Post Views: 8
Генералниот секретар на Интерпол, Роналд Кенет Нобл, е во работна посета на Македонија.Тој денеска ќе се сретне со Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и со директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски.
Како што информираат од МВР, на средбите раководството на МВР и генералниот секретар Кенет Нобл ќе разговараат на повеќе теми околу досегашната соработка меѓу двете институции.
Post Views: 1
Навремено и безбедно евакуирани учениците и персоналот од средното економско училиште во денешната показна вежба на спасувачките служби од градов. Во оваа успешно изведена симулација на пожар во средното училиште „Кирил и Методиј“, имаше и три заробени лица од кои едно со скршеници на потколеница, едно во бесознание и едно дезориентирано лице.
„Го практикуваме тоа секоја година, со институциите, со Центарот за управување со кризи, со Дирекцијата за заштита и спасување, СВР, Итната медицинска помош, и секако екипите на Црвениот крст, и нормално ТППЕ од Охрид. Можам да...
Post Views: 3
Во должина од 32 километри, вљубениците во велосипедизмот и природните убавини се обидоа Националниот парк Маврово да го промовираат како место кое македонските и меѓународните туристимора да го посетат.
Одржана втората Мавровска тура. Овој спортско рекреативен настан беше во организација локалната самоуправа од Селото Ростуше, Националниот парк Маврово, Македонската велосипедска федерација и амбасадата на кралството Холандија во нашата земја. Турата и реконструираниот плоштад Маврово, ги отворија амбасадорката Симеоне Филипини, градоначалникот на Маврово и Ростуше,...
Post Views: 2
На малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ љубителите на театарската уметност ќе имаат ретка прилика да уживаат во генијалната интерактивна изведба во времетраење од 60 минути. Ликот на Зоран Радмиловиќ го игра Иван Томашевиќ, кој се јавува и како текстописец на истоимената монодрама. Режијата е на Андреа Ада Лазиќ.
-Оваа приказна е заснована на паралелниот однос помеѓу Салиери и Моцарт, нашиот актер и гениалниот Зоран Радмиловиќ. Колку и да приказната за актерот тешка, за публиката е комична што беше наша цел, вели Томашевиќ.Охридско Лето и Народниот...
Post Views: 0
Унеско има забелешки и за културното наследство. Потполно е изменет ликот на старото градско јадро во Охрид. Една од забелешките е несоодветна реставрација на староградските куќи. Недостатоци се нотирани во реконструкцијата на крововите на куќите кои наместо со ќерамиди и стара техника покриени се со современи материјали.
Друга забелешка е поставување на антени, клими, соларни системи, кои што ќе мора да бидат отстранети.
„Повеќе имаме проблеми со некои надградби, доградби, дивоградби и недозволени елементи кои се додаваат најчесто на староградските куќи. Сето тоа е...
Post Views: 3
Државјанин на САД на возраст од околу 60 години смртно настрадал при пад од зграда во центарот на Охрид. Немилиот настан се случил вчера попладне по 16 часот.
На местото на настанот увид изврши јавен обвинител. Иако истрагата се уште е во тек.
Засега не се соопштуваат повеќе информации за случајот кој ја вознемири охридската јавност.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Намалувањето на 50 милиони долг на општината, изградбата на игралиште на вештачка трева, асфалтирани улици и патишта, воведување на две нови авио линии кон Охрид-се само дел од реализираните проекти во двегодишниот мандат, со кои денес градоначалникот Никола Бакрачески се обрати на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ. Бакрачески истакна дека сите проекти кои ги реализирале се одговор до луѓето кои биле скептични што се може да се постигне за Охрид. Постигнатото, според Бакрачески било тешко остварливо поради ситуацијата во која општината била затекната.
„50те милиони евра...
Post Views: 1
Врховниот суд на Иран ја потврдил одлуката на казнениот суд во Техеран кој 30-годишниот Сохеил Араби го осуди на смрт со бесење поради фотографијата која ја поставил на Facebook. Се работи за кадар на нежност помеѓу татко и ќерка кој судот го прогласил за “навреда на пророкот” за што е предвидена смртна казна.
“Ужасно е некој да биде осуден со бесење само затоа што на интернет поставил нешто што други го сметаат за навреда. Иран мора што побрзо да поработи на казнените мерки и да ги исфрлат одредбите кои изразуваат слободна воља и го сметаат за злосторство, посебно...
Post Views: 7
Во повеќе од половина од сите случаи на респираторни вирусни инфекции непотребно била препишана антибиотска терапија. Ова е загрижувачки податок кој произлегува од истражување спроведено минатата година со кое биле опфатени 107 доктори од примарна медицинска заштита. Денес во Охрид на Првиот Симпозиум за рационална употреба на антибиотици, беа презентирани резултатите од досега обработени една третина од вкупно 12 000 прашалници со епизоди на акутна респираторна инфекција. Доктор Катерина Ставриќ, координаторот на Центарот за семејна медицина нагласи дека симпозиумот...
Post Views: 4
Доколку сакате да патувате со такси превоз од Охрид до Струга, Битола, Скопје или било кој друг град во земејава задолжително треба со име и презиме да бидете евидентирани во дневникот на патници кој треба да го поседува секој лиценциран авто таски превозник. Тоа го предвидуваат најновите измени во Законот за патен сообраќај во делот на вршење авто такси превоз. Таксистите не сакаа јавно да коментираат како овие измени би се рефлектурале врз нивната работа, но, од една страна сметаат дека оваа законска одредба ќе донесе повеќе проблеми во авто такси превозот а од друга...
Post Views: 1
Со 70 гласови за, пратениците го поддржаа владиниот кабинет кој по трет пат го предводи премиерот Никола Груевски. Од присутните 117 пратеници, 47 гласаа против, а немаше воздржани. По свечените изјави, премиерот и министрите заминаа на свечен прием кај претседателот Ѓорѓе Иванов.
Новиот владин тим е составен од 15 министри од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Во шест ресори остануваат исти министри – Гордана Јанкулоска за внатрешни работи, Зоран Ставрески за финансии, Елизабета Канческа-Милевска за култура, Миле Јанакиески за транспорт и врски, Иво Ивановски за информатичко...
Post Views: 7
Од 1.05. 2015 е забранет риболов на крапот и кленот во водите на Охридското Езеро.
Забраната за риболов на кленот и крапот започнува денес, а ќе трае се’ до крајот на месецов, 31-ви мај.Се информираат сите спортски риболовци, дека продолжуваат забраните за риболов за останатите видови риби, и тоа:– тече забраната за видот на риба писа, која започна на 15-ти април, се’ до 15-ти мај.– за скобуст важи забраната за риболов за ист термин од 15-ти април, до 15-ти мај– црна мрена забраната ќе започне од 15-ти овој месец, се’ до 15-ти јуни годинава.На сливот на Охридското Езеро...