Post Views: 0
Пчеларите од охридско деновиве се соочуваат со помор на пчелите. Велат дека пчелите се отруени поради несовесно и невнимателно прскање на овошјето со пестициди. Штети во пчеларниците забележале пчелари од Орман, Косел, Ливоишта, Вапила, Лескоец, Велгошти, Оровник, Подмолје, Мешеишта, Долно и Горно Лакочереј, Требеништа. Пчелните семејства кои се во јуни најразвиени со овој помор се преполовени. Тони Јосифоски, којшто е претседател на здружението на пчелари од Охрид вели од 90 кошници едвај успеал да спаси 50 пчелни семејства.
„Овоштарите, сигурно ненамерно ни нанесоа...
Post Views: 2
Учениците од Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, организираа хуманитарна акција за помош на семејствата од поплавените подрачја низ Македонија. Се собираа прехрамбени продукти, средства за хигиена и вода за пиење.
Во акцијата се приклучија и наставниците кои исто така донираа разни намирници, но и парични средства преку телефонските броеви за поддршка на хуманитарната акција.
Собраните средства ќе бидат доставени до Црвен крст – Охрид, од кадешто истите ќе бидат дистрибуирани до потребните места. Младите од охридската Гимназија изразија надеж...
Post Views: 0
Жителите на улицата Сатеска 40 во Даљан, се опоравуваат по последните врнежи од дожд и снег кои поплавија, влезови, гаражи и подруми. Теренските екипи на Центарот за јавно здравје денес вршеа дезинфекција на поплавените простории од станбените комплекси кои беа најпогодени. Како што истакна претседателот на Заедницата на сопственици на станови од оваа улица Гоце Тасески, станарите бараат поголема одговорност од надлежните и преземање конкретни чекори за надминување на нивниот проблем со кој што се соочуваат години нананзад.
„Алармирани се сите институции, запознати...
Post Views: 6
“Ако воопшто дојдам во Србија нема да се занимавам со моето лекување туку со сите сили ќе се посветам на освета”, им порачал Шешељ, од Хаг, на српските дипломати, јавува Blic.
Со оваа закана Шешељ наводно порачал и дека нема да прифати ничии гаранции и услови. Единствено што го интересира е трибуналот да го ослободи.
Судскиот совет на Хашкиот суд (ICTY) вчера одлучи, лидерот на српските радикали, на кого здравствената состојба му се влошила, да го ослободи привремено за да може да добие соодветна здравствена помош во попримерна околина.
Српските медиуми пренесоа дека...
Post Views: 0
Продолжува праксата на Локалната самуоправа ударните дупки низ охридските улици да ги крпат со камени плочи. Овој пат место бекатонските плочки какао досега се користат гранитни. Теренските екипи на ЈП „Нискоградба“ по налог на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, од пред неколку дена ги крпат ударните дупки на улиците „7 ми Ноември“, „Кленоец“ и „Питу Гули“. Откако ќе се подобрат временските услови активностите ќе продолжеле по ул „Егејска“, „Туристичка“, „Даме Груев“, „Димитар Влахов“, „Марко Цепенков“, „Пере Тошев“ и други улици на периферијата на општината....
Post Views: 20
Охриѓанецот Славе Банар годинашен лауреат, добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“. Поемата „Амбар“ едногласно избрана за најдобра поема за 2014та година помеѓу петнаесет други пристигнати поеми.
Лауреатот, Славе Банар вели дели дека тој само чекорел по стапките на Прличев кои ги следел целиот свој живот.
„Се чувствувам малку повластено, се чувствувам по малку на некој начин благословено што успеав да продолжам во еден од најтешките жанрови, поемата која досега е ненадмината после Прличев и навистина не само што ми беше среќен моментот на добивањето...
Post Views: 2
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во своите предизборни програми најавија дека ќе ги субвенционираат каматите на станбените кредити, како и дека ќе плаќат дел од ратите во име на граѓаните. Ваквите мерките кои ги најавија партиите доколку се реализираат тоа најверојатно нема да биде порано од една година па затоа од Агенциите за недвижности коментираат дека тоа ќе значи стагнација во продажбата на станови. Граѓаните кои сериозно биле заинтересирани да купат нов стан сега најавуваат дека ќе ги чекаат ветените државни субвенциии и поевтините станови.
Банките се резервирани во поглед на...
Post Views: 0
Издадено цеде со аудиозапис од животот на поетот и преродбеникот Григор Прличев. Александра Белеска, директор на охридската библиотека, е автор на цедето посветено на Прличев, вториот Хомер. Ова е продолжение на првиот дел од аудио записот издаден минатата година, а содржи моменти од животот и творештвото на Григор Прличев. Цедето ќе може да се позајмува од охридската библиотека Цедето е издадено во 30 примероци, со финансиска помош на министерството за култура, а техничката обработка на Славчо Спростран.
„ Библиотеката за прв пат добива материјал во аудио форма...
Post Views: 4
Иднината на Македонија е во нејзината мултиетничка младина, која на полето на образованието има постигнато голем напредок. Ова е констатација на американскиот амбасадор Филип Рикер.
Американскиот амбасадор Филип Рикер во посета на Струга. Состојбата во двата средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ беше причина за Рикер да го посети овој град. Тој потенцира дека видлив е напредокот во овие училишта во однос на соживотот и комуникацијата помеѓу учениците од различни етнички групации, а покажа и задоволство од тоа како се трошат средствата во висина од 200 000...
Post Views: 0
Новост во крпењто на Ударните дупки во делови од градот.Отсега бекатонските крпеници ќе се заменат со гранитни. Улица со најмногу оштетувања но и со интервенции токму со бекатон плочки е булеварот „Туристичка“.
Повеќе информации гледајте во дневникот на ТВМ.
{loadposition content9}
Post Views: 8
Во мај и јуни голем број на собирачи на шумски плодови бараат помош од Планинската спасителна служба. Дел од нив се дезориентирани, се губат во планина, а дел се повредуваат. Причина честопати е метеоролошката нестабилност, наглото влошување на времето и појава на поројни дождови.
„Според нашата статистика генерално некаде околу 70% од несреќите на кои интервенираме се интервенции врз локално население. Најголем број на територијата на општина Охрид, но и на останатите општини. Иако статистички бројот е помал тоа не значи дека нема несреќи. Најголем број од селата под...
Post Views: 1
Општинската организација на Црвениот крст од Охрид се приклучува на апелот за помош на населението во поплавените подрачја во Источна Македонија.
Моментално потребна е помош во флаширана вода и средства за хигиена, кои можете да ги доставите во магацинските простории на Црвениот крст од Охрид. Својата донација претходно треба да ја најавите на телефонскиот број 046 261 909 или на телефонскиот број 070 315-309.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
-Жиросметка на Фонд на солидарност 300000001327966...