doktori

Приватните здравствени установи се обединија и формираа своја асоцијацијa

Post Views: 4 Тие побараа од министерството за здравство, рецептите што ги издаваат да важат со сини картони исто како и во државните болници.Според нив Уставот и законите не познаваат јавно и приватно здравство и затоа пациентите треба сами да изберат каде ќе се лекуваат. Исто така менаџерите на приватните болници реагираат дека Владата без да ги консултира постојано носи закони кои треба да ги спроведуваат исто како и државните болници. Иницијатори за формирање на групацијата се приватната општа болница Ремедика, специјалната болница за хируршки болести Филип Втори, болниците Систина...

Continue reading

Станковски, ВМРО-НП: На Охрид потребен му е Дом за млади

Post Views: 13 На Охрид повеќе од потребен му е Младински културен центар, или Дом за млади. Еден таков објект каде младите би одржувале културно- забавни настани, изложби, работилници слично за жал во нашата општина нема, констатира советникот на ВМРО – НП, Јоне Станкоски. Од тука, Станковски излегува со предлог иницијатива до Локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески. Еден од руинираните објекти, кои се ругла во вистинска смисла на зборот, места каде преспиваат бездомниците но и собиралишта на наркозависници, кои се проблем за околината и градот, е и поранешната згарда...

Continue reading

doktori Struga

Струга нема неонатолог

Post Views: 8 На одделението за гинекологија во Струга, добредојдени охридските неонатолози. Размената на практичните искуства во овој дел од медицината, вродија со конкретен плод. Новороденчињата досега ги прегледуваше педијатар кој работи во рамките на одделението за педијатрија при општа болница Струга. Со новите прилики поради реконструкцијата на охридската општа болница, познато е дека неколку одделенија од Охрид, комплетно се префрлени во Струга. Едно од нив е и гинеколошкото одделение. Заедно со охридските гинеколози, во Струга дојдоа и неонатолозите. Гинекологот Др. Станислав...

Continue reading

rodenden

Хорот Хауард Госпел со роденденски концерт за Охридско лето

Post Views: 36 На антички театар хорот Хауард Госпел вечерва  ќе го одбележи  4 август  роденденот на Охридско лето. На јубилејното 55 издание на Фестивалот за прв пат ќе се изведува ваков вид на музика, напоменува музичкиот селектор Гордана Јосифоска Неделкоска која за вечерашниот избор верува дека ќе биде незаборавен  како и сите досегашни музички гостувања на исполнители на фестивалскиот роденден. „Оваа година на наше огромно задоволство, а со благодарност на Американската амбасада во РМ имаме чест со нас да бидат Хауард Госпел Хорот од САД. Вечерва ќе направат  уникатен уметнички...

Continue reading

Уште една млада пациентка ќе добие бубрег

Post Views: 1 Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека денеска во раните утрински часови започнале координативни состаноци за подготовка за отпочнување на шестата по ред трансплантација од починат донор. Во текот на вчерашниот ден, посочува министерот, болничките координатори од КАРИЛ дијагностицираа млада пациентка со мозочна смрт и по долги разговори со семејството одлучија да ги донираат органите. Благодарение на нивната хуманост денес еден пациент ќе добие срце и шанса за нов живот. Уште една млада пациентка се подготвува да прими бубрег. Станува...

Continue reading

cesma

Улиците „Илинденска“ и „Климент Охридски“ неколку часа без вода

Post Views: 1 Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека денес, вторник, поради интервенција на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улицата „Илинденска“  и дел од „Климент Охридски“. Прекинот ќе биде до 13.00 часот. Екипите на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.  

Continue reading

Политичарите споделија ставови за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан

Post Views: 6 На Меѓународната конференција „Преспа форум дијалог“ што се одржува во Охрид и Отешево се сретнаа лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Политичарите ги споделија своите ставови поврзани со проблемите за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. На една од панел дискусиите, Никола Димитров, Македонскиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, кажа дека не знаеме што да очекуваме во оваа фаза по ставањето вето на Бугарија за отвoрање на преговорите за влез на Македонија и Албанија во ЕУ. Потсети на обврската...

Continue reading

Внимавајте на која плажа одите

Post Views: 1 Вчерашниот случај кога кај Горица од водите на езерото беше извадено безживотното тело на 46 годишниот Гоце И. од кратовското село Живалево повторно ја актуелизира темата колку се безбедни плажите на охридско-струшкото крјбрежје. Од Црвен крст Охрид кажуваат дека од 44 капалишта на охридскиот дел на езерото, 36 се безбедни бидејќи ги исполнуваат сите пропишани услови од Министерството за транспорт и врски за безбедни капалкишта меѓу кои да имаат обезбедено и спасители, а осум не се безбедни. Ние препорачуваме граѓаните да ги посетуваат само плажите кои се безбедни и...

Continue reading

gradezni aktivnosti

Градежните активности во градов, ќе бидат интензивирани по завршувањето на летната сезона

Post Views: 2 Интензивирање на градежните активности околу инфраструктурата по завршувањето на летната туристичка сезона. Градоначалникот Бакрачески вели дека претежно ќе биде работено на разубавување на градот во делот на инфрастуктурата која му е потребна на Охрид. Реализацијата на најавените проекти кои ќе бидат финансирани дел од кредитот од Светска банка, дел од буџетот на локалната ќе биде интензивирана од септември. „Ќе се градат вкупно 5 кружни токови, ќе се продолжи патеката кон х.Парк, претпоставувам ќе завршат и проектните задачи за реконструкицја на кејот, на охридскиот...

Continue reading

Полнач за батерии во чевли

Post Views: 3 Компанијата The Sole Power Ensoles на купувачите им понудила услуга која досега се чинеше невозможна и која на сите би можела да им го олесни животот. Студентите од американскиот универзитет Carnegie Mellon во кикстартер кампањата собрале пари за својот проект и создале пренослив гаџет кој за еден час одење го полни паметниот телефон. Полначот е сместен во обувките, а делува така што кинетичката енергија добиена со линеарно одење ја претвора во ротирачко движење кое потоа го придвижува микрогенераторот на електрична енергија. Добиената енергија се собира во батерија...

Continue reading

zegin

Добро познатиот македонски бренд „Зегин“ од сега ќе се грижи и за здравата исхрана на охриѓани

Post Views: 27 Маџун, мусли, органско млеко, зачини, органски тестенини, засладувачи, ова е само дел од асортиманот кој охриѓани можат да го видат и купат од првоотворената продавница за здрава храна на еден од најпознатите македонски брендови, семејните аптеки „Зегин“. Во очи големиот празник „Илинден“, беше отворена првата во редот продавници за органска био храна на „Зегин“. Ова според основачот на компанијата, Благој Механџиски, е само доказ за успехот кој бил постигнат благодарение на трудот, упорноста и посветената работа. „Со пет души почнавме, а еве се гордееме што направивме....

Continue reading

bolnica

На Охрид му е потребен ургентен центар

Post Views: 9 Во Охрид како туристички центар, новото време на живеење ја наметнува потребата од формирање на ургентен центар во Охрид, вели Љубен Арнаудов директор  на Општа болница. Досегашните анализи на охридската болница  покажуваат дека Охрид има потреба од една ваква установа, додава Арнаудов. Екипи со специјалисти за ургентна медицина, при  брзо интервенирање  ќе дијагностицираат и ќе интервенираат кај пациентите. Тие ќе ги упатуваат  пациентите дали им треба понатамошно лекување или ќе бидат пуштени дома, напоменува д-р Арнаудов. Иницијативата за ургентен центар треба да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top