Post Views: 6
Чешката компанија ИЦС системи од Карлови Вари ќе го модернизира јавното осветлување во Охрид. Постапката за избор на партнер за осовременување на уличното осветлување била долга како што нагласи Димитар Спасески секретарот на општина Охрид, бидејќи била водена по моделот на Јавно приватно партнерство. Согласно физибилити студијата, Спасески кажа дека приватниот партнер ќе има обврска да инвестира 3 милиони и 570 илјади евра во модернизација на системот за осветлување и конкретно појасна што ќе биде заменето.
„Замена на постоечките светилки вкупно 7 627, со лед енергетски...
Post Views: 1
Др. Вера Новевска, научен советник, во пензија, со 35 годишен стаж во Хидробиолошки Завод Охрид, реагира на ставот од оваа институција во однос на Студенчишкото блато, изнесен на вчерашната седница на градскиот совет. Вознемирувачка беше информацијата, изнесена од Хидробиолошки завод на седницата на Советот на Општина Охрид, одржана на 27. 03. 2015 год, вели др Новевска и додава:
Познато е и научно докажано, дека блатото и колкав дел од него да е останат, претставува најдобар филтер на сите води кои гравитираат кон Езерото и со тоа го заштитуваат. Овој екосистем претствува...
Post Views: 6
Околу 240.000 невработени лица од денеска ќе мора да извршат пререгистрација за да добиваат бесплатни сини картони. Сите невработени ќе треба да пополнат Изјава за приходите кои ги оствариле минатата година, врз основа на што ќе се утврди дали ќе имаат право од 1 септември да добиваат сини картони на товар на државата или сами ќе плаќаат за нив.
Овој процес ќе се врши на шалтерите на подрачните единици на Агенцијата за вработување и на шалтерите на подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување. Изјавите ќе се пополнуваат во наредните два месеци.
Социјална...
Post Views: 4
Урбанизацијата на локалитетот Студенчишко блато жежок костен на денешната седница на совет. Градските избраници од опозиционите редови побараа конечно да се каже и тоа не од лаици, туку од експерти дали и колку има остаток од некогашното Студенчишко блато и до каде се неговите граници. Паушалниот одговор на ова прашање даден од Др. Ленче Локоска, преставничката на Хидробиолошки завод дека можеби има , а можеби и нема блато, кај опозиционерите предизвика револт и во најмала рака го оценија како несериозен.
Блато има тоа го покажа и студијата направена во 2011год. И тоа...
Post Views: 4
Случајот за неисплатени патни трошоци на Даниела Будиноска за која што ТВМ пишуваше пред околу еден месец без епилог. Како што веќе ве информиравме Будиноска е на дијализа веќе 15 години. Нејзината здравствена состојба е влошена. Покрај тоа таа секојдневно е под тензија заради дополнителните грижи. Будиноска вели дека и покреј ветувањата на директорот на Фондот за здравство Косто Фармакоски дека ќе и бидат надохнадени сите неисплатени сметка таа се соочува со нов атак од надлежните, нејзиното барање е одбиено.Будиноска рече дека неможе да ја разбере тортурата што ја...
Post Views: 1
Предлог Заклучок за усвојување на Информацијата за реализацијата на деталниот урбанистички план кај локалитетот Плаошник отвори широка дебата помеѓу охридските советници на денешната 38 седница на Совет. Дејан Блажески советникот на ЛДП обвини дека освен политичко експозе на градоначалникот не виделе никаква релевантна информација за Плаошник и како сето тоа ќе се одрази врз Охрид.
„Почитувани видовте дека безидејни се, видовте дека зборуваат дека возобновуваат нешто а напротив градат гротескни градби, видовте дека манипулираат со најниските чуства на луѓето а тоа се...
Post Views: 4
Вевчани, живописната рурална општина, станува привлечнa се повеќе не само за домашните, туку и за странските гости. Општината работи на подобрување на инфраструктурните капациети и намерата е да биде еколошки „Зелена општина“. Со овие адути, за оваа летна сезона жителите покажуваат интерес за проширување на сместувачките капацитети кои недостасуваат за сместување на гостите во Вевчани, информира Сашо Јанкоски градоначалник на општината.
„Тука кубуриме со мал број на легла. Но, гледам голем интерeс кај локалното население и интенција за пренамена на капaцитетите во...
Post Views: 2
Ударните дупки низ охридските улици повторно се отворија. Не издржаа бекатон плочките со кои службите од локалната пред нецел месец ги санираа дупките. Дополнително, во нивна непосредна близина се отворија и нови. Од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици признаваат дека ситуацијата е таква, но велат дека уште во месец јануари тие изготвиле акционен план за трајно решавање на овој проблем и пополнување на дупките со асфалт.
Со оглед на тоа дека локалната неодамна веќе започна со асфалтирање на патниот правец Охрид-Велестово, најавуваат дека за скоро време ќе...
Post Views: 2
Се ближи 28 март, денот кога се одржува „Часот на планетата Земја”. Ова е најголемата акција на граѓаните од целиот свет, обединети во заедничко гасење на светилките, како порака дека не сакаме климатски промени туку здрава планета.
Македонија оваа година го руши минатогодишниот рекорд на исклучени локации, па така оваа година бројката надминува над 60 локации низ целата Република кои ќе го исклучат осветлувањето во траење од еден час.
Часот на планетата Земја е глобално еколошко движење креиарно од WWF (Светската фондација за дивиот свет). Како една од првите кампањи...
Post Views: 0
Европскиот парламент не е задоволен со големата доминација на Google на пазарот на пребарувачи и ќе побара одвојување на пребарувачот од другите сервиси на компанијата. Овие информации се објавени на Fiancial Times,а пренесува Cnet, чии новинари го контактирале портпаролот на Европскиот парламент, но од оваа институција сеуште никој не им одговорил, но одговор нема ниту од Google иако наводно биле бесни поради ова.
David Balto, адвокат специјализиран за случаеви со монополи, коментирајќи го ова барање на европскиот парламент рекол дека не може да се сети на некој друг...
Post Views: 10
Дел од точките на дневниот ред на денешната 38-та седница на Советот на општина Охрид, се и Предлог Заклучокот за усвојување на Информацијата за реализацијата на деталниот урбанистички план кај локалитетот Плаошник како и Предлог Заклучокот за усвојување на Информацијата за текот и постапката за урбанизација на локалитетот Студенчишко блато.
Повеќе информации во Дневникот на ТВМ ТелевизијА во 17 и 22:00 часот.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Охридските туроператори како домаќини ќе ја претстават туристичката понуда на градов на петтиот по ред меѓународен саем за туризам-Скопје Травел Маркет. Денес градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од туристичкиот саем како и стопанската комора на Македонија за туризам, договорија, Охрид да биде домаќин на овој меѓународен саем кој се одржува во рамките на познатиот Скопски саем. Според Бакрачески, овој саем, во голема мера ќе придонесе во поефикасното промовирање на туристичката понуда на градов.
„Да ги презентираат своите туристички продукти, да ги презентираат...