Во вакцината против ковид нема ебола

Post Views: 2 Повеќе студии покажуваат дека вакцината против ковид-19 генерира зајакнувачки за имунитетот бели крвни зрнца, наречени Т клетки, специфични за ковид-19. Овие Т клетки помагаат имунитот систем да го организира одговорот и да ги убие клетките кои се инфицирани со вирусот ковид-19. Самиот производител „Џонсон и Џонсон“ гарантира дека нема да се заразите со ебола вирусот ако ја примите вакцината против ковид-19, наречена „Џенсен“, ниту пак, доклоку примите  вакцина против ебола. Во постот што го рецензираме се тврди дека во вакцините против ковид -19, има вирус ебола. Доктор Аријана...

Continue reading

logo

Дел од Охрид во понеделник без вода

Post Views: 1 Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека поради интервенција на водоводна линија, во понеделник 16- ти ноември, ќе има прекин на водоснабдувањето на улиците „Партизанска“, „Спас Банџов“, дел од Јане Сандански и дел од „Кеј Македонија“. Прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 08:00 до 14:00 часот.

Continue reading

Денес се одбележува Свети Апостол Павле – Павловден

Post Views: 0 Светата Православна Црква денот по Петровден му го посветила на Светителот Апостол Павле – Павловден. Апостолот Павле во почетокот бил противник на христовата вера и прогонувач на христијаните за подоцна да стане најсилен пропагатор на ова учење. Претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден. На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа...

Continue reading

Граѓаните прашуваа, градоначалникот одговараше

Post Views: 0   Дел до граѓаните на Охрид и охридско денес имаа можност да бидат лице в лице со градоначалникот Никола Бакрачески. Тие прашуваа, градоначалникот одговараше. Граѓаните се интересираа за повеќе области од нивното секојдневно живеење, но  најмногу беа заегнати со проблемите од комуналната сфера. Наш сограѓанин од ул „Сирма Војвода“, кој неколку пати јавно бараше асфалтирање на потегот помеѓу улиците Сирма Војвода и Момчило Јорданоски, денес доби ветување од првиот човек на градот дека локалната веќе работи на надминување на овој проблем и во најскоро време ќе добијат...

Continue reading

саем

ОХРИДСКАТА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА ПРЕЗЕНТИРАНА ВО СОЈУЗНА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА

Post Views: 0 Презентацијата на Охрид како туристичка дестинација со широка палета на туристички производи предизвика голем интерес кај посетителите на манифестацијата, при што најголем број од прашањата беа во насока на можноста да се користат директни авионски линии за Охрид. Во склоп на активностите се разговарало и за воспоставување на партнерска соработка помеѓу Охрид и Нојкиршен, меѓутоа и со градот партнер на оваа манифестација Устрон, од Република Полска. Регионот на градовите Нојкиршен-Флин, Морс, Есен, Оберхаузен, Крефелд, Диселдорф, Фенло, географски се наоѓа во близина...

Continue reading

NASA лансира сателит кој ќе предвидува поплави

Post Views: 3 Научниците веруваат дека влажноста на земјиштето ги поврзува сите земјини еколошки и биолошки системи. Податоците кои ќе се добиваат од новиот сателит ќе им овозможи на метеоролозите да пронајдат поефикасни начини за борба против сушите и поплавите ширум светот. Глобалната влажност на земјиштето изнесува помалку од 1% од резервите на вода на Земјата. Остатокот се наоѓа во ледниците и океаните, вели Дара Ентекабл од технолошкиот институт во Масачусетс која работела на овој проект. До денес, научниците се потпираа на компјутерски симулации за да ја проценат влажноста на...

Continue reading

znak

Минирање кај Пресека-Врбјани

Post Views: 10 Од АМСМ информираат дека денес 13.112015 поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево на делот помеѓу Пресека – село Врбјани, ќе има прекин на сообраќајот. Според најавите, сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 – 20 минути во периодот од 13 до 15 часот.

Continue reading

zelen

Охридски комуналец ќе подига зелен отпад во Видобишта

Post Views: 7 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 14.11.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.11 „Видобишта“. Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад...

Continue reading

Галичко сирење, ајвар, жолта и „Т’га за југ“ им препорачува на швеѓаните весникот „Метро“

Post Views: 13 Шведскиот дневен весник „Метро“ објави интервју со популарниот оркестар „Втора генерација“ кој учествува во изборот за шведски претставник за Песна на Евровизија, а составен е од македонци. Станува збор за оркестар основан од музичари од македонско потекло родени во Шведска, кој во изминатите години се здоби со широка популарност, меѓу другото со учеството на шведскиот натпревар за избор на претставник на Евровизија, т.н. „Мелодифестивален“. Во интервјуто, членовите на „Втора генерација“ им препорачуваат на Швеѓаните специјалитети за подобро расположение додека го...

Continue reading

ftu

Потребно е огромно лоби за Охрид да стане универзитетски град смета фелата

Post Views: 3 Градот на писменоста и просветителството во 2015та година своето образование го темели само на две високообразовни институции. Во образовната фела постои консензус околу потребата Охрид да добие повеќе универзитети, но барем досега не дошло до реализација на ваквата идеја. Наместо Охрид, Штип во рок од 8 години прерасна во универзитетски град благодарение на Универзитетот “Гоце Делчев” во кој функционираат повеќе од десетина факултети. Според проф.д-р Ирина Петровска од Факултетот за туризам и угостителство, во Охрид постои 45 годишна традиција на високообразование...

Continue reading

sudenje

Нови моменти за несреќата во која од струен удар загинаа тројца стружани

Post Views: 4 Почна да се одплеткува клопчето за случајот со несреќата на 11 септември во која од електричен удар настрадаа тројца граѓани од Струга. Денес во Основниот суд, отпочна главниот претрес по овој предмет, со распит на тројцата обвинети Вранишкоски Цвете, Миладиноски Климе и Јанески Гоце, како и на двајца сведоци Павлоска Марија и Чуркоски Ѓоко. Бранителот на Вранишкоски , Ставре Џиков рече дека на денешниот главен претрес се отвориле многу прашања во врска со стопанисувањето на објектот години пред несреќата, бидејќи ова место се смета за едно од најатрактивните во Струга....

Continue reading

csr

Новиот директор на Центарот за социјални работи се заложи да ја унапредува социјалната заштита на ранливите категории

Post Views: 2 Посветени сме на максимално остварување на социјалната заштита на ранливите категории на граѓани. Центарот функционира и ќе функционира согласно законските прописи, но и во насока на реализација на многубројните проекти кои се спроведуваат со цел унапредување на социјалната заштита. Ова се само дел од целите, мисијата и предизвиците со кои новиот директор на Центарот за социјална работа од Охрид, Артим Османи вети дека ќе се посвети за да ги постигне. “Јас како од моја страна така и од вработените, ќе дадам максимален напор за да и се помогне на оваа група на граѓани,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top