Post Views: 10
Меѓугенерациска средба на младите и повозрасните лица, пријатни изненадувања и подароци, интересно дружење и настап на пејачки групи во неделата на грижа за стари лица. Црвениот крст од Охрид и годинава традиционално ќе им посветува внимание на старите лица од Охрид и Дебрца, овој пат под мотото „Сите сме нивни деца“. Воедно од Црвениот крст од Охрид подготвуваат и нова програма која ќе започне со спроведување токму во текот на неделата на грижа за стари лица, а која ќе биде насочена кон обезбедување на поквалитетно стареење на старите лица. Годинава и два интересни...
Post Views: 3
Катедралната црква „Св.Софија“ денес беше претесна да ги собере сите верници од сите краеви на земјава кои сакаа да присуствуваат на прославата за возобновување на култот кон свети Константин Кавасила, еден од најзначајните архиепископи на Охридската Архиепископија. Утрената богослужба природно ги прибра кај себе верниците кои дојдоа не само да го чујат божјото слово, но и да чујат за ликот и делото на свети Константин Кавасила. За значението на овој охридски архиепископ проговори теологот Виктор Недески.
„Неговиот животен пат е специфичен во многу нешта. Живеејќи во...
Post Views: 0
Кафето содржи протеин со учинок кој е сличен на морфиумот и неговото времетраење е подолго од него, откриле научници од Универзитетот во Бразилија и бразилската државна компанија за земјоделски истражувања Embrapa, пренесува RT.
За време на истражувањето кое го водел Felipe Vinecky пронајден е досега непознат фрагмент на протеин, пептид, кој како и морфиумот има аналгетички и седативни својства. Тестирањето на лабораториски глувци покажало дека новопронајдената супстанца има времетраење до 4 часа, а не се забележани никакви нуспојави.
И универзитетот и Embrapa поднеле...
Post Views: 1
Најавите за изградба на хотелски капацитети на атрактивната локација кај авто кампот „Градиште“ предизвика револт кај жителите од Пештани кои 15 години водат спор со државата за враќање на нивните имоти во Градиште. Хотелите на пет ката кои Министерството за транспорт и врски ги предвидело на површина од над 57 илјади метри квадратни, се дел од планираната туристичка развојна зона за која министерството веќе го објави и нацрт-извештај за стратегиска оценка врз животната средина за урбанистичко планската документација. Пештанци, преку здружението на граѓани „Градиште“...
Post Views: 0
Средношколците во Охрид повеќе да се вклучат во процесот на одлучување во своите училишта. Ова беше тема на денешната дебата во која покрај ученици учество зедоа и двајца директори на средни училишта во градов како и преставници на локалната самоуправа.
Разговаравме за тоа како може попродуктивно да бидат вклучени средношколците во одредени процеси на донесување одлуки и тоа не само за обични прашања туку и за посложени кои ги тангираат нив и нивните образовни центри, вели Весна Цветаноска, локален координатор на комисијата СЕГА за Охрид.
Ваквите дебати се дел од проектот...
Post Views: 6
Рускиот премиер Владимир Путин смета дека Александар Македонски бил Грк. Тој тоа во завиена форма го кажал вчера на економскиот форум „Русија 2012“, одговарајќи на еден говор.„Во свое време, за да ги реши овие економски проблеми, Александар Македонски отиде да ја освои Персија. Сега Грција не може да освојува никого, но неа и ја одзеле моќта да ја девалвира националната валута, бидејќи таа нема национална валута, оневозможена е да пушта пари во оптек, ако нема свој центар за контрола на парите“.
Поврзувајќи го освојувањето на Персија со состојбата на денешна Грција,...
Post Views: 0
Започна изработката на локалната стратегија за развој на туризмот. Веќе се формира и координативното тело кое ќе работи на нејзе. Во него има преставници од Локалната, од Агенцијата за подршка и промоција на туризмот, од ФТУ, ХОТАМ, Националната асоцијација на патнички агенции, еснафот на туристички водичи и од сите други субјекти кои директно се инволвирани во развојот на туризмот во градов. Охрид досега немаше стратегија за развој на туризмот па се што се преземаше околу развојот на оваа стопанска гранка беше парцијално и без некоја подлабока анализа.
Очекуваме со...
Post Views: 9
Нов снег во Струга, голема неволја. Катастрофално лоша слика низ струшките улици. На тротоарите, низ снегот, направени се тесни патеки, кои не се доволни за да можат луѓето да се разминат. Не ретко пешаците наместо да одат по нив како побезбедни, приморани се да се движат по улиците на сред сообраќај. Надлежните, јаки само на збор.ТВМ вчера во информативниот блок го пренесе ставот на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој изјави дека сите надлежни служби за одржување на патиштата во зима се на терен, но очигледно, реакцијата на граѓаните е оправдана. Дел од стружани...
Post Views: 0
Денес, Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, го означија стартот на градежните активности за реновирање на објектот во кој ќе бидат сместени двата Дневни центри, за лицата со пречки во развојот и за деца со аутизам. Имено во рамки на ОУ „Братство единство“ ресорното министерство и општина Охрид со заеднички сили ќе опремуваат простории со вкупна површина од 210 м квадратни, специјално наменети за лицата со посебни потреби. Градоначалникот Бакрачески истакна дека со тоа создаваат услови за непречено функционирање...
Post Views: 2
Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот е реалност, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени и починати луѓе од вирусот низ целиот свет. Според последните податоци од СЗО, заклучно со 15 ноември 2021 година, во светот има вкупно 254.189.143 потврдени случаи, а бројот на починати е над пет милиони – 5.118.348. Кај нас од почетокот на пандемијата досега се регистрирани 209.277 заболени и 7.328 починати.
Фејсбук објавата што е предмет на оваа анализа лажно тврди дека ковид-19 не постои и ја повикува јавноста да се сомнева и за сите други болести,...
Post Views: 1
Влезот во населбата Христо Узунов нема прегледност и сообраќајот станува ризичен. Причина е запуштена ограда која ја попречува прегледноста на улицата Даме Груев и нејзиниот крак кој води во населбата. Во многу случаи во последен момент се избегнуваат сообраќајни несреќи, се жалат жителите кои имале непријатности и стресни ситуации на овој пресек. Ванчо Бочвароски, претседател на урбаната заедница Даме Груев за ТВМ потврди дека овој потег за жителите од УЗ е сериозен сообраќаен проблем. Бочвароски напоменува дека уште во септември минатата година од фондот за комунални...
Post Views: 8
Православните христијани денес го слават споменот на светиот апостол Петар, со кој се одбележува завршувањето на повеќедневните пости.
Празникот е познат кај народот како Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.
По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера....