Post Views: 19
Урбанизација на Студенчишкото Блато, изградба на хотели, нови плажи на крајбрежјето на Охридското Езеро, загадувањето на реките, уништувањето на трската, експресниот пат кој треба да минува низ националниот парк „Галичица“.
Сите овие еколошки предизвици во последниов период ги вклучија алармите кај експертската јавност, но и кај граѓаните дека нешто мора да се преземе за да се спречи евентуалната деградација на најважниот еко систем во државата. Во обидот да се привлече вниманието, не само на домашната туку и меѓународната експертска јавност, кон овие исклучително важни...
Post Views: 1
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две физички лица во својство на управители во правниот субјект ДТТУ „Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз.
Пријавените во својство на управители во правниот субјект ДТТУ „Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз, во текот на 2017 година свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и правниот субјект „Радика Ресорт“ ДООЕЛ, во својство на инвеститори, без да обезбедат одобрение за градење и да платат комуналии, противправно започнале...
Post Views: 2
Водениот сообраќај во Охридското езеро ставен под контрола. Од охридската капетанија велат дека досега не се регистрирани некои поголеми отстапувања и нарушувања на законот и правилата за пловидба. Помал проблем преставуваат некои несовесни глисерџии кои доаѓаат блиску до брегот, но и со нив се справуваме, вели капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски. Овааа сезона барем на охридскиот дел од езерото нема проблем со скутерџиите. Повеќе прекршоци се прават на струшкото крајбрежје. Дојава за ваков прекршок стигна и денес по што екипа од Охрид замина за Струга...
Post Views: 8
На охридските плажи кои немаат концесионери на крајбрежјето одржувањето на комуналната чистота го презема општина Охрид. Обврската за нивно чистење е на ЈП Охридски комуналец по отстранување на нелегалните шанкови и угостителски објекти на крајбрежјето. Постетителите ќе доаѓаат на плажите кои нема да бидат оставени без соодветно одржување на хигиена, информира Томе Џамтоски, портпарол на општина.
„За тие плажи ќе се грижи општина Охрид преку ЈП Охридски комуналц. Тие се задолжени за овие места да ги чистат и уредуваат плажите за да се во добра состојба за посетителите...
Post Views: 1
Само едно лице ги задоволило строгите критериуми на градоначалникот Бакрачески при изборот за раководни позиции во општината. Кандидатите кои се пријавиле на огласот објавен минатата година, во септември, не ги исполниле во целост очекувањата на Градоначалникот. Бакрачески, тогаш, најави дека преку оглас за пројавување на интерес ќе се ангажираат компетентни и високо мотивирани кандидати на повеќе раководни позиции кои се во надлежност на Општина Охрид. При тоа беше потенцирано дека сите пријавени кандидати ќе имаат еднакви шанси, а ангажирани ќе бидат само најспособните...
Post Views: 1
На дел од атрактивните и фреквентени локации во Охрид, подолг временски период инсталацијата на електричните столбови секојдневно претставува потенцијална опасност, за населението. Таа не е прописно заштитена бидејќи капаците се оштетени или пак импровизирано изврзани за електричните столбови, а на неколку бандери дури и ги нема. Одговорните од Секторот за комунални дејности улици и сообраќај Љупчо Танески, во неколку наврати кажа дека истите се мета на вандалско однесување од страна на несовесни граѓани. Додаде дека спровеле акција за замена на металните капаци со пластични,...
Post Views: 3
WhatsApp е сервис со преку 500 милиони активни корисници кои меѓусебно разменуваат дури 64 милијарди пораки дневно!
Од една страна корисниците добиваат евтина платформа за комуникација, а од друга тие го зададоа првиот удар врз мобилните оператори на кои заработката од смс секоја година сѐ повеќе им опаѓа. Но, за да биде работата уште подобра за корисниците, или уште полоша за операторите, WhatsApp припрема можност за вршење повици преку 3G, 4G и WiFi мрежите, што додатно ќе ги намали приходите на операторите.
Познато е дека WhatsApp вети можност за бесплатни разговори...
Post Views: 0
Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека во понеделник на 20-ти јули 2015 година поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани ќе има прекин на сообраќајот.
Прекинот ќе биде во периодот од 11 до 13 часот и ќе трае од 15 до 20 минути.
Post Views: 0
Еден од најдобрите пијанисти на денешницата, рускиот виртуоз, Николај Лугански, вечерва на програмата на фестивалот Охридско лето. Прекрасната акустика на црквата „Св.Софија“ ќе даде свој печат на концерот на Лугански, кому ова му е четврт настап на Охридско лето. Лугански е воодушевен од природните убавини на Охрид, за кои посака вечно да останат непроменети. Вечерва за музичките сладокусци тој избрал дела од двајца музички великани.
„Денес ќе свирам музика од двајца автори Шуберт и Чајковски, Шуберт соната во ц-мол, две големи сонати, една од трите негови последни...
Post Views: 1
Медиумите во тотално “бунило”! Провладините прво демантираа дека имало каков било инцидент во хотелот “Александар Палас”, за потоа да објават дека имало мал инцидент, но Емирот останал и не избегал.
Во незгодна ситуација се најде и скопската телевизија “Алфа”, која тотално го демантираше овој настан.
Во исто време пак, “Утрински”, кој прв јави за оваа случка, објави фотографии од пожарот и во истиот момент му “падна” сајтот. Дали од преоптеретеност или од некоја друга политика на “МПМ”, само тие си знаат?
Фотографиите од “Утрински” може да ги видите тука!
{loadposition...
Post Views: 1
Во екот на летната туристичка сезона, локалната со засилени и зачестени контроли врз работењето на приватните станоиздавачи. Според евиденцијата на секторот за туризам и локален економски развој, во Охрид има пријавено околу 2100 приватни станоиздавачи. Од секторот велат дека имаат реални проблеми успешно да ги исконтролираат сите приватни станоиздавачи поради нивниот голем број. Од секторот за ТЛЕР велат дека таканаречените туристички редари во летниот период имаат полни раце работа, но и скоро невозможна мисија, обезбедување на почитување на законските прописи од страна...
Post Views: 8
Денешната работилница претставува подготовка за имплементација на „Законот за дискриминација“, донесен од Собранието на Р. Македонија во април годинава, со цел граѓаните кои припаѓаат на различна етничка заедница, со психофизички недостатоци но и сите кои припаѓаат на различна вера и религија ќе се најдат во Законот кој треба да овозможи почитување на разликите без оглед кој на која група припаѓа. Законот за Дискриминација во Р Македонија е изготвен како резултат на потрбите во РМакедонија но и препораките на ЕУ, вели претставникот на Министртвото за труд и социјална...