sednica

Утре 39-та седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 7 На дневен ред ќе се најдат предлог-одлуката за усвојување на програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2015 година. На оваа издание на седницата на Советот, советниците ќе треба да се произнесат и по предлог-одлуките за усвојување на измените и дополнувањата на развојната програма за изработка на урбанистички планови за Oпштина Охрид во 2015 – 2017 година и за поништување на постапката по огласот за воспоставување на договор за јавно приватно партнерство за модернизација, проширување и одржување на системот за јавното осветлување...

Continue reading

koktel

Во Охрид ќе биде избран барменот на Македонија

Post Views: 2 Преку триесет бармени од целата земја ќе земат учество и ќе се претстават во две категории: класична подготовка на коктели и флертендинг. Првата категорија подразбира претставување на натпреварувачите со свои авторски коктели чија техника на приготвување, изглед, вкус и арома ќе бидат оценети од стручна комисија составена од претставници од земјава и од странство. Во втората категорија, учесниците исто така ќе се претстават со свој авторски коктел кој ќе го приготвуваат со акробациски движења и елементи на жонглирање со барската опрема. Натпреварувачите ќе започнат со...

Continue reading

ramazan

Започнува муслиманскиот свет месец Рамазан

Post Views: 10 За верниците со исламска вероисповед денеска почнува муслиманскиот свет месец Рамазан, кога пророкот Мухамед го објавил Куранот. Рамазан е период во кој исламските верници се молат и постат од изгрејсонце до зајдисонце, апстинирајќи од секаков вид храна. Рамазан е месец на молитви и добри дела. Во текот на Рамазан припадниците на исламот треба да се чуваат од злодела и лоши мисли. Припадниците на исламот кои не можат да постат во текот на Рамазан, должни се да ги постат пропуштените денови, кога ќе имаат можност. Доколку во текот на Рамазан ненамерно се прекине постот,...

Continue reading

roditelski gimnazija

Родителски средби во гимназија поради бојкотот на наставата

Post Views: 1 Поради сериозноста на актуелната состојбата поврзана со бојкотот на наставата од страна на учениците во ОСУ „Св.Климент Охридски“,  менаџментот на  ова охридско средно училиште закажа родителски средби  за трета и четврта година. Целта, според нив, е  дискусија  со родителите околу  надминување на проблемот и враќање на учениците  во редовна настава. Родителските средби се закажани за  06.05.2015 год. во 18 часот и 30 минути.  

Continue reading

Ruski grb

Руски бизнисмени заинтересирани за инвестиции во Македонија

Post Views: 6 Руските бизнисмени  заинтересирани да инвестираат во Република Македонија, тврдат од Сојузот на руско-македонските друштва. Претседателот Јордан Горчев вели дека засинтересираност за инвестиции има, но дека се зависи и од светската економска криза која  сеуште e присутна кај нас. Но и покрај се благодарение на  руско-македонските друштва се купија неколку недвижности, додава Горчев.– Проблемите се за сите инвеститори како домашни така и странски. Да се надеваме дека во брзо време тоа ќе се надмине и во инвеститорите од Русија тоа многу брзо ќе се реши. Ние размислуваме...

Continue reading

ох. лето

Охрид се побогат со културни настани

Post Views: 4 Охрид се побогат со културни настани. Заедничката соработка помеѓу Националната установа, Фестивалот „Охридско лето“ и охридскиот Народен театар, вроди со плод. Охриѓани се почесто можат да видат престави кои се играат надвор од границите на државава.  Денес во охридскиот Народен театар гостува монодрамата „ Зоран Радмиловиќ“ од сцена „ Маска“ –Шабац, Србија. Охридско лето на овој начин ја потврдува својата стратегиска определба  да ги промовира културните вредности не само во деновите додека трае фестивалот туку и во текот на целата година, вели Елизабете Јанкулоска...

Continue reading

ОБУКА НА ВОЗДУХОПЛОВНИОТ ВИНГ ВО ОХРИД

Post Views: 7 Како дел од активностите на воздухопловниот ВИНГ, а во соработка со локолната самоуправа од Охрид во четврток (24.06.2021г.), во период од 16 до 19 часот пред Кампот за обука  на АРМ кај каналот „Студенчишта“ се планира реализација на „Отворен ден за јавноста“ каде што граѓаните ќе можат да видат дел од  леталата и опремата со која што располага Воздухопловниот ВИНГ. Обуката е дел од Годишниот План  –  Календар за Обука на Воздухопловниот ВИНГ . Активноста  е дел од подготовките за планираната НАТО вежба за кризен менаџмент „Северна Македонија 21“ водена од НАТО – Евроатлантскиот...

Continue reading

deca

Закочија работите околу отварањето на паралелката на градинката „Јасна Ристеска“ во село Пештани

Post Views: 1   Закочија работите околу отварањето на истурената паралелка на градинката „Јасна Ристеска“ во село Пештани која требаше да профункционира уште зимава. Парите кои беа добиени од УНИЦЕФ за оваа намена не се доволни, објаснува директорката на градинката, Роза Костеска. Објаснува дека поголемиот дел од нив биле инвестирани за отварање на паралелката во населбата Радојца Ниовичиќ. Но и Пештани ќе ја добие ветената паралелка, вели директорката. Преку ТЛЕР аплициравме до бугарскиот конзулат. Доставен е проектот и целокупната документација. Се надеваме дека набрзо ќе ни одговорат...

Continue reading

dupka

Попуштил поставениот тампон на свлечиштето кај ОУ Св.Климент Охридски

Post Views: 1 Попуштил поставениот тампон на свлечиштето во близина на ОУ Св Климент Охридски. Љупчо Танески, раководител на  одделението за комунален развој, сообраќај и улици, тврди дека екипи на ЈП Нискоградба реагирале по прилогот на ТВМ и УЗ Стар град за појавеното свлечиште во близина на основното училиште. Но, по две недели вградениот тампон повторно почнал да се лизга и се појавил истиот  проблем, вели Танески. Кажува дека минатата недела екипи на ЈП Нискоградба повторно излегле на терен и направиле увид. „ Беше  заклучено дека повторно треба да се тампонира и набие местото...

Continue reading

Како да препознаете старо јајце за неколку секунди

Post Views: 1 Свежите јајца се вкусна намирница кои совршено се сложуваат со многу јадења. Вечната дилема со која се среќаваме е дали јајцата се свежи кога ги купуваме. Ако сакате да сте сигурни во ова направете ги овие три теста за кои ќе ви се потребни неколку секунди. Тест 1 – Во длабок сад или чаша наполнете вода. Јајцето нежно ставете го во чашата и набљудувајте што се случува. Свежото јајцево потполност ќе потоне и ќе се залепи на дното. Малку постаро јајце со еден дел ќе остане на дното а со дел од неговата површина ќе се подигне нагоре. Јајцата кои плутаат на површината се...

Continue reading

vinarii Debrca

Ќе се градат винарски визби во општина Дебрца

Post Views: 4 Ќе се градат винарии на три парцели неизградено градежно земјиште во непосредна близина на Мешеишта. Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, смета дека овие парцели ја добиваат вистинската намена особено поради фактот што токму во овој дел на општина Дебрца и тоа како успева виновата лоза. „Се работи за винарски визби кои што ќе значат многу, не само за општина Дебрца, туку и за целиот регион, за развој на туризмот пред се, меѓутоа и развој на земјоделието. Според проектната документација треба да се изградат винарски визби кои што ќе можат да нудат и угостителски...

Continue reading

математика

Бронзен медал и пофалница за охридските олимпијки по математика во Минск

Post Views: 0 Успешно претставување на охридските математичарки на женската олимпијада во Минск.  Теодора Бујароска се врати со бронзен медал, а Сања Симоновиќ  со пофалница.  Двете беа дел од четиричлената македонска  репрезентација на овој меѓународен математички натпревар. На Бујароска и Симоновиќ  ова не им е прв пат да ги бранат националните бои при одмерување на знаењата во математиката.  Тие се задоволни  од  успехот постигнат во Минск во мошне силна конкуренција. Задоволството е уште поголемо  затоа што  успехот се должи само на нивната самостојна работа и посветеност кон...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top