Post Views: 1
Здружението на лекари од Охрид најостро го осудува вчерашниот вандалски чин кога на државната клиника во Скопје беше ранет хирург од страна на револтиран син на пациентка која била лекувана на клиниката, кој со огнено оружје влегол во болницата и пукал кон 39 годишниот доктор. Причина за ваквата реакција на напаѓачот било тоа што неговата мајка која била лекувана и оперирана, починала на одделението за дигестивна хирургија.
Ваквиот настан ја потресе целокупната македонска јавност и со овој чин и како земја и како народ треба да се срамиме. Однесувањето на дел од пациентите...
Post Views: 6
Националните комисии за Унеско на Македонија и Албанија одржаа работен состанок во Охрид. На работната средба учествуваа Министерките за култура на двете земји, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, воедно и претседателки на Националните Комисии на Унеско. Присутни беа и министрите за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и Бленди Клоси, неговиот Албански колега министер за туризам и животна средина. Министерката Стефоска, е оптимист дека сеуште има надеж за спас на Охридскиот регион за да не се стави на листата на загрозени подрачја под Унеско. Стефоска не...
Post Views: 1
Охриѓани ги менуваат своите навики па се почесто својот одмор го планираат неколку месеци однапред. Уште од септември почнуваат да размислуваат каде ќе одат на зимување. Туристичките агенции ги пратат новите трендови и веднаш по завршувањето на летната сезона прават аранжмани за зимската. Сите оние кои ќе уплатат неколку месеци однапред добиваат многу поволности, вели Елида Битрак од ТА „Елида турс“.Уште во месец октомври ние извадивме програми во кои ги наведовме предностите во поглед на раното букирање така што доколку граѓаните уплатија во месец октомври добија попуст...
Post Views: 0
Музичкото основно училиште Методи Патче е меѓу 8 -те најдобри училишта во земјава. Ова е оценката од извештајот на интегралната евалуација за 2015 која Државниот просветен инспекторат ја прави во училиштата на секои три години. Просветните инспектори ја скенираат работата на училиштата во повеќе сегменти според кои училиштата ги добиваат оценките.
Инспекторите го оценуваат менаџирањето на училиштето, постигнатиот успех на учениците, условите за работа, реализацијата на наставните програми и планови, климата за работа, меѓучовечките односи. Досега со најдобра оценка...
Post Views: 4
Илјадници работници во ноќните смени во германските фабрики ја прекинале работата минатата ноќ, протестирајќи поради неспремноста на работодавачите за зголемување на платите, објави IG Metall, најголемиот германски синдикат.
IG Metall, кој брои 3,7 милиони работници, го одбил предлогот на работодавачите кои нудат зголемување на платите за 2,2% од 1-ви март. Синдикатот сака зголемување од 5,5% од почеток на годината, порачувајќи дека солидниот пораст во најголемото светско стопанство го оправдува барањето.
Само во Северна Рајна Вестфалија повеќе од 3.000 работници во...
Post Views: 4
Охриѓани се жалат дека во голем број од угостителските објекти во градов не се почитува Законот за забрана за пушење. Тие велат дека сопствениците, а и гостите како да подзаборавија на ова законско решение кое беше донесено пред четири години од страна на Министерството за економија. Од подрачната единица на државниот пазарен инспекторат пак тврдат дека се прават редовни контроли за тоа колку се почитува или не овој закон, а за прекршителите се изрекуваат глоби. Контролите се прават секојдневно и тоа не само по угостителските објекти, туку и во сите трговски и занаетчиски...
Post Views: 2
Три повозрасни кученца за кои се грижат волонтерите на „Анималиа“ си најдоа свој дом во земјите од Бенелукс. Кучињата, според Климент Арнаудов, претседател на Здружението за заштита на животни „Анималиа“ потешко се вдомуваат од оние помалите. Повеќе од 30 кученца што помали, што повозрасни се секојдневна грижа за волонтерите од Анималиа, од вчера бројката им се зголеми за 17 мали кученца кои дојдоа на свет. Сепак според нив, вдомувањето на кучиња генерално во градов оди многу потешко отколку што се надевале.
„Направивме сефте, ги испративме во Холандија, едно е додуша...
Post Views: 1
Австралиската влада ќе го повлече терминот “славо-македонски“ од официјалната употреба и ќе го користи “македонски“, информира австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) повикувајќи се на изјава од вршителот на должност, шеф на кабинет на Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија.„Јас можам да потврдам дека „славо-македонското“ административно циркуларно писмо повеќе не е на сила во Министерството за надворешни работи и трговија (ДФАТ). Како што е вообичаената пратика, што се однесува до неважечки административни циркуларни писма,...
Post Views: 0
Песни, танц, игри, кореографии, се во знакот на татковината…Црвената и жолатата боја буквално го обоија теренот во спортската сала „Билјанини Извори“, а сите родители, претставници од јавни претпријатија, политичари, граѓани можеа да уживаат во колоритната претстава на малите дечиња.
250 на број, дечињата и самите уживаа во претставата која тие ја приредија, а која никого во публиката не остави рамнодушен. Со свој придонес во големата свеченост учествуваа и средношколците од “Нико Нестор” од Струга кои се претставија со прекрасни народни носии од охридско-струшкиот...
Post Views: 4
„Подобро да не ги отвараме картите. Религијата нека остане света и до крај да ја почитуваме. Во спротивно, можат сериозно да се затегнат конците на религиско поле“. Ова е пораката на градоначалнкот на Струга Рамиз Мерко, за предметот на дивоизградената џамија во Горна Белица. Но, ова е спротивно од она што беше кажано во неодамнешната изјава на Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Тој децидно кажа што се може да се легализира, а во тој дел воопшто не мислеше и на џамијата во Горна Белица.“Можам да ви кажам дека џамијата во Горна Белица нема да подлежи...
Post Views: 61
Ќе се преуредува плоштадот „Крушевска Република“. Тоа влегува во проекциите на охридската локална власт за 2016 година, обелоденува градоналчалникот Никола Бакрачески. Како што е добро познато овој плоштад со стариот платан претставува едно од најфотографираните места во градов. Неговиот сегашен изглед со постоечката фонтана во која ретко може да се види чиста вода, ни најмалку не претставува репрезентативно место ниту за охриѓани ниту за бројните туристи.
„Во текот на 2016 година имаме намера да објавиме нов конкурс за изработка на идејно решение, со оглед на тоа...
Post Views: 5
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(23) и С.К.(21), двајцата од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство”.
-Тие, на 26.06.2021 година, во угостителски објект лоциран во авто кампот “Градиште”, физички го нападнале В.С.(27) од Охрид и му нанеле тешки телесни повреди, а кај присутните гости, предизвикале страв и несигурност.-се вели во соопштението на СВР Охрид.