Post Views: 1
Ова ќе биде дуел за престиж, односно за први и единствени бодови на континенталното првенство, историско за Македонија.
Сонот на многу генерации е остварен, а денешниот меч со „лалињата“ ќе биде посебен за нашиот капитен Горан Пандев кој најави дека го игра последниот натпревар за Македонија во кариерата.
– Секој меч за мене во репрезентацијата е емотивен и сигурно дека ова за мене ќе биде посебен натпревар. Среќен сум што се опростувам на едно големо натпреварување, бидејќи мојот сон, не само мој, туку на сите, се оствари, изјави Пандев.
Во нашата група се среќеваат...
Post Views: 18
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 11.04.2015год. (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија„ и населба „Охридати“.
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.„Механизација”...
Post Views: 11
Вечерва ќе се држи бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви, со почеток во 18,30 часот.
Утре 10.04.2015 – ВЕЛИКИ ПЕТОКНАУТРО: Царски часови со Вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 7 часот.Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Богородица“ – Каменско.
ВЕЧЕРТА: „Оплакувањето и опело на Христа“, почеток во 19 ч.Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Ѓорѓи“ – Охрид.
11.04.2015 – ВЕЛИКА САБОТА НАУТРО: Вечерна со Василиева Литургија во црквата „Света Богородица“ –...
Post Views: 1
Google неодамна додаде нова можност која им овозможува на крајните корисници да ги проверат активностите на своите google профили. Со други зборови, главната поента е можноста корисникот да може да провери кои уреди се пријавувале на нивните сметки, и исто така можат да ја проверат нивната активност, што може да биде од голема важност за вашите податоци.
За да се избегнат несакани ситуации, а сите знаеме што се случува кога некој ќе има достапност до вашиот профил, односно ако воочите некаква сомнителна активност на вашиот кориснички профил секако е препорачливо да се...
Post Views: 0
Во охридската чаршија на две локации се гради. Во близина на Али пашината џамија кај Чинарот отстранети се времени објекти за што граѓаните реагираат дека се подготвува теренот за градење. Во Амамот пак, се преземаат градежни зафати на дуќан поради што граѓаните се прашуваат дали смее да се менува ликот на трговскиот центар граден според идејно решение. Директорката на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска за ТВМ вели дека и за двата зафати не се побарани конзерваторски услови со кој заводот дава одобрение што е дозволено, а што не да се прави на објектите. Додава...
Post Views: 3
Ристе Мишев директор на ЈП Билјанини извори даде отчет за работењето на претпијатиоето во изминативе две години. Во овој период успеавме да го стабилизираме финансиското работење на претпријатието, истакна при тоа Мишев. Долгот на претпријатието е намален за 2 милиони и 204 илјади денари и се обезбедени средства за спортските објекти. Претпријатието долго време го мачеше долг за неисплатена електрична енергија кон ЕВН Македонија.
„ Тоа е најголем проблем со кој се соочуваме ние. Склучивме конечно договор за сервисирање на долгот кон ЕВН со посредство на Локалната...
Post Views: 0
Управата за јавни приходи преку јавно соопштение побара обврзниците за радиодифузна такса кои не извршиле плаќање на јавната давачка во законскиот рок да го сторат во најкусо време, бидејќи даночната администрација ќе отпочне со присилна наплата на нивните долгови.
Плаќањето на радиодифузната такса за претходниот месец треба да се изврши најдоцна до 15-ти во месецот, а во случај на задоцнето плаќање надвор од законскиот рок се пресметува камата од 0,03% за секој ден задоцнување.
Граѓаните и фирмите можат по сопствено изјаснување да извршат плаќање на радиодифузната...
Post Views: 8
Денес во Охрид се одржа чествување по повод 200 години од раѓањето на хрватскиот културен деец, бискупот Јосип Јурај Штросмаер, познатиот голем народен добротвор. Иницијативата за едно вакво одбележување во Охрид потекна од М-р Разме Кумбароски, изјави директорката на НУ библиотека „Григор Прличев“, Александра Белевска. Таа истакна дека Штросмаер се што успеал да направи во животот било во знакот на доблеста, која до особен израз дошла со поддршка за издавањето на капиталното дело Зборникот на Миладиновци. За животот и делотo на Штросмаер се обрати М-р Разме Кумбароски...
Post Views: 1
Уште малку време останува додека не се дознае името на новиот претседател на стушкиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Како што е познато местото на предвреме завршениот мандат на адвокатот Славко Котески, сеуште е празно и за него претендираа многу членови на оваа партија. Како што ТВМ дознава, од добро упатени извори на партијата, во најтесниот круг, кои биле повикани на разговор кај премиерот се: Надица Николоска – началник на Пазарен инспекторат, која се смета за еден од посериозните кандидати, Виолета Џутеска – просветен инспектор, Гоце Божиноски – електро инжинер, Симон...
Post Views: 2
Одлуката за одржување на осветлувањето во општина Охрид преку Јавно приватно партнерство тема на денешната пресс конференција на општинската СДСМ. Со ваквата одлука општината се откажа од приход во висина од 5милиони евра кој ќе влезеше во буџетот на општината во наредните години, рече координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски. Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги внесат овие средства во градскиот буџет, тие “великодушно” ги отстапија на приватна компанија од Чешка, додаде тој.
Аргументите за исплатливоста на инвестицијата во јавното...
Post Views: 1
Летото започна денес на северната хемисфера на Земјата, односно утрово во 5 часот и 32 минути, а во истовреме започна и зимата на јужната хемисфера.
На денот на почетокот на летото ноќта е најкратка, а денот е најдолг и ќе трае 16 часа и 28 минути.
Летото на северната хемисфера започнува во моментот кога насоката на северниот дел на Земјината оска е најблиску до Сонцето, а на тој ден висината на Сонцето на пладне е најголема во текот на годината.
Post Views: 1
Православните верници се подготвуваат за Велигденските празници. Неизбежен дел од празнувањето е и богатата трпеза на која се собира семејството на свечен ручек. Граѓаните кои сакаат да се гостат со јагнешкото месо од својот буџет ќе треба да издвојат 365 денари за килограм. Во споредба со минатата година јагнешкото месо е поефтино за 30 денари, информираат охридските месари. Гоце Каранџулоски од месарата „МИК“ Св Николе, вели дека поминало времето кога муштериите купувале по цело јагне за Велигден. Годинава не купувале ниту половина, само четвртина од јагнето колку...