Post Views: 12
Нова, потенцијално фантастична опција на Skype е претставена пред околу еден месец, а од сега е достапна во продукциска верзија за сите оние кои се регистрирале.
Skype преведувачот во реално време е дефинитивно нешто што многумина ќе привлече во морето на апликации за гласовна, видео и текстуална комуникација да го изберат токму решението на Microsoft. Под мотото “рушиме јазични бариери” од сега сите оние кои се регистрирале за новата услуга можат несметано да го користат Skype “real time translator”. Сепак, моментално во полна верзија ќе можат ова да го користат оние...
Post Views: 1
133 патници од Англија слетаа на охридскиот аеродром Св Апостол Павле. Гостите беа пречекани со традиционалната церемонија за добредојде, воден мост околу воздухопловот, девојки облечени во народни носии, закуска со погача и сол и торта за добар старт на новата рута. Туристите од Лондон кои допатуваа беа претежно млади луѓе кои одлучиле дел од својот годишен одмор да го поминат на Охридското крајбрежје.
„ Од Полска сум. Дојдов од Лондон. Слушнав за убавините на Охрид. Сакам да го истражам езерото и Македонија.„ Патуваме и ја одбравме Макеоднија за одмор“. „ Пријатели...
Post Views: 2
Пензионерите од Здружението на Охрид и Дебрца и во третото доба се активни на многу полиња. Тоа го потврдуваат постигнатите успеси во текот на целата година, информира претседателот Ѓорѓи Трпчевски. Резултатите со бројни, од освоени пехари и први места во спотроски дисциплини, така и во фолклорни ревии и презентации на културните вредности од регионот. Сето тоа не е случајно туку добра организираност и посветеност во дејностите, додава Трпчески.„ Ние сме единствено здружение во Републиката вака органзирани и сите сега преземаат искуство како сме организирани. Вклучени...
Post Views: 7
Неверојатно. Девојка која била силувана во парк шумата Гази Баба во август 2004та и помогна на полицијата да го открие напаѓачот.
Девојка од Скопје која била силувана пред 7 години за време на Пивофест го забележала својот напаѓач. Со мобилниот телефон го снимила во толпата и со снимката отишла во полиција.
Полицијата го идентификувала лицето од снимката на мобилниот телефон. Кога бил приведен и му било извршено ДНК тестирање се покажало дека тоа не е напаѓачот од пред 7 години. Но ДНК анализата покажала голема сличност со напаѓачот. Така откриле дека неговиот брат е...
Post Views: 9
Годинава 5 милиони денари буџетски средства ќе бидат наменети за заштита на рибниот фонд на Преспанското Езеро. Речиси една година овој ревир е издаден под концесија со цел да се зашти еко системот на езерото посебно на преспанската белвица за време на нејзиниот мрест од мај до јунни месец. Овие средства ќе ги користи концесионерот на езерото и неговиот слив, како што изјави Јован Бојчовски државниот инспектор. Од самото доделување на рибниот фонд на концесија државниот инспекторат за земјоделство е во постојан надзор на Преспанско Езеро и постојано го следи риболовот,...
Post Views: 0
Преку ноќ исчезнува македонското културно наследство. Синоќа во струшкото село Луково се случила тешка кражба. Украдена е 21 икона, од црквата „Св. Атанасија“. Станува збор за едни од најстарите и највредните икони на оваа црква. Славе Богданоски, долгогодишен служител во овој свет храм вели дека кражбите нагло почнале да се случуваат со отварањето на меѓуграничниот премин со Р. Албанија. Во корист на крадците било и неработењето на полициската станица во селото, па Богданоски порачува истата повторно да отпочне со работа како би се зголемила безбедноста во селото.Увид...
Post Views: 5
Од утре започнуваат уписите во клубот за спортови на вода „Акватика“. Сите заинтересирани деца на возрасат од 7 до 15 години можат да се запишат во школата за едрење и да ги научат тајните на овај спорт. Може да се запише секој кој го сака едрењето без никакви предуслови.
Најосновно е детето да има желба потоа да нема страв од вода бидејќи овој спорт се учи во вопда и треба да се фатат во коштец со природата. Децата одма учат и од самиот почеток се гледа кое дете има талент за едрење а кое не. Веднаш се прави природна селекција, вели Стевчо Ставрески, инструктор во ...
Post Views: 3
Во Охрид ќе се прават патеки за слепи лица. Овој проект ќе го реализира Министерството за труд и социјална политика во соработка со Сојузот на слепи на РМ. Покрај во Охрид вакви патеки веќе се прават во Скопје, а ќе се направат и во Битола. Проектот чини околу 30 000 евра. Во Охрид вакви патеки планирано е да се постават до сите институвии во градов како и по кејот на езерото. Славчо Џајкоски, претседателот на Здружението на слепи лица од Охрид вели дека ваквата иницијатива е одлична бидејќи слепите лица и лицата со оштетен вид најчесто доколку сакаат да се движат...
Post Views: 1
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за нови цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела цената на горивата повторно се зголеми, бензините и Екстра лесното масло за домаќинство поскапеа за 1 денар, а дизелот за половина денар.
Актуелните цени на горивата се следни:
ЕУРОСУПЕР БС-95 – 69,50 денари по литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 71,50 денари по литар
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 62,00 денари по литар
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 62,00 денари по литар
Во последните 14 месеци цената на нафтените деривати вртоглаво се зголемила,...
Post Views: 0
На 11. Јуни се одбележува една година од прогласувањето на регионот Охрид Преспа за Прекуграничен биосферен резерват на УНЕСКО.
Оваа одлука на 11 Јуни 2014 година беше едногласно донесена на состанокот на Советот на МАБ Комитетот на УНЕСКО одржан во Јончепинг, Шведска.
Номинациониот акт беше работен во текот на претходните 2 години во кој беа инволвирани домашни и меѓународни експерти , со поддршка на централната власти и на локалните самоуправи во регионот и од македонска и од албанскастрана. Номинацијата беше испратена во УНЕСКО преку Билатералниот секретаријат за...
Post Views: 2
Локалната самоуправа, на 12 јуни 2015 година (петок) на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, во времето од 10 до 18 часот организира ДЕН НА ИДЕИ.
Овој настан е дел од програмата на градоначалникот Никола Бакрачески, а целта е да се оствари поблиска соработка со граѓаните.
Граѓаните ќе имаат можност да ги презентираат своите идеи за подобра сегашност и иднина на Охрид пред претставниците на секторите и одделенијата на администрацијата на Локалната самоуправа.
Post Views: 11
Бројни корисници на Amazon останале во шок кога во петокот вечер виделе дека сѐ се продава по едно пени од британската фунта.
Amazon не се одлучил за божиќна распродажба туку дошло до техничка грешка во системот со цените. Сеедно, веста за неверојатното намалување брзо се раширила по социјалните мрежи.
На “попуст” било сѐ, од облека преку мобилни телефони до мебел. Многу продавачи се пожалиле на ова бидејќи поради грешката на Amazon би можеле да банкротираат.
“Преку ноќ изгубив 20 илјади фунти, а некои продавачи изгубиле и до 100 илјади фунти. Веднаш побарав од Amazon...