unesco

Македонија стана членка на Извршниот одбор на УНЕСКО

Post Views: 6 Република Македонија избрана за членка на Извршниот одбор на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО). 142 та гласа кои ги доби на глсањето ќе и овозможат на нашата држава во наредниве две години активно да учествува во креирањето на политиките и буџетот на оваа организација. Овој успех е резултат на дипломатските активности на Амбасадата на РМ во Париз и на делувањето на Националната Комисија на УНЕСКО во РМ .Ова претставува и исклучителна можност за афирмација на државата како активен и одговорен член на меѓународните организации,...

Continue reading

Пронајден давеник во Охридско езеро

Post Views: 0 Вчера вечер ,околу 20.00 часот,во водите на Охридското езеро во непосредна близина на комплексот „Парк “ е пронајден удавен Гоце И. (46) од с.Живалево-Кратово. Истиот во 18.00 часот бил пријавен за исчезнат. Причините за овој настан засега се непознати, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Continue reading

bazen

Некогашниот затворен базен, пропаѓа

Post Views: 15 Остатоците од некогашниот затворен базен во Струга, сеуште бодат очи. Познато е дека овој руиниран објект се наоѓа во непсредна близина на ОУ „Браќа Миладинови. Тој во моментов може да се спореди со замок од хорор филмовите, кој скоро целосно е обраснат со трева, од каде само малку надзираат зидините на објектот. Доколку не се превземе нешто, овој објект ќе наликува на џиновски жбун, кој во неговата внатрешност крие дувло на нарко зависници и разни отпадоци од контаминиран материјал. Свесен за проблемите поврзани околу некогашниот пливачки базен е и директорот на ОУ...

Continue reading

Едриличарите од Охрид подготвени за илинденската регата

Post Views: 3 Охридското езеро утре ќе белее од едрилици. Се е подготвено за  традиционалната 46та по ред илинденска едриличарска регата. Регатата ќе се вози на потегот Горица 1 – Канео, со старт во 10 часот. Станува збор за државно првенство каде силите ќе си ги одмерат екипите на Охрид, Струга и Скопје. Тие ќе се натпреваруваат во класите оптимист, ласер 4,7 и вин сурф, едрење на даска, како што појасна претседателот на ЕК „Бофор“ и тренер во „Акватика“, Славчо Мошоски. „За ова натпреварување се подготвуваме веќе три недели, во тој период имавме школа за едрење, во која што школа...

Continue reading

Колекторска шахта го поплави патот накај хотел Парк

Post Views: 10   Дефект на колекторскиот систем целосно поплави дел од патот од потегот кај плажата Бела Виста накај хотелот Парк. Минувачите на пат кон плажите кога ќе стигнеа до езерцето формирано од нечиста колекторска вода се враќаа назад. Оние поупорните прескокнуваа по дрвени палети за да поминат по патот. Од дежурната екипа на МЈП Проаква Работна единица Водовод Охрид, велат дека станува збор за прелевање на колекторска шахта поради запушена канализација од колекторскиот систем.  Додаваат дека нивните екипи како и екипите на ЈП Нискоградба Охрид, работат на отстранување на...

Continue reading

Утре се отвора градскиот базен „Атина Бојаџи“

Post Views: 4 Во изминатиот период јавното претпријатие ги направи сите неопходни активности кои вклучуваа уредување на просторот околу големиот и малиот базен, проверка на системот за прочистување и оддржување на квалитетот на водата во базените и комплетно чистење на коритата на малиот и големиот базен. Градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници и тоа од 9 – 14 часот за пливачките школи и клубови и од 14 – 20 часот за сите рекреативци. Еднодневен билет за рекреативно користење на базените за една особа изнесува 60 денари. ЈП Билјанини...

Continue reading

evropsko kosarka zeni

Охрид и Струга подготвени за ЕП во кошарка за кадетки до 16 години

Post Views: 0 При крај се подготовките за почетокот на европското првенство во кошарка за кадетки до 16 години. Охрид и Струга ќе ги пречекаат дваесетте европски кошаркарски репрезентации кои ќе се борат за пехарот и европскиот трон. Претседателот на организациониот одбор, Абдураим Бајрактар вели дека сите подготовки се движат според предвидениот план, обезбедни се салите каде ќе се играат натпреварите, како и сместувањето на репрезентативките. Според Бајрактар ова европско првенство е одлична можност да се покажеме како добри домаќини. „Прво имаме дваесет учесници, тоа е една сериозна...

Continue reading

Високите температури ја затоплија езерската вода

Post Views: 1 Високите температури ја затоплија езерската  вода. Топлата вода добредојдена е за капачите, кои се релаксираат на охридските плажи. Дисплејот, односно мини хидролошката станица на која се отчитуваат податоци за нивото на езерото, температурата на водата во езерото и температурата на воздухот, деновиве бележи висока темепература на езерската вода. Дали тоа ќе има одредено влијание врз растителниот и животинскиот свет во езерото, ТВМ го слушна мислењето на експертите од Хидробиолошки завод Охрид. „Охридското езеро и останатите природни езера се длабоки водени еко системи...

Continue reading

Сопствениот ладилник може да ве труе

Post Views: 3 Ладилникот е уред од кои се закануваат многу опасности и секако треба да се следат правилата на кои треба да се придржуваме во ракувањето со него. Имено, доколку не се води грижа за него, тој навистина може да биде трујач на вашето здравје, сметаат експертите. Стотици бактерии, како salmonella и Escherichia coli се закануваат од ладилникот. Ова се начините на кои ве труе вашиот сопствен ладилник. -Свежо месо на горната полица – Откако месото ќе го извадите од замрзнувачот не е паметно да го оставате на најгорната полица од ладилникот. Имено, одмрзнатата вода тогаш се...

Continue reading

bucava

Нервоза, пад на концентрација, намалена способност за расудување-дел од ефектите на бучавоста

Post Views: 7 Големата бучава која ја создаваат кафе баровите и угостителските објекти лоцирани на плажите на охридската ривиера, за голем дел од граѓаните значат бројни непроспиени ноќи. Изложеноста на зголемена бучава во текот на подолг период пак штетно влијае врз психофизичката состојба на човекот велат од Одделот за невропсихијатрија при Општата болница од Охрид. „Што се однесува до бучавата од локалите, велат дека еден рок концерт има бучава од 120 децибели. Таа бучава еден нормален човек може да ја издржи 30 минути, се што е над 30 минути тоа веќе создава потешкотии, особено...

Continue reading

pretstava Goldoni

„Слуга на двајца господари“, комедија за напорот на истрајните вљубени, невини, млади карактери

Post Views: 4 Три јазици, македонски, албански и турски испреплетени еден со друг, а јасно покажувајќи ја истата љубов помеѓу невините млади карактери. Театарската претстава „Слуга на двајца господари“ работена според текстот на италијанецот Карло Голдони, преработена и прилагодена на современото живеење ќе биде новото уживање за посетителите на Охридско лето. „Во нашиот современ живот и љубовта и лебот, малку влегоа во потешки димензии. Светот стана малку бетон, малку асфалт, малку стакло, многу пластика. Дојдовме во таква состојба да сега почнавме да произведуваме и ѓубриште, во...

Continue reading

strujata poskapuva

Од јануари струен удар

Post Views: 2 Од 1 јануари струјата најверојатно ќе поскапи за 10% до 12%. На ова вчера укажа вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, кој не шпекулираше за колкав процент ќе поскапи струјата. Џон Герисен од УСАИД изјави дека енергетските компании побарале зголемување на цената на електричната енергија за 12% од 1 јануари идната година. Трите енергетски компании, ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО, веќе ги доставија до Регулаторната комисија за енергетика остварените и планираните трошоци од работењето, врз основа на кои ќе се крои новата цена на струјата. Ниту од Регулаторната комисија,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top