Post Views: 1
Очите на занаетчиите се вперени во новиот закон за занаетчиска дејности и негово што поскоро донесување. Новиот закон за занаетчии е во собраниска процедура па се очекува пратениците да дадат зелено светло за негова примена. Враќањето на калфите во дуќаните е една од најголемите придобивки на занаетчиите со новиот закон, вели Сашо Богоески претседател на регионалната комора на занаетчии и еден од иницијаторите за оваа потреба кои ја бараа со години.
„Секој занаетчија ќе може да има право на калфа и ќе може да го чува една година. При тоа ќе има право на паричен...
Post Views: 1
Охрид се попривлечен за израелските гости. Природните убавини, културното наследство на градот според кое е познат како балкански Ерусалим, храната и поволните цени е она што ги поттикнува овие туристи да го одберат нашиов град како дестинација која сакаат да ја посетат.
Веќе се започнати првичните анализи каков профил на гости се израелските туристи и врз основа на тоа ќе се планираат и понатамошните активности земајќи во предвид дека наредната година ќе имаме и чартер летови од Израел, вели Ѓоко Апостолов, раководителот на ТЛЕР.При неодамнешната посета на Израел...
Post Views: 5
Во Њујорк, но и во други подрачја на североистокот на САД е сѐ во прекин поради бурата Juno која спрема очекувањата со себе ќе донесе и околу 90 цм снег пропратено со замрзнат дожд и ветар кој ќе достигне повеќе од 100 км на час. Националната метеоролошка служба бурата ја опишува како опасна за живот и историска. На сите возила кои не се дел од првата помош им е забранет сообраќајот од 11 часот навечер по локално време, а откажани се и услугите на подземната железница.
Бурата би можела да влијае на животите на 60 милион луѓе, пишува BBC.
Како што јавува Reuters, станува...
Post Views: 6
Проблемите со јавното осветлување ќе бидат целосно надминати по Нова Година-најавуваат од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. Од таму информираат дека веќе е започнат процесот на промена на обичните сијалици од уличното осветлување со новите, лед, економични светилки. Во првата фаза од процесот на промена на уличните светилки предвидено е да се опфатат местата како Сирула, Оровник, Вапила, Ливоишта, Куратица, Рамне, Велестово и Рача. Во моментот се работи на поголемите населени места, Лескоец и Велгошти.
„Отпочната е таа акција за менување на старите натриумови...
Post Views: 3
Доколку принудно се повлечат пари од сметка, трошоците ќе ги плати самиот обврзник, велат од УЈП.
Сите што имаат обврска да плаќаат радиодифузна такса да го направат тоа навреме и во утврдениот рок, апелираат од Управата за јавни приходи, бидејќи во спротивно, даночната администрација ќе почне со присилна наплата на долговите. Тоа значи дека УЈП сама ќе си ја реализира наплатата на радиодифузна такса преку повлекување пари од сметките на обврзниците што не извршиле плаќање на јавната давачка во законскиот рок. „Повикот за плаќање на радиодифузните сметки е обид да се...
Post Views: 1
Од средината на март месец од охридскиот и скопскиот аеродром ќе започнат со опрерирање две нови компании кои ќе нудат летови за нови дестинации. Холандската нискобуџетна Туи Ерланјс и белгиската Џет Ерфлај се компаниите кои што ќе нудат нови дестинации.
Од скопскиот аеродром Александар Велики ќе се нуди летот Скопје Брисел додека пак од охридскиот аеродром Апостол Павле ќе се нуди релацијата- Охрид -Амстердам.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Од АМСМ ги информираат сите учесници во сообраќајот дека денес сообраќајот ќе биде повторно во прекин поради изведување работи на пат на патниот правец А2 Кичево-Охрид.
Имено поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево-Охрид на делот помеѓу Пресeка и с.Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу 14.30-16.30 часот.
Post Views: 3
Сојузот на Балканските Египќани го одржа својот втор Конгрес. Египќаните сеуште се борат со предрасудите и стереотипите кои постојат кон оваа етничка заедница истакна претседателот на Сојузот Проф. Д-р Рубин Земон. Тој во своето обраќање рече Балканските Египќани на сите нивоа од најобичните општествени настани во секојдневниот живот, па се до највисоките меѓународни, владини и културни случувања се борат со прилепената ознака на аутсајдери или како Роми. Претставниците од здруженијата на египќаните ги искажаа своите проблеми и очекувања од нивното формирање пред 12...
Post Views: 4
Нуркањето е една убава авантура која му ја исполнува душата на нуркачот со убавините на подводниот свет. Но сепак, ограниченото време на нуркање може да носи и опасности кои можат да завршат фатално. Врската на нуркањето и медицината ја опишува д-р Горан Балевски во своето прво дело „Подводна и хипербарична медицина“, кое синоќа беше промовирано пред охриѓани. Рецезентот д-р Здравко Тројачанец истакна дека авторот на делото е голем вљубеник во езерото, во Охрид, во професијата, во нуркањето и вљубеник воопшто во спортската дисциплина. Додава дека книгата е мала по обем,...
Post Views: 2
На 25.12.2021 година во Струга, приведен е Н.И. (70) од Охрид.
Тој, претходно на улицата „Пабло Неруда” во Струга, го нарушил јавниот ред и мир со агресивен однос кон полициски службеник кој, извршувал работи од областа на безбедноста во сообраќајот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Post Views: 2
Општа болница Охрид лидер во здравството. Тоа го покажале резултатите од дискретното истражување кое го спровело Министерството за здравсто, информираше првиот човек на болницата д-р Љубен Арнаудов. Поголем број од пациентите кажале дека се задоволни од медицинската нега, хигиената, болничките услуги и персоналот. Според Арнаудов вложувањата и несебичниот ангажман кој го правеле изминатите години, посебно со доградбата на новиот хируршки блок, како и со набавката на најсовремените софицистирани апарати во вредност од 2 милиони евра ги покажале првите резултати на ниво...
Post Views: 2
Се известуваат граѓаните на општина Дебрца дека почнувајќи од денес 12.07.2021 година ЈЗУ Здравствен дом Охрид започнува со теренска вакцинација против Ковид 19 вирусот, без претходно закажување.
Вакцинацијата ќе се врши со вакцини од производителот Sinovac.
Вакцинацијата ќе се врши во објекти на општината,месните заедници и основните училишта, по следниот распоред.