Post Views: 7
Од Охрид за време на летната сезона ќе се лета за Базел и за Лондон, што за патниците ќе значи поедноставен транспорт, нови можности за туризам и бизнис, а за концесионерот зголемени приходи.
Од ТАВ Македонија информираат дека се зголемува бројот на патници, но и на компании кои оперираат од домашните аеродроми.
– Откога ТАВ раководи со двата аеродрома во Република Македонија имаме големо зголемување на бројот на патници и на авиооперации. За 5 години растот изнесува 75%, што на крајот доведе до тоа, лани да ја натфрлиме бројката од милион патници. Во моментов од скопскиот...
Post Views: 15
Пред нецел час на струшката плажа Галеб забележани се три безживотни тела на повозрасни мажи. Се претпоставува дека се удавени во водите на Охридското езеро. На местото на настанот сеуште не се пристигнати екипи на ОВР Струга ниту пак Истражен судија. Индентитетот на жртвите не е познат. Сите информации во моментов се сведуваат на шпекулации. Повеќе во Дневникот на ТВМ во 17:00 часот.
{loadposition content9}
Post Views: 3
Градежната компанија „Адора инженеринг“ и фондацијата професор д-р Ванчо Чифлиганец, во чест на одбележувањето на денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, во понеделник, 25 мај 2015 година, во 11 часот ќе подарат симболична донација на Охридската библиотека „Григор Прличев“.
Станува збор за книгата „Можеш и ти“, од авторот Венко Андоновски. Се работи за биографска книга за проф. д-р Ванчо Чифлиганец, познат стопанственик и успешен бизнисмен, своевиден прирачник за деловниот успех за сите оние кои се на почетокот на својот професионален пат.
Со донации...
Post Views: 1
Жителите на Подмоље и Оровник секое лето се соочуваат со недостаток на вода за пиење. Деновиве за време на топлотниот бран чешмите во овие места повторно секнаа. Капацитетот на бунарите е мал за да се снабдат неколку села и аеродромот. Надлежните за водоводот, од комуналното претпријатие Дебрца со нова бушотина за вода во Требеништа ќе го решаваат проблемот.
На само 500 m метри од Охридското езеро жителите на Подмоље и околните населени места без вода за пиење. Најавите на метеоролозите за портокалова фаза и високи температури жителите на ова место ги пречекаа со загриженост....
Post Views: 5
Секторот за внатрешни работи Охрид, го пронајде и го повика на разговор косовскиот државјанин А.Б. (30) од Приштина. Истиот, на 22 овој месец, во полициската станица во Струга беше пријавен за исчезнат.
Пријавител беше неговиот татко И.Б. (65) од Приштина, според кого, утрото околу 9 часот А.Б. ја напуштил куќата во Струга каде заеднички престојувале. По добиениот детален опис, работејќи на реализација на пријавениот настан, полициските службеници, вчера во раните утрински часови го забележаа А.Б. на кеј „Македонија“ во близина на пристаништето во Охрид.
Со него беше...
Post Views: 0
Вчера на стрелиштето во битолската касарна, се одржа Државно првенство во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма на кое учество зедоа околу 30 -тина стрелци од државава во сите категории и конкуренции.
Михаил Шишкоски повторно ја донесе радоста за стрелачкиот клуб ,,Охрид“. Тој веќе континуирано ја докажува својата надмоќ во светот на македонското стрелаштвото, повеќе од 3 години. Оваа победа е надоврзување на низата државни рекорди и први места. Со резултат од 577 кругови тој го остави зад себе второпласираниот за цели 22 кругови!
Напоменуваме дека на...
Post Views: 4
Со продорниот звук на тешкото ѕвоно, генерацијата првооделенци од 1959та/60та година од ОУ „Св.Климент Охридски“ денес повторно се сретна во ученичките клупи.Искрени прегратки, радост, неверување и по некоја скриена солза.
Срцата не успеаа да ги скријат силните емоции на една генерација што се обединува после цели пет децении. Се расприкажаа меѓу себе, некои се дружеле сите овие години, некои сега повторно се запознаваа, некои ги оставиле своите сегашни животи патувајќи илјадници километри за да се видат со луѓето со кои пред многу години ги делеа ученичките клупи, фудбалската...
Post Views: 2
Ширењето на Нинтендо на мобилниот пазар се шпекулира со години, но сега најверојатно тоа може и да се случи. USPTO (United States Patent and Trademark Office) неодамна извести дека Нинтендо поднел патент за “Hand-held Video Game Platform Emulation” во САД. Патентот ги специфицира плановите на компанијата за да би се овозможило на корисниците да ги играат старите Gameboy игри на своите мобилни уреди.
Најпознатите класици на Нинтендо како што се Марио, Зелда и Покемони веќе се појавија на AppStore, но не и официјално. Најголемиот предизвик се јавува во проектирањето на...
Post Views: 0
Во име на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Охрид, во пресрет на 23 Мај упатувам честитка до припадниците на влашката заедница во Охрид по повод Националниот ден на Власите.Влашката заедница во Охрид отсекогаш била посветена и лојална на својот град . Секогаш сплотена во заедништво со останатите заедници придонесувала за развојот на Охрид и за негова промоција како културно историска вредност низ светот, воедно внесувајќи се во економската изградба на Градот и неговата иднина. Охрид , чувствувајќи...
Post Views: 1
Власите насекаде во светот, денес слават. 23-ти мај е Национален ден на Власите, кога во 1905 година, турскиот султан Абдул Хамид Втори, за прв пат ги признал Власите како посебен народ, со документ во кој им дава право да го користат својот мајчин јазик, да организираат школи на влашки јазик да имаат право на одржување на богослужба на влашки јазик, да публикуваат книги и списанија на влашки јазик, како што изјави Драги Коровешкски претседател на здружението „Луниња“.
„Многу често се поставува прашањето на што се должи во тој момент признавањето на власите. Најверојатно...
Post Views: 1
За три дена завршува законскиот рок за поднесување на барање за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти, односно за нивна легализација, а министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски уште еднаш информира дека продолжување на рокот нема да има. – Ова е последната можност граѓаните кои се засегнати со ова прашање да може еднаш засекогаш да го решат и да почнат постапка за стекнување на сопственост на својот објект. Продолжување на рокот нема да има, изјави Јанакиевски.
Според инфирмациите од општините, до сега се поднесени вкупно 219.331...
Post Views: 6
Над 120 фолклористи од осум градови од југо-западниот крај на Републикава, со староградски рефрени, изворни песни и ора од руралните средини, денеска учествуваа на 13 тата Фолкорна ревија која по трет пат се одржува во нашиот град. Со 15 минутен настап нашите пензионери прикажаа како некогаш се славела охридска визита со слатко, леблеби, ракија сок и визитарски колачи. Порано на визитите било многу весело, се пеело, свирело, но редот се знаел, кога доаѓа нова тура на гости тие што биле порано дојдени, станувале. Амбиентот кај славеникот бил со газиени ламби, бидејќи...