Post Views: 32
Веслачите од охридскиот клуб од државниот натпревар кој вчера се одржа на Дебарското езеро се вратија со 8 први места во севкупна конкуренција. Меѓу најдобрите охридски веслачи од овој клуб се Ана Димоска и Петар Павлоски кои освоија први места во скиф и дубл скул. Димоска и Павлоски, надежните веслачи тренират повеќе од три години во клубот и се вљубеници во овој спорт.
Успехот најдобар државен клуб се поматува со можноста најстариот веслачки клуб Југ да згасне. Веслачите да бидат иселениод хангарот каде што се сместени повеќе од 8 децении и да ги загубат кајчињата...
Post Views: 8
Црквата „Света Богородица“ – Каменско Охрид, во рамките на своите парохиски активности организира бесплатни курсеви по англиски и италијански јазик.
Часовите по англиски јазик ќе се одржуваат во четврток со почеток во 18 часот, а часовите по италијански јазик ќе се одржуваат во втроник со почеток во 18 часот.
Курсевите започнуваат од 1 септември а ќе се одржуваат во просториите на црквата.
Сите заинтересирани можат да се пријават во црквата или на телефон 046 267 832 или на 078 330 394.
Post Views: 6
Полицаец и метач на улици денес беа застрелани и тешко повредени во јужниот дел на Париз што ги зголеми тензиите еден ден откако вооружени напаѓачи упаднаа во редакцијата на еден сатиричен неделник и убија 12 луѓе.
Дел од француските медиуми објавуваат неофицијални информации дека ранетата полицајка им подлегнала на повредите.Напаѓачот во денешниот инцидент што се случи пред зори уште е во бегство, рече францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев.
Тој предупреди да не се избрзува со донесување заклучоци во врска со нападот што не го поврзуваат со нападот...
Post Views: 4
Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 29 август 2015 година (сабота) на патеката „ Климе Савин“ , од манастирскиот комплекс „Св. Наум“ до градското пристаниште, во должина од 30 километри.
Организаторите на годинашниов 29. маратон, Меѓународната пливачка федерација-ФИНА, Македонската пливачка федерација, Општина Охрид и Капетанијата на пристаништата, велат дека финишираат подготовките за најголемиот меѓународен пливачки настан во Република Македонија.На Охридскиот пливачки маратон, според пристигнатите пријави, ќе учествуваат 24 маратонци од кои 12 мажи и 12 жени...
Post Views: 0
На дневен ред на седницата на Советот на Општина Охрид закажана за оваа среда ќе се најде и Предлог-одлуката за формирање Комисија за унапредување и заштита на правата на пациентите.
Целта на формирање на ваквата комисијаќе биде да ги унапредува правата на пациентите и нивна заштита, да ја следи состојбата со заштита на правата, да предлага мерки за подобрување на нивната состојба пред надлежни органи, соработува со надлежни органи, да разгледува поплаки од пациенти како и други активности предвидени согласно закон.
За оваа предлог одлука охридските советници ќе расправаат...
Post Views: 2
Поради обилните врнежи од снег што денеска почнаа низ делови од Македонија, воведена е забрана за тешки моторни возила на магистралните патишта Гостивар-Стража-Кичево и Гостивар-Маврово-Дебар. Забраната за камионите е воведена денеска околу 13 часот. Причината за ова, како што информираат од МВР се обилните врнежи од снег кои го зафатија овој дел од државата.
{loadposition content9}
Post Views: 1
По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, овој петок е прогласенз а неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија , 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.
Post Views: 4
Уште еден случај на давеник во Охридското езеро кај плажата Галеб Струга. Претпладнево околу 11 часот очевидци случајно забележале безживотно тело како плута на езерската вода. Според првичните неофицијални информации станува збор за средновечна жена најверојатно жителка на Струга.На терен се наоѓаат екипи на истражните органи за утврдување на причините и околностите под кои се случил немилиот настан.
Подетални информации за настанот во текот на денот на Портал на ТВМ и во Дневникот на ТелевизијА ТВМ во 17 часот.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Дечињата од заедниците на македонците во соседните земји и земјите на дијаспората изминативе денови ги усовршуваа своите познавања на мајчиниот, македонски јазик. Денес беше завршниот дел од традиционалниот летен камп „Ја сакам Македонија“ на кој тие имаа можност не само да научат за својата историја, својот јазик туку и да презентираат дел од тоа што го научиле.
„Јас се чувствувам на кампот „Ја сакам Македонија“ одлично, научив се по македонски јазик и историја, научивме се и одлично го поминавме летниот распуст“.
„Тука е многу убаво учиме многу за македонскиот јазик,...
Post Views: 4
мРНК вакцините не ја менуваат вашата ДНК на кој било начин и затоа не можат да предизвикаат рак. Вакцините за Messenger РНК (мРНК) ги учат клетките како да создадат протеин што предизвикува имунолошки одговор ако некој се зарази. мРНК што се инјектира во вашето тело не комуницира со вашата ДНК. Откако мРНК ќе ја заврши својата работа, вашите клетки ја распаѓаат и расчистуваат од вашето тело. Нема трајни ефекти од мРНК во вакцината, пишува на официјалната страница за вакцинација на Македонија.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека вакцината против ковид е експериментална...
Post Views: 3
Охриѓани три дена во ритамот на кубанската салса. Нашиот град, доживува автентично кубанско доживува благодарение на првиот меѓународен салса фестивал во Македонија, „Хола Охрид“. Тринаесет артисти ќе ги пренесуваат техниките и тајните на салсата, румбата, регетон, руеда де касино на околу двестоте учесници на овој несекојдневен фестивал.
„Чувството е прекрасно, луѓето се прекрасни, се надевам дека во иднина ќе продолжи истиот да се одржува и да прерасне во поголем фестивал во кој луѓето ќе можат да уживаат во различните култури. Ние танцуваме со срцето и тоа се обидуваме...
Post Views: 5
Православните христијани денес го слават денот посветен на големиот светец Свети Наум Охридски Чудотворец.
Потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството, тој се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на светите Кирил и Методиј. Со нив, учествувал во Моравската мисија, а го ширел христијанството и во Панонија, Девол, Илирик и други краишта. По завршувањето на Моравската мисија, заминал во Велики Преслав, а оттука во Охрид, каде му се приклучил на Св. Климент во работата на Охридската книжевна школа.
Св. Наум бил...