Post Views: 0
Празникот Богојавление-Водици помина, но останаа коментарите на граѓаните околу се она што ја пропрати неговата организација почнувајќи од контроверзниот избор на кумовите па се до изјавата на митрополитот дебарско кичевски Г. Тимотеј кој отворено го нападнаЗдружението „Богојавление“ кое ја организира манифестацијата. Тоа и оваа година е најповикано околу слабостите кои се јавија. Потпредседателот на „Богојавление“, Митко Пендов признава дека ова е нивниот максимум во организациониот дел и дека тие веќе го достигнале врвот. Охриѓани велат дека треба да се размислува...
Post Views: 0
Куќата на Коле Котуш во стариот дел на Орхид иако претставува значаен културно историски објект оставена на забот на времето. Куќата е сосема руинирана и претставува опасност за бројните минувачи и туристите по улицата Цар Самоил. Сопствениците Љупчо и Јасминка Маслови секојдневно стравуваат дека куќата ќе се сруши, и не дај Боже некој ќе го земе на душа. Маслов кажува дека неколку пати преку писма, дописи и лични контакти укажувале до надлежните установи за опасноста од руинираниот објект, но до ден денес останале без одговор.
„Не почестија со елаборат и проект за куќата...
Post Views: 0
Mакедонските граѓани изгубените документи ќе може да ги објавуваат по електронски пат на интернет страната на Службен весник. www.slvesnik.com.mk. Ваквата услуга на сајтот на Службен весник ќе се наплаќа преку платежни картички, кои имаат поддршка во земјата.
Сите оние кои немаат можност по електронски пат да го надминат проблемот со објавата на неважечкиот документ, тоа ќе можат да го сторат во било која подрачна единица на МВР, каде што на шалтерите ќе можат да подигнат веќе подготвени уплатници, соодветни на документот што треба да го објават и да ја уплатат цената...
Post Views: 5
Динамиката на воспоставување кооперански односи на странските инвеститори со локални компании и ангажирање на што поголем број работни кадри од Охирд е една од суштинските потреби на градот. Ова денеска го истакна Градоначалникот Никола Бакрачески на средбата со проект менаџерот на фирмата ODW-elektrik, Огнен Цубалевски. Градоначалнкот беше запознат со досегашната реализација на оваа германска инвестиција во Охрид.
„Денес во текот на оваа работна средба ги видовме сите аспекти. И понатака ние како Локална самоуправа силно остануваме посветени на можностите да дадеме...
Post Views: 1
Кога се сака се се може. Од 20 до 25 овој месец во Охрид за прв пат се оддржува меѓународна ликовна колонија на телесно инвалидизираните лица. Македонскиот сојуз, настапува заеднот со претставниците на телесно инвалидизираните лица од Србија. Овие два сојузи веќе осум години се збратимени. Претседателот на Националниот Сојуз на телесно инвалидизираните лица на Македонија, Миодраг Игњатовиќ, вели дека од соседите од Србија години наназат црпеле искуства и стекнале големи знаења што веќе започнале да ги применуваат и кај нас. Претседателката на Северно Банатскиот реон,...
Post Views: 2
НП „Галичица“ по задолжение на Владата треба да го измени планот за управување во неговите граници и да се овозможи градба на три големи проекти. Треба да се изработи стратешка оценка на тие измени како градбите како што се експресниот пат Охрид -Пештани – Албанска граница, скијачкиот центар и развојната туристичка зона Љубаништа ќе влијаат врз животната средина, напоменува д-р Оливер Аврамоски, раководител на сектор за зачувување на природата во НП Галичица.
„ Наша цел е преку изготвување на тие измени, со студија и стратешка оценка да кажеме што ќе биде засегнато...
Post Views: 11
„Во врска со објавите на социјалните медиуми за водата која се влива во реката “Црн Дрим“ пред Мостот на Поезијата, сакаме да ја известиме јавноста дека се работи за зголемена матност и содржина на железо.
Оваа вода, се јавува периодично при автоматско чистење на филтрите од топлотните пумпи на Хотел Дрим, кои служат за затоплување и ладење.
Апелираме до порталите да не шират дезинформации во јавноста, а за конкретни информации да се обратат кај надлежните служби на Општина Струга.
Во понеделник екипа од Јавно здравство Охрид, ќе направи анализа на водата и за тоа...
Post Views: 0
Родители до редакцијата на ТВМ реагираат дека се изненадени од веста за новата скоро двојно повисока цена која ќе ја плаќаат за полудневен престој на нивните деца во градинка. Цената за полудневен престој со ручек ќе се зголеми од 806 на 1490 денари , колку што чини и целодневниот престој.
Директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска негира дека станува збор за нов ценовник туку за измени.
„ Сумата која досега се плаќала од 806 денари била заостаната од 2004 година и се однесувала на деца кои користеле само воспитно-образовни активности од 9 до 11 часот. Сега...
Post Views: 7
Конкретен бенефит од самата средба е можноста на оптината бесплатно да ги претстави туристичките потенцијали на Охрид на престаојниот саем на почетокот на месец јуни во градот Нингбо.
Висока кинеска делегација од градот Нингбо денес во посета на Општина Охрид. Никола Бакрачески, Градоначланикот на Општина Охрид истакна дека остварена е плодна и конструктивна средба на која е оценето дека туризмот е приоритетниот заеднички интерес за двата града, поточно дека оваа средба е убав начин за отворање можности за привлекување на туристи од НР Кина кои би го посетиле Охрид....
Post Views: 1
Цената на златото ги изненади инвеститорите уште во првата половина од 2013 година. Во времето на кризата, златото се чинеше како добра заштита на имотот и заштедите, а тоа и ја имаше таа функција во кризни и воени времиња откако е измислена трговијата.
Меѓутоа, цената одеднаш падна од проиближно 1.700 долари по унца (31,103 грама) на околу 1.200 долари. На многумина тоа се чинеше како добра прилика за купување и дека таа цена не може да оди пониско, но се измамија. Цената и понатаму продолжи со паѓање па минатиот петок изнесуваше само 1,161 долар по унца.
Експертите...
Post Views: 1
Одделението за радиологија при Општа болница Охрид е ладно и нема санитарни јазли. Пациентите реагираат дека во сред зима во чекалната премрзнувале со саати. Овој проблем не е нов и е добаро познат на раководството на оваа установа. Првиот човек Љубен Арнаудов, појаснува дека објектот каде што се вршат рентген снимања е многу стар и тешко дека за брзо време работите во тој дел можат да се променат.
„Таму таваните се високи по 5-6 метри, огромни простории се и во најдобар случај не можат адекватно да се загреат, плус чекалните се директно на ладен воздух, бидејќи постојано...
Post Views: 5
Средношколка од Охрид на час по физичко образование паднала и се здобила со повреда на левата рака заради што во специјалната болница Св Еразмо и поставиле гипс. Родителот на ученичката кој сака да остане анонимен, за ТВМ обелодена дека секоја година плаќале по 100 денари за училишно осигурување, но и покрај тоа, кога се случила незгодата осигурителната компанија не и платила ниту денар обештетување иако уредно ги доставиле сите потребни документи.
„Ги поднесов јас лично документите, прво поднесов фотокопија со изјава од девојчето како се случило, потоа ми рекоа не фотокопија...