да одиме со една ваква иницијатива, отколку демагошки да одиме по улици. Сметаме дека ова е многу поконкретна содржина и поприфатлива за работниците, отколку со неколку луѓе да прошетаме низ улиците “, изјави претседателот на ССМ, Живко Митрески.
Според него минималната плата би требало да биде над 160 евра, оценувајќи дека...
Post Views: 2
Ни повторените испитувања на квалитетот на водата кај плажата „Андон Дуков“ не го открија дефинитивно виновникот за загадувањето. По првите поразителни резултати кои говореа за најлош можен квалитет на водата кај оваа плажа од дури петта класа и според хемиските и според биолошките параметри, повторените испитувања велат дека езерото извршило самопрочистување, па сега квалитетот на водата кај „Андон Дуков“ е со втора класа. Д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје, вели дека при работата на терен биле забележани...
Post Views: 0
Во организација на Американската амбасада се одржа предавање во Струга на кое беа согледани американските искуства во оваа област и можноста за нивната примена кај нас.
Приватно јавно партнерство, начин за излез од кризата во која западна туризмот кај нас. Станува збор за еден од начините на финансирање на локалниот развој, кој може да биде применет и во сферата на туризмот. Владислав Жупан од Локалната самоуправа од Струга информира дека голем број проекти како на локално, така и на национално ниво стојат нереализирани токму поради недостигот на финансиски средства....
Post Views: 0
Од Анималиа алармираат згрозени сме од фотографиите и информациите добиени за Вевчанскиот карневал, кои покажуваат дека за време на неговото одржување се случувал садизам и се толерирало насилство врз животните. Најостро го осудуваме мачењето на животните кое се случило на улиците на Вевчани, За тоа сведочат бројни потресени граѓани и посетители кои приложија слики како доказ за овој морбиден чин.
На карневалот во Вевчани, неколку маскирани момчиња на стап врзале куче и го удирале со стапови. Кучето било мртво (не се знае дали овој морбиден чин или претходно било...
Post Views: 5
На 08.06.2021, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 61-годишно лице од селото Слатински Чифлик, општина Дебарца.
–При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се една ловечка пушка и 67 куршуми различен калибар кои ги поседувал без дозвола. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.-информираат од СВР Охрид.
Истиот ден, на 08.06.2021 година во 16,20 часот, во СВР Охрид приведен е 56-годишен маж од Охрид, поради агресивно однесување кон полициски службеник кој, на улицата „7 ноември“...
Post Views: 13
Од печат излезе Ревија со хронолошки настани објавени на порталот Ohridnews во 2014 година. Ова е прво вакво издание кое читателите ќе може да го набават безплатно. Целта ни беше да направиме една хронологија на настани кои ги обработи редакцискиот тим минатата година , информира Главниот и одговорен уредник на порталот Горан Момироски.
„ Се разбира ги издвоивме позначајните настани од општетсвеното, културно- забавно живеење и спортот. Ги посочивме позитивните приказни. Затоа што во 2014 година како и во секоја година се случуваат и убави и помалку убави...