ginekologija

Охридското гинеколошко одделение има капацитет за да ги пречека родилките од целиот регион

Post Views: 51 Капацитетите на охридското гинеколошко одделение се доволни за да ги опслужат пациентите најмалку во наредните дваесет години. Директорот на Општата болница од Охрид, д-р Љубен Арнаудов, вели дека уште при реконструкцијата на болницата, капацитетот на одделенијата бил зголемен за четириесет проценти, вклучително и на одделението за гинекологија. Од тука, според него, апсолутно се подготвени да ги примат и оние родилки кои ќе допатуваат од Ресен по информацијата за затворањето на породилиштето во овој град. Д-р Арнаудов потенцира дека тие и досега работеле со трудници...

Continue reading

kajcina

Се бара начин да не згасне дејноста кајчар

Post Views: 2 Законската недореченост која се заканува да ја збрише дејноста кајчар ќе се најде пред пратенците. Градоначалникот Никола Бакрачески денеска се сретна со претставници од охридските кајчари на нивно барање.  На средбата присуствувале и претставици од Државниот пазарен иснпекторат и секторот за ТЛЕР.  Се бара начин да не згасне дејноста кајчар, препознатливиот охридски бренд, напоменуваат од  Локалната самоуправа. Во текот на денешниот ден е доставено барање до  министерството за економија за измени и надополнување на законот за туристичка дејност за да се реши во моментов...

Continue reading

Пивоварна Лашко ја продаде Раденска за 52 милиони евра

Post Views: 0 Словенечката групација за производство на пиво и минерална вода, Пивоварна Лашко, потпиша купопродажен договор во кој својот 75,31% удел во Раденска го продаде за 52 милиони евра, потврдила компанијата на конференција за новинари во Љубљана. Договорната цена изнесува 13,59 евра за акција, а новите сопственици на Раденска се чешката компанија Kofola и словенечката P&P во сопственост на фамилијата Полич. Со договорот се предвидува, вклучувајќи ја и трансакцијата на пари, тој да се изврши во рок од три месеци. Пивоварна Лашко навела во соопштението дека со продажбата...

Continue reading

tranziten centar

Децата кои питачат во Охрид привремено ќе се сместуваат во транзитен центар

Post Views: 4 Отворен транзитниот центар во Охрид, за децата кои питачат. Истиот е дел од заедничкиот проект „Општинско корисна работа“ на Министерството за труд и социјална политика односно Центарот за социјална работа од Охрид и Локалната самоуправа . 11 лица, ангажирани преку овој проект, ќе работат на спроведување на проектот по градинките, додека втората активност се однесува токму на третирање на проблемот со децата на улица односно децата кои питачат. „Министерството ни даде можност, ни обезбеди просторија за која се плаќа кирија и тие се наоѓаат во просториите на Трудбеник...

Continue reading

hrana

Угостителскиот еснаф бара да се намали данокот за храна

Post Views: 3   Намалување на ДДВ-то за хран од 18 на 5 посто побараа македонските хотелиери и угостители.   Доколку им се прифати барањето средствата кои нема да ги плаќаат за ДДВ, ќе ги искористат за нови инвестиции, напоменуваат од еснафот. Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија денеска на прес-конференција посочија за што конкретно наменски  би ги искористиле ослбодените средства. Потенцираат дека со тие пари  би се  надминале  проблемите со кои се соочуваат во последните години, а тоа се недостиг  од свеж капитал, едукација на неквалификуваните...

Continue reading

popis

Започна пописот во Македонија

Post Views: 1 Од денеска до 15 октомври во Македонија ќе се спроведе најголемото статистичко истражување – пописот на населението, домаќинствата и становите. Пописот се оддржува и покрај оставките на првите луѓе на ДПК. Пописот во Македонија почна во 8 часот изутрината. Целта на пописот е да обезбеди целосни, квалитетни и меѓународно споредливи статистички податоци за населението, домаќинствата и становите за задоволување на потребите од податоци на корисниците во државата и во странство. Според Законот за попис, треба да бидат попишани сите лица што живеат во Република Македонија,...

Continue reading

zardinjeri

Нов вандалски чин-сега настрадаа и жардињерите на новата пешачка патека

Post Views: 7 За само неколку дена уште еден вандалски чин на несовесни граѓани на новата пешачка патека. По дрвцата овој пат настрадаа поставените жардињери кои треба да ја разубават оваа патека и да и дадат модерен изглед. Несовесни граѓани го искршиле украсниот мермер со кој се поплочени жардињерите, а кој штотуку почна да се поставува. Овој чин утринава бил забележан и од вработени лица во ЈП „Охридски комуналец“ како и од оперативците кои ги изведуваат градежните работи на пешачката патека. Од локалната самоуправа изразуваат жалење за ваквиот чин. Велат дека е неразбирливо зошто...

Continue reading

ginekologija Struga

Охридски бебиња, ама „стружанчиња“

Post Views: 2 Одделението за гиникологија во Струга работи со двојно поголем капацитет од вообичаено. Бројот на  родилки кои се породуваат во Струга е дури за 100 % зголемен поради реконструкција на општата болница во Охрид. Двојно повеќе има и стручен кадар. Останува исти само просторниот капацитет за кој со сигурност не може да се каже дека е доволен за да ги задоволи потребите на родилките од Струга, Охрид и Дебар. За ова е свесен и првиот човек на струшката општа болница Ментор Ибраими, кој сепак е оптимист дека ќе издржат една година со вакво темпо на работа.На гиниколошкото...

Continue reading

pretstava

30 дечиња од Македонија и Турција подготвија тројазична претстава за охридската публика

Post Views: 0 Земјата Фантазија е загрозена и само ако на Бастијан, детинестата Кралица и другите нивни пријатели им успее наново да ја создадат и со нивните сништа и желби повторно да ја оживеат, таа може да биде спасена. Ова е само мал вовед од големата претстава која 30 дечиња од Македонија и Турција заеднички ја подготвуваат во рамки на првиот меѓународен театарско јазичен камп на кој домаќин е основното училиште „Григор Прличев“. „Идејата потекна од ланскиот камп во Истанбул, кога исто беше во организација на Гете институт. Се одлучивме да направиме еден камп, нешто малку поинакво...

Continue reading

Трето издание на Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид”

Post Views: 4 По трет пат, оваа среда ќе се одржи Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид” организиран од охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос”. Покрај членовите на охридскиот хор, под диригентската палка на Бурим Хидри и детскиот мултиетнички хор, учествуваат хористите од камерниот хор „Арс Нова” од Питешти, Романија, хорот „Атендите” при Културниот центар Кикинда од Србија и женскиот младински хор при МКЦ Скопје.  Почетокот на фестивалот е во 19:30 часот, а влезот ќе биде слободен.  Охрискиот градски хор лани одбележа 55 години постоење. Од 2015...

Continue reading

counter strike

Global Challengers: „Нема големи натпреварувања без спонзори“

Post Views: 2 Милчо „Nacho“ Кироски, Слободан „Danko“ Боев, Мартин „Hex“ Ангелоски, Димитрије „Dreadon“ Јовановиќ и Зоран „Busilica“ Стојановски е огнената кантер страјк петорка на Global Challengers од новиот бран млади охридски играчи. Моментално рангирани на самиот врв во Македонија велат, со судни маки и многу откажувања, успеваат да го извлечат максимумот од себеси и од секоја ситуација. Сепак, немаат некој позначителен настап на некој поголем турнир. Проблемот лежи во финансиите. Капитенот на екипата, Милчо Кироски вели дека одвојуваат од сопствениот буџет за да направат нешто....

Continue reading

pateka

Хортикултурното уредување на новата пешачка патека-мета на несовесни граѓани

Post Views: 2 Младите новопосадени дрвца кои треба да ја красат новата модерна пешачка патека која се гради од Центарот за обука на вода накај Горица прва, не успеаа да преживеат ниту неколку дена.Најверојатно синоќа истите биле мета на несовесни граѓани кои ги искршиле гранките на овие дрва. Случајни минувачи зад камерите коментираат дека дури и кога се случува нешто добро за градот не може да помине без некој ваков несовесен чин. Оваа пешачка патека ќе претставува авенија широка 12 метри во прва фаза долга 210 метри, со пешачка и велосипедска патека, а доколку успее да одолее на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top