• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Со новата бушотина кај Требеништа ќе се решава проблемот со водoснабдување во Подмоље и Оровник

Со новата бушотина кај Требеништа ќе се решава проблемот со водoснабдување во Подмоље и Оровник

Жителите на Подмоље и Оровник секое лето се соочуваат со недостаток на вода за пиење. Деновиве за време на топлотниот бран чешмите во овие места повторно секнаа.

 |   | 

Жителите на Подмоље и Оровник секое лето се соочуваат со недостаток на вода за пиење. Деновиве за време на топлотниот бран чешмите во овие места повторно секнаа. Капацитетот на бунарите е мал за да се снабдат неколку села и аеродромот. Надлежните за водоводот, од комуналното претпријатие Дебрца со нова бушотина за вода во Требеништа ќе го решаваат проблемот.

На само 500 m метри од Охридското езеро жителите на Подмоље и околните населени места без вода за пиење. Најавите на метеоролозите за портокалова фаза и високи температури жителите на ова место ги пречекаа со загриженост. Дел од нив во дворовите имаар  разни резервори затоа што немање вода, чести прекини во снабдувањето или рестрикции им се повторуваат со години.

„ Повеќе денови сме без вода.  Имам и стока за која треба вода. А за бавчата имам пумпа и мотор. Една стара жена горе што живее има преку 80 години , нема вода, а сама живее. “

„Јас сум од Битола и само што пристигнав. Тука живеат свекор ми и свекрвта и вечно нема вода, а кога има е матна. “

„ Овде ако пуштат вода, другите долу немаат вода . Многу е слабо. “

„ Со водата никако сме. На оваа жештина да немаш вода е страшно, во ова време . Купувам вода, ми помага комшивката да ја носам на угорницава. Тешко е. Ќе биде, ќе биде ни велат, ништо од тоа еве со години. По 2000 марки плативме самопридонес чисто само за ова село.  Сами си  ја носевме водата , општината нема удел, а сега за сите давачки општината не пронаоѓа.  Нема лето а да има вода. “

„Скоро 30 години сме тука и секое лето се соочуваме со немање вода за пиење. Иако сме дале придонес, сме дале пари за водовод. Разговарав со општината ми рекоа дека ќе ни обезбедат пумпа .“

Жителите од повисоките делови каде состојбата е полоша се жалат и на тоа дека нивни соселани ги налеваат градините и бавчите и дополнително го усложнуваат проблемот. Тие што имаат градини пак велат дека за наводнување користат пумпи и хидрофори а вода за пиење купуваат.

„ Сами можете да проверите дека нема вода. Ние сме малку пониско колку толку има, јас имам  и пумпа , немам толку проблеми ама за другиве луѓе е тешко. Кој сака нека дојде да провери јас вадам од мој хидрофор. “ – вели жител на Подмоље.

Со водоводот, изграден од самопридонес на мештаните, стопанисува општина Дебрца иако Подмоље територијално припаѓа на Општина Охрид.   Од иста мрежа  со вода се снабдуваат повеќе села и аеродромот Св Апостол Павле.
Проблемот со намалениот капацитет на бунарите посебно во летниот период надлежните ќе го решаваат со нива бушотина  во Требеништа со која ќе се снабдува Горенци и Аеродромот. Со тоа целиот капацитет од бунарите од Св Еразмо ќе биде наменет за водоснабдување на Подмоље и Оровник

„Точно е дека на месното население беше дадено ветување, но иста така е точно дека се работи на случајот и ветувањето се реализира и е во финална фаза периодов. Од населението очекуваме разбирање и уште малку трпение. Апелираме на рационално трошење на водата за да не доаѓа до недостиг. Пумпата во моментов е вклучена, додека ја испраќаме оваа изјава истата е во функција и го уверуваме населението дека проблемот ќе биде целосно решен во следните 2 дена. – за ТВМ изјави Игор Крцоски, директор на ЈП за комунална дејност „Дебрца“

Од Јавното претпријатије ги информираат жителите на Подмолје и Оровник водата што ќе протече од чешмите во следните пет дена да не ја користат за пиење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top