nesreka

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода на ул.„15 Корпус“

Post Views: 1 Сега починатиот во критичниот момент се обидувал да ја премине улицата на необележан пешачки премин. Притоа, во него удрило патничко моторно возило марка „Пасат“ со охридски регистарски таблици кое од селото Лескоец се движело кон Охрид. За кратко време на местото на тешката сообраќајна незгода пристигнало возило на брза помош при што од медицинските лица била констатирана смрт. На лице место извршен е увид во присуство на јавен обвинител како и полициски екипи од СВР Охрид. По наредба на јавниот обвинител, во текот на денов врз телото на сега починатиот ќе биде извршена...

Continue reading

donacija

Наметки, бањарки, детски пижами, постелнини-донација за болницата „Св.Еразмо“

Post Views: 3 Приватната Клиничка Болница „Аџибадем Систина“ од Скопје со донација од околу 3000 парчиња медицински униформи, бањарки, пешкири, ноќници, детски и машки пижами, наметки, постелнина за потребите на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид. Директорот на „Св.Еразмо“, д-р Митко Тилев вели дека тие секогаш работат во интерес на пациентите и подобрување на квалитетот на услугите. „Пред се благодарам до вас и вашиот менаџерски тим на Аџибадем Систина за оваа донација што се состои од текстилни артикли што ќе придонесат за подобрување на квалитетот...

Continue reading

mvr

Закажување термин за биометриски лични документи преку интернет

Post Views: 10 Министерството за внатрешни работи ја пушта во употреба новата интернет страница која е попрегледна и нуди повеќе информации и услуги за корисниците. Најголемата новина е можноста граѓаните преку интернет страницата да стапат во контакт со повикувачкиот центар каде досега закажуваа термини за аплицирање за биометриски лични документи. Преку притискање на полето означено како „Контакт-центар“, заинтересираните граѓаните имаат три опции и тоа: да закажат термин за аплицирање за вадење на личен документ, да побараат проверка на веќе закажаниот термин доколку го смениле...

Continue reading

гравче

Македонско -словенечки специјалитети се крчкаа во охридското угостителско училиште

Post Views: 8  Охридски и словенечки ученици по готварство подготвија заеднички ручек. Во кујната на средното угостителско  училиште Ванчо Питошески вредните ученици работеа заедно на подготовка на традиционални рецепти, се дружеа и запознаваа. Учениците од словенечкото Ново Место беа во двонеделна работна посета на сродното охридско училиште. Од оваа  соработка се задоволни и  словенечките и охридските ученици.  „Пробавме македонско тавче гравче , македонска риба, вкусна храна поинаква од онаа што ја имаме дома. Прекрасно е да се вкусат други јадења“, кажува Патришиа Лекша.     „Искуствата ...

Continue reading

logo

Јавна дебата за ранливите категории

Post Views: 16 Претставен Локалниот акционен план  за помош на лицата со попреченост. Останува на локалната и центрелната власт да изнајде начин како вистински да им се помогне на овие лица.Проблeмот со пристапноста реален и присутен и пред почетокот на јавната дебата. Еден од учесниците не можеше да дојде до малата сала на општината без помош од сограѓаните. „Предлог-Акциониот план е реазултат на 6-месечната активност на работната група составена од претставници на Општината, организациите на лица со попреченост и јавни институции од областа на социјалната заштита, здравството,...

Continue reading

pat Velestovo

Велестово виде асфалт после 32 години

Post Views: 2 Први камиони асфалт во Велестово после 32 години. Денес започна реконструкцијата на патниот правец Охрид-Велестово финансирана од страна на Агенцијата за патишта на Република Македонија. Проектот е вреден 164 илјади евра, а истиот ќе се реализира во две фази. Во првата фаза, со околу 80 илјади евра ќе се реконструира делницата на влезот во селото, додека во втората фаза ќе се реконструира почетната делница од бензиската пумпа кај Билјанини Извори до зградата на НП „Галичица“. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека реконструкцијата на овој пат за локалната е од...

Continue reading

Се зголемува синдикалната кошничка за месец мај за 180 денари

Post Views: 6 Синдикалната кошничка за месец мај 2021 година е зголемена за 180,00 денари во однос на месец април 2021 година. Според Сојузот на Синдикати на Македонија, вредноста на синдикалната минимална кошница за мај 2021 година изнесува 34.156,00 денари. Само за последните два месеци таа е зголемена за повеќе од 400,00 денари, вели Стевчо Маслов, секретар на регионалната канцеларија на Сојузот на Синдикати на Македонија од Охрид. „Ако продолжи со вакво темпо на зголемување во просек од 200, 00 денари месечно до крајот на годинава нема да бидат доволни ни три минимални плати...

Continue reading

sertifikati

Доделени сертификати за бесплатните курсеви на 32 учесници

Post Views: 1 Одбележана 106 годишнината од смртта на охридскиот преродбеник Кузман Шапкарев. Денес во НУ „Григор Прличев“ во просториите на библиотеката на пригодна манифестација беа доделени сертификати на 32 учесници за бесплатните курсеви по англиски, германски јазик и информатика, организиран од Локалната самоуправа при општина Охрид. Бакрачески во своето излагање до присутните се обрати со краток говор за значењето на нашиот Козма, познатиот Кузман Шапкарев, и воедно на учесниците им ги врачи сертификатите.   „Водени од ентузијазмот на нашите предци и предизвиците кои ги наметна...

Continue reading

hidrobioloski

Белвицата десеткратно повеќе се лови поради зголемените риболовни основи

Post Views: 1   Се подобрува состојбата со рибниот фонд во езерото. Тоа е резултат на тоталниот мораториум  кој се воведе од 2012та година кога повторно езерото се даде под концесија, тврдат од Хидробиолошкиот институт во Охрид. Последните резултати од вештачкиот мрест на пастрмката се охрабрувачки бидејќи за пократок период собрани се поголем број зрна икра. Каква е состојбата со белвицата не може да се увиди на овој начин бидејќи за оваа специфична и автохтона риба не се врши вештачки мрест. Нејзината градба не го дозволува тоа. Контрола се врши преку експериментален риболов во...

Continue reading

Се ближат празници, проверете дали пиете премногу

Post Views: 1 Се ближат месеци со многу празници па не би било лошо да се размисли за тоа колку пиете или колку ќе испиете, како и тоа какви ризици носи тоа со себе. Indipendent издвои неколку прашања на кои можете и сами да си одговорите и да проверите дали пиењето на алкохол ви претставува проблем. Колку единици алкохол дневно би требало да конзумирате? – за мажи се препорачува 3-4 единици во денот, додека за жени 2-3 единици. Исто така, се препорачува секој да има два или три безалкохолни денови во неделата. Луѓето често не се свесни колку единици има некој одреден пијалок и лесно...

Continue reading

ораторство

Почнаа ораторските средби за охридските основци

Post Views: 3 Симона Кркачоска, шесто одделенка  од ОУ„ Живко Чинго“ од Велгошти, е дел од 8-те учесници кои ќе настапат  на ораторските средби во чест на Григор Прличев. Својата вештина за сценски настап ќе ја презентира со изведување на дел од поемата „Сердарот“ од охридскиот втор Хомер. „ Очекувам да се изразувам слободно  и да не се плашам додека глумам или рецитирам пред други луѓе, споделува  Симона за своите очекувања од овој натпревар. Ѓоко Чингоски, директор на ОУ „ Живко Чинго“ од Велгошти  го поздравува овој настан. Напоменува дека е значаен  за децата да се дружат, но...

Continue reading

Пајаковата мрежа од кабли на охридските улици ќе биде расчистена, најавуваат надлежните компании

Post Views: 8 На улицата Петар Чаулев денес се менуваше оштетена бандера на Телеком. На столбот има мрежа од кабли од  телефонски жици, но и на кабловските оператори. Од Телком се надеваат дека денешниот зафат е последниот од бројните оштетувања настанати од снежното невреме. Граѓаните кои имаат сознанија за други оштетувања на бандери, а за кои Телеком засега нема сознанија е отворен за соработка со граѓаните. Дефектите  може да се пријавуваат на безплатниот број 0 800 12345. Раководителот на регионалниот центар на Телеком, Никола Дуданов ги појаснува нивните ингеренции во делот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top