Играорците од КУД „Отекс“ пристигнаа во Германија

Post Views: 5 Младиот состав на КУД Отекс од Охрид безбедно пристигна во Германија. Охридското фолклорното друштво, со 33 годишна традиција, со целовечерен концерт ќе го претставува македонскиот фолклор на меѓународниот фолклорен фестивал во Германија. Овој реномиран фестивал важи за еден од најдобро организираните фестивали, а на него КУД Отекс досега се претставил веќе четири пати. Досега играорците од КУД Отекс патувале на многу турнеи во Америка, Португалија, Шпанија, Холандија, Германија, Данска, Србија, Бугарија. Велат дека сеуште има интерес кај младите за запишување во културно-уметнички...

Continue reading

Полицијата одзеде 120 петарди од 15-годишно момче

Post Views: 9 На 24.12.2021 година во 13,10 часот, при преглед извршен врз 15-годишно момче од Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 120 различни видови пиротехнички средства-петарди што нелегално ги поседувал. Тие се одземени и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

pretstava oh.leto

“Дневникот на лудиот“-претстава за шизофренијата на општеството

Post Views: 4 Конфликтот во секој човек, поделеноста, шизофренијата ова се клучните прашања на кои ќе се обиде да даде одговор претставата на битолскиот подвижен музички театар „Дневникот на лудиот“. Режисерот на претставата и основач на Подвижниот музички театар, Марјан Неќак вели дека идејата била да се направи нешто ново и несекојдневно. Според Неќак, претставата е актуелна и се претставува на еден специфичен аудио и визуелен начин. „Дневникот на лудиот“ е еден текст кој е многу провокативен кој иако е напишан пред 200 и нешто години е ужасно актуелен. Гогољ со тој текст сака на...

Continue reading

Започна отстранувањето на платформите од објектите на плажите кај Даљан

Post Views: 2 Утрово на својот фејсбук профил, Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиевски напиша дека деновиве се отстрануваат платформите од езерото кај Далјан. Потоа следи расчистување на теренот. ?️Туристите и на овој потег наскоро ќе добијат чисти плажи и повеќе простор во езерските води, додава Георгиевски. Општина Охрид продолжува со ослободување на плажите од бесправните платформи.

Continue reading

Руинираните објекти во Охрид детектирани како критични места

Post Views: 4 Шприцеви, игли, шишиња од алкохол, срчи и еден куп ѓубре, кријат неколкуте руинирани објекти кои се оставени на забот на времето во Охрид. Таквите локации веќе се детектирани и познати на надлежните како критични места, собиралишта на наркозависници. Стариот отпад, поранешниот „ Тафтинг“ кај чинарот во Горна влашка маала, карабината до управната зграда на Општата болница и поранешниот објект на МРТВ зад скалестата зграда, објектот на стариот авто-сервис на улицата „ Кленоец“ , се само дел од критичнте места каде најчесто се собираат наркозависници и препродавачи на опијати....

Continue reading

Вечерва на Охридско лето Битолскиот народен театар

Post Views: 2 Најкомплексната трагедија на Вилијам Шекспир, „Антоние и Клеопатра“, вечерва, премиерно, на фестивалот Охридско лето ја носи Битолскиот народен театар. Во превод на Драги Михајловски оваа театарска претстава првпат ќе се изведува на македонски јазик а е во режија на нашиот пријател и гостин од Америка, од Санта Барбара, Калифорнија, Џон Блондел, вели директорот на театарот Благој Мицески. Битолскиот театар традиционално учествува на фестивалот, но годинава на 55-то издание прв пат настапуваат на сцената Долни сарај, од која се воодушевени. Благој Мицески – директор на...

Continue reading

Видео: Родителите ги изненадил со неверојатен подарок за Божик

Post Views: 12 Успешниот програмер Joe Riquelme кој живее во Њујорк, Божик го поминал со своите родители. Во еден момент, додека сите тројца седеле на креветот, тој им рекол дека има уште еден подарок за нив и од џебот извадил коверт кој ѝ го дал на мајка му, пишува news.com. Кога ја прочитала содржината на листот во ковертот, изненадувањето на нејзиното лице било непроценливо. “Куќата ви е отплатена. Среќен Божик. Joe”, пишувало на листот. Мајка му ја дала пораката на сопругот, а кога тој ја прочитал се расплакал од среќа. Следувала топла  фамилијарна прегратка и неизмерна среќа...

Continue reading

Jапонските експерти утврдија дека колекторскиот систем е во незавидна состојба

Post Views: 2   Колекторскиот систем кој е изграден пред неколку децении е деградиран, оштетен и итно е потребна негова надоградба, реконструкција и ревитализација, покажаа направените испитувања од страна на јапонски експерти. Нацрт финалниот извештај за состојбата во која се наоѓа колекторскиот систем, како и мерките кои се предлагаат за негова реконструкција денеска ставен на маса пред стручната јавност, надлежните институции и претставници од локалната самоуправа и јавните претпријатија Проаква и Нискоградба и министерството за екологија. На извештајот му претходеа повеќе месечни...

Continue reading

matura

Увид на приговорите од државната матура

Post Views: 1 Денес во Државниот испитен центар ќе се реализира генерален Увид на сите пристигнати приговори од полагањето на државната матура. Прелиминарните резултати од екстерните испити од државната матура беа доставени до училиштата и објавени на 14-ти овој месец. Освен тоа, секој кандидат можеше за сопствените резултати да се информира и на веб страната за државната матура www.matura.gov.mk. – Кандидатите кои сметаа дека тестовите не им се правилно вреднувани имаа право на приговор во рок од два дена. Вкупно беа доставени 505 приговори и истите беа разгледани и решени од страна...

Continue reading

fasada

Од утре казни до 3000 евра за објекти без фасада

Post Views: 1 Утре градежната инспекција излегува на терен, а казни од 100 до 3.000 евра ќе следуваат за сопственици на куќи и за инвеститори на згради и други објекти кои се без фасада. Овие одредби се дел од Законот за градење, донесен во 2009 година, но ќе почнат да се спроведуваат за два дена, бидејќи Владата даде рок од две години за прилагодување на новините. Градоначалниците најавуваат тивок бојкот на Законот за градење, кој налага казни до 3.000 евра за сопствениците на објекти кои немаат фасада. Дел од градоначалниците тврдат дека Законот е неприменлив, дел пак, воопшто...

Continue reading

logo

Збогатен книжниот фонд на градската библиотека

Post Views: 0 „Козметика на непријателот“ од Амели Нотомб, „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман, „Девојката од хартија“ од Гијом Мисо, „Ако не постои утре“ од истиот автор се само дел од насловите кои од денеска читателите може да ги изнајмат од охридската библиотека. Книгите се купени со финансиска поддршка на Министерството за култура на РМ, а комплетен преглед на сите нови наслови, читателската публика може да најде на веб страната на Библиотеката НУ Библиотека Охрид.  

Continue reading

MJP Proakva

Јавно приватно партнерство „ДА“, но строго дефинирано

Post Views: 3 Јавно приватно партнерство само за точно одредени активности. Неодамна струшките советници на последната седница на Советот ја усвоија предлог одлуката за отпочнување постапка за јавно приватно партнерство во МЈП „Проаква“. Некои од граѓаните на Струга кои не сакаа јавно да проговорат пред нашите камери, оваа предлог одлука ја разбраа со доза на резерва. Според нивното размислување отпочнување постапка за јавно приватно партнерство во ова ЈП било несватливо. Првиот човек на МЈП „Проаква“ Бранислав Трпчевски ги појасна работите околу оваа состојба. Директорот децидено...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top