Post Views: 5
Двајца од тројца осомничени за нападот на редакцијата на магазинот Charlie Hebdo во Париз, за кои се верува дека убија 12 лица во тој напад, минатото лето се вратиле од војната во Сирија, пренесуваат американски медиуми. Браќата ги издал еден детал – на постариот му испаднала личната карта.
Cherif и Said Kouachi спрема пишувањето на USA Today во летото 2014 се вратиле од Сирија во Франција, но наведениот медиум не го навел изворот на информацијата, пренесува CNN. Во исто време Франција моментално спроведува голема акција по браќата Kouachi, чии фотографии ги објави и...
Post Views: 6
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево на спојката со локалниот пат за селото Годивје.
Од здобиените повреди, на лице место починал Лазо Н. (43) од селото Издеглавје општина Дебарца. Тој, управувајќи моторно возило марка „Застава-101“ со охридски регистарски таблици по магистралниот пат од Охрид кон Кичево, во близина на спојката кон локалниот пат за селото Годивје, изгубил контрола и преминал на левата страна од коловозот. Притоа, со предниот дел од автомобилот удрил во...
Post Views: 1
Сеуште не е дефинирана локацијата на која ќе се дислоцира постоечкиот пазар иако изградбата на новиот според најавите треба да започне на почетокот на Септември.
Од јавното претпријатие „Градски пазар“ велат дека во најкраток можен рок ќе биде избрано најадекватното решение. Како можни локации ги споменуваат паркингот на „Градски пазар“ веднаш до постоечкиот пазар, потоа дел од старите градски гробишта во близина на новата автобуска станица, градскиот полигон за мали спортови како и трговскиот центар во комплексот на поранешен Отекс. Од „Градски пазар“ велат дека во...
Post Views: 2
Грчките медиуми со неверување и со лоша реакција ја прифатија пресудата од Хаг.Грчкиот „Етнос“ денес напиша дека Грција е осудена за ветото.
„Хаг: Грција ја прекрши времената спогодба со БЈРМ, одлуката е конечна, без право на жалба“. Вака извести Елефтеротипија.
Та Неа посочи дека одлуката е донесена со 15 гласа за и еден против. „Судот на страната на Скопје- прифатена тужбата на БЈРМ против Грција“, известува Та Неа.
Грчкиот правен тим во Хаг денес не пристигна во полн состав, а Атина најави дека ќе ја проучува одлуката на судот.
– Со целосна почит кон Меѓународниот...
Post Views: 0
Бесплатните обуки за шивачи, заварувачи, машинисти и готвачи кој го објави локалната за 20 невработени лица од нашата општина, наидоа на половичен интерес кај невработените лица од градов. Поради тоа, од Секторот за туризам и локален економски развој велат дека поради административните процедури дошло до одолговлекување на почетокот на истите. Во екот на летните одмори инволвираните страни, односно локалната, факултетот за туризам и угостителство како и работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“ се договориле со курсевите да се започне по завршувањето на летната сезона.
„Најверојатно...
Post Views: 1
Дали Рамиз Мерко се зачлени во ВМРО – ДПМНЕ? – прашуваат од струшкиот огранок на ДПА. Само ако е така, може да му се прости на Мерко за тоа што деновиве се погласно се коментира, дека од пред три недели, на општина Струга и биле одземени надлежностите од градежниот инспекторат, а за тоа, од таму, никој јавно не зборува, обвинуваат од ДПА. Тајните средби во „четри очи“, се само доказ за реализација на партиски поставените цели на двата коалициони блока, вели секретарот на ДПА од Струга Џемал Арслани.
„Јавно го прашуваме г. Мерко во какво својство беше посетата...
Post Views: 0
Наставниците по математика од Охрид и Дебрца се обучуваат како да предаваат по кембриџ. Од новата учебна година оваа програма се воведува и во 4, 5 и 6то одделение. Ова е новина и за наставниците и за учениците затоа што ќе има многу промени во самиот начин на предавање и совладување на материјалот. Учениците ќе треба преку опити да решаваат задачи а не како што беше досега со користење алгоритми. Обуките кои ги спроведува Бирото за развој на образованието траат два дена.
Се надевав дека оваа обука ќе биде во јуни за сега во август да ги допрецизираме работите бидејќи ...
Post Views: 2
Коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива во рамки на предизборните активности синоќа во Струга одржа митинг на кој беа претставени делови од програмата. Кандидатот на албанската опозиција за Градоначалник, Идри Истрефи во своето обраќање рече дека изборите на 17-ти октомври се битка помеѓу доброто и злото. Порача дека Струга не е и не може да биде сопственост на никого.
Струга не е и не може да биде сопственост на никого. Струга му припаѓа само на стружани и на Господ. Јасно го научија ова тие што мислеа дека Струга е наследена од вујко или дедо. Оние што градеа...
Post Views: 2
Пештанци и велгоштани имаат заеднички проблем, двете месни заедници се соочуваат со недостиг на гробни места. Во Пештани овој проблем влече корени веќе подолго време. Жителите досега одржале 4 граѓански собири и на сите како проблем број еден го истакнале недостокот на гробни места, укажува Драган Тренески претседател на МЗ од Пештани.
„ Овој проблем е дефиниран и тоа решавање мора да биде веднаш и сега. Станува збор за многу горлив проблем. Има голем недостаток на гробни места и во консултација со Црковниот одбор не постои ни една слободна парцела“, напоменува...
Post Views: 0
Вангел Јолакоски од село Оровник во општина Дебрца, седум години бара правда за одземеното земјиште за изградбата на автопатот Охрид-Кичево. Експропријацијата се извршила во 2014 година, одземени му се 1825 квадрати, не се сложиле за цената, државата понудила 20 евра од квадрат, а реалната била двојно повисока.
Спорот го решавале по судски пат, Управниот суд три пати одлучил во негова полза, но Второстепената комисија ги поништува правосилните пресуди.
Последната одлука на Управниот суд е донесена во февруари годинава, со налог да се исплати надометок на сопственикот...
Post Views: 0
„ Figurae veneris historiae“ е претствата со која вечерва се завршува 55-то издание на Охридско лето. Претставата ја донесуваат словенечките актери од Драма Љубљана на текст од македонскиот драмски писател Горан Стефаноски. Тема на текстот е Првата светска војна, каде што акцент во тој пеколен казан е ставен на потрагата по љубов, копнеж за топлина, нежен допир и човечки збор, напоменува авторот Стефаноски. Тој потсетува на опсесивната тема кај Шекспир за невзоможноста на љубовта во светот на политиката.
„ Не може да се сакаат луѓето кога има многу историја околу...
Post Views: 3
Педесетгодишното постоење на основното музичко училиште „Методи Патче“, ставено во монографија. Денес оваа книга беше промовирана пред охридската јавност од страна на некогашната професорка по флејта, Радмила Попоска. Присутни беа некогашните директори на училиштето, професори во пензија, актуелни професори како и ученици кои постигнале видни успеси и резултата. Промоцијата беше исполнета со многу емоции и спомени од времето кога училиштето се основало па до денес. Монографијата била подготвувана повеќе од една година и во неа се сконцентрирани фотографии, разговори...