svr

Охриѓанец омаловажувал полициски службеници

Post Views: 2 Поради постоење основи на сомнение за сторено дело согласно законот за прекршоци против јавниот ред и мир, СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Р.В. (44) од Охрид. На петти овој месец, пријавениот на јавно место извршил нарушување на јавниот ред и мир со вербален напад, омаловажување и навредување на полициски службеници кои во моментот извршувале службени задачи од областа на безбедноста. Настанот се случил во 11 часот и 30 минути на крстосницата на булеварот „Туристичка“ со улицата „Распаќе“ во Охрид каде полициските службеници вршеле...

Continue reading

shtipska pastrmajlija

И официјално “штипската пастрмајлија” стана бренд

Post Views: 9 Општина Штип и официјално го доби сертификатот со кој се озаконува брендирањето на „Штипската пастрмајлија“. Локалната самоуправа планира да се дизајнираат специјални налепници за угостителските објекти со кои ќе се информира дека во соодветниот ресторант се подготвува брендираната „Штипска пастрмајлија“. Угостителите за тоа ќе плаќаат симболичен паушален надомест на годишно ниво. Угостителите надвор од Штип кои сакаат на своето мени да ја подготвуваат брендираната „штипска пастрмајлија“ ќе плаќаат посебна сума изготвена по посебен тарифник. Сите субјекти кои подготвуваат...

Continue reading

knigi pastrmka

Битката за спас на охридската пастрмка доби ново поглавје

Post Views: 1 Ново поглавје во вечната битка за зачувување на ендемичната охридска пастрмка. Дипломираниот инженер-агроном и независен екологист, Лазо Наумоски, во едно научно книжевно издание, под насловот „„Битка за спас на охридската ендемична пастрмка од нејзино истребување“ дава еден сеопфатен увид врз предизвиците во заштитата на пастрмката. Според него, оваа надалеку препознатлива охридска риба се наоѓа во една кризна ситуација, па дури и дека се наоѓа на прагот на истребување. Причините за тоа, Наумоски ги гледа во начинот на нејзин излов. „Мислам дека и понатаму е во криза...

Continue reading

Gjorgi Trpcevski

Државата има пари за колиби, но не и за пензионерски дом

Post Views: 7 Со свечена академија се одбележаа 64 години од постоењето на Пензионерската организација во земјава. Здружението  на пензионерите од Охрид и Дебрца за прв пат со свечена академија го одбележа својот ден. Претседателот на здружението Ѓорѓи Трпечески  при тоа потсети на изминатиот период и на сите проблеми со кои се соочувале пензионерите, а тешкотиите биле надминувани. Тие бараат достоинствено третто доба, а се надеваат дека со владината стратегија за стари лица 2010-2019 популацијата ќе се вклопи во системот на државата.Во Здружението на Охрид и Дебрца во моментов членуваат...

Continue reading

Црвен крст Охрид доби контењер за донирана облека

Post Views: 7 Алфа банка – Охрид на ОО на Црвен крст на им донираше Контењер. Неговата намена е да се користи како место, каде сите хумани граѓани ќе имаат можност да донираат облека. Ваков контењер за прв пат се поставува во општина Охрид вели секретарот на Црвениот крст Мимоза Ставрева. Таа нагласи дека овој контењер претставува олеснителен начин како за граѓаните така и за Црвен крст за прибирање и распоредување на донираната облека. „Од 2009 година заедно со групацијата Алфа Банка, конкретно со експозитурата во Охрид имаме континуирана соработка по повод  волонтерскиот ден на...

Continue reading

Денеска се прославува празникот Сите Светии

Post Views: 0 Овој празник се празнува во манастирот „Си Свети“ во селото Лешани, во неделата по Духовден и меѓу народот повеќе е познат како Сисвети. Празникот се однесува на сите светци. Црквата го востановила за заедничко сеќавање и празнување на сите светии. Се празнува за да им се оддаде почит на оние светци чии имиња не се познати како поради нивната бројност така и поради тоа што нивниот култ во одредени краишта не заживеал. Споменот на овие светци се празнува заедно со споменот и на оние светци што имаат и посебни празници, за да се покаже дека сите верувале во еден Исус...

Continue reading

Дали педесетгодишниот дрворед на улицата „Кузман Капидан“ ќе се исече?

Post Views: 23 Група граѓани, жители на ул. „Кузман Капидан“ до Градоначалникот, Секретарот, Советот на Општина Охрид, Инспекциските служби, како и до Комисијата за превземање на мерки и активности за отстранување на дрва на територијата на Општина Охрид, доставиле барање за ургентно санирање на дрворедот на оваа улица. Во барањето се наведува дека дрвата се стари 60-70 години и дека некои од нив се исушени, деградирани и енормно високи. Граѓаните предлагаат да се исече целиот дрворед и да се засади нов, а целиот простор хортикултурно да се уреди, како и да се постават клупи и канти...

Continue reading

Најубав двор во Охрид

Post Views: 0 ЖЦ „Бисера“ и годинава ја спроведе оваа акција која станува традиционална. Сребра и Перо Тодороски после 42 години работа во Германија пред шест години се вратиле во Охрид и создале едно прекрасно катче за живот. Нивниот дом се наоѓа на периферијата на градот, на ул. „Петрино“ бр.57. Нема патник намерник кој поминува тука да не подзастане за да се восхитува на нивниот прекрасен двор. Поплочени патеки, многу цвеќе, трендафили, сардели, убаво обликувани зеленики, прекрасна фонтана се дел од ова оплеменето парче земја. Сребра вели дека сето тоа се должи на нивниот труд...

Continue reading

migranti

На патот кон подобро утре, мигрантите минуваат низ нова голгота-дознајте како да им помогнете

Post Views: 5 Охриѓани самоиницијативно се мобилизираат за помош на мигрантите кои секојдневно пешачат долж железничките пруги во Македонија. Немилите настани во кои бројни мигранти ги загубија своите животи во потрага по подобро утре, наголемо го отворија прашањето за третманот на нелегалните мигранти во земјава и законската регулатива која нив ги третира. Поведени од овие причини, најпрво поединци, самоиницијативно започнаа со непосредно помагање на мигрантите кои секојдневно ја поминуваат грчко-македонската граница транзитирајќи кон некои од западноевропските држави. Во моментов,...

Continue reading

Русија се заканува со освета

Post Views: 0 Русија, пред состанокот на шефовоите на дипломатиите на Русија и САД, запретила со освета кон САД поради носењето на законот кој допушта наметнување на нови санкции кон Москва поради мешањето во конфликтот во Украина. Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров треба да се состанат денес во Рим. Лутината на Москва ја предизвика текстот кој го изгласал Конгресот, а именуван е како “чин за поддршка на слободата на Украина” кој беше донесен едногласно во двата дома на американскиот Конгрес. Во текстот се допуштаат нови санкции против Русија...

Continue reading

pazar

Избрано идејното решение за затворениот градски пазар се чека усвојување од Министерство за транспорт

Post Views: 3 Идејното решение за изградба на затворениот градски пазар веќе избрано, се чека официјално усвојување од страна на Министерството за транспорт и врски. Во фазата на изработка на идејни решенија за пазарот стигнале четири проекти, но најприфатливо и за министерството за транспорт и врски и за локалната самоуправа било она на архитектот Вангел Рафтоски од Струга. Како што не информираа од АД „Илинден“ од Струга, фирмата приватен партнер на локалната за изградба на пазарот, ова идејно решение е веќе дадено на усвојување во Министерството за транспорт и врски. Сопственикот...

Continue reading

prsten

„Инженерски прстен 2015“

Post Views: 3 Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска (05 јуни 2015 година, петок) ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2015“ на најдобрите дипломирани студенти коишто ги негуваат инжeнерските дисциплини. Традиционалната манифестација „Инженерски прстен“ која е во организација на Инженерската институција на Македонија, а под покровителство на претседателот на Република Македонија,  д-р Ѓорге Иванов, претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји. Доделувањето...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top