Post Views: 0
Од денес па во наредните пет дена охриѓани ќе имаат можност да ги предлагаат своите идеи за подобар Охрид и подобра Македонија, кои идеи треба да бидат инкорпорирани во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ за престојните парламентарни избори. На штанд поставен на градскиот плоштад мобилна екипа од млади членови на партијата деновиве ќе ги евидентираат идеите кои охриѓани ќе ги предлагаат. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека токму граѓаните се факторот од кој тие ја црпат енергијата за работа. Според Бакрачески, граѓаните знаат што за нив е најнеопходно и приоритетно...
Post Views: 10
Уметниците од НОБ со делови од познатата трилогија „Лебедово Езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспана убавица“ од еден од најзначајните композитори во светски размери Петар Илич Чајковски, како и извадоци од балетот „Ана Каренина” и операта „Евгениј Онегин” приредија грандиозен гала концерт за отворањето на 61-то издание на „Охридско лето“. Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, Претседателот Стево Пендаровски кој од Античкиот театар од Охрид, порача дека парадоксот на убавината која е олицетворена во уметноста и културата е...
Post Views: 4
Охридските советници прашуваа, градоначалникот Никола Бакрачески и секретарот на општина Охрид Димитар Спасески одговараа. Денес се одржа 47 седница на Советот на општина Охрид со единствена точка на дневен ред, советнички прашања. Најголем број од прашањата беа упатени до градоначалникот на општината. Тие се однесуваа на проектите од патната и комуналната инфраструктура, но имаше прашања и со политички примеси. Советникот од редовите на СДСМ Јован Стојаноски праша, кога може да очекуваме гасификација во Охрид како и тоа до каде е изградбата на фудбалското игралиште...
Post Views: 1
„Стоп на насилството врз децата“ – под ова мото денеска се одбележува 20-ти ноември Светскиот ден на детето. Почитувањето на правата на детето е една од најважите работи кон кои треба сите да се стремиме, затоа што за едно општество нема поважна работа од создавање здрави, образовани, толерантни поколенија, подготвени да се соочат со сите предизвици кои ги носи животот.
Да им посветиме повеќе внимание на децата што повеќе да разговараме со нив, да им даваме љубов, бидејќи сега се садат вистинските вредности од кои подоцна треба да ги жнееме плодовите, вели одделенскиот...
Post Views: 6
Ј.П.„Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните на општина Охрид дека утре на 21-ви ноември 2015 година ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З 14 „Радојца Новичиќ “.
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.„Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.„Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот...
Post Views: 0
Патнички авион од типот ATR-72-600 се урна веднаш по полетувањето од аеродромот Songshan во Тајпеј – Тајван во 10.45 по локално време.
Кинеската информативна агенција Xianhua наведува дека најмалку 15 лица загинале, а повеќето од патниците биле Кинези.
Авионот се срушил среде градот, а делови паѓале по патот за да најпосле падне во река, само три минути по полетувањето.
Во тек е спасувањето на патниците а пожарникарите потврдиле дека досега успеале да спасат десетина лица од кои 18 лица се повредени и дека по 31 лице се трага. Како што напредува спасувањето овие бројки...
Post Views: 2
Министерство за транспорт и врски го распиша огласот за набавка на радари за набљудување на учесниците во пловидбата на Охридското Езеро.
Како што предходно беше најавено, набљудувањето ќе биде за потребите на Капетанијата на пристаништа Охрид.
Проценетата вредност на договорот без ДДВ изнесува .1.516.949 денари, а главен критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската цена.
Post Views: 2
Како да се зачува сопствената безбедност, кои се прописите и правилата кои гарантираат безбедно учество во сообраќајот, како да се внимава и на останатите учесници во сообраќајот. Ова се само дел од сознанијата кои денес ги добија средношколците од охридската гимназија на интерактивниот час кој за нив го подготвија Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот во соработка со полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Еве што тие научија:
“На овој едукативен час учевме за безбедноста во сообраќајот, пред се како да ги почитуваме...
Post Views: 4
Во следните четири години Министерството за здравство ќе спроведува теренски истражувања за да го измери задоволството од здравствениот систем и врз основа на тоа ќе презема мерки за подобрување.Проектот насловен ПАЦИЕНТ ќе чини 40.000 евра, по 10.000 евра годишно и ќе опфати околу 12.000 пациенти и медицински персонал.
Во проектот Пациент, лажните пациенти кои се избрани по пат на јавно спроведен тендер ќе треба да утврдат дали се прекршува лекарската етика, како се постапува со пациентите, дали се задоволни од негата и терапијата, на кое ниво е хигиената во болниците,...
Post Views: 2
Градење на нови хотелски капацитетти, достигнување на бројка од еден милион гости годишно, поволни каматни стапки за добивање кредити, креирање на производ кој е привлечен за странските туристички гиганти, изградба на соодветна патна инфраструктура за поуспешна и подолга туристичка сезона во земјава. Ова се само дел од желбите, идеите и предлозите на туристичките работници со чија реализација тие сметаат дека многу би се подобрила туристичката слика во земјава. Како една од пречките за реализацијата на нови инвестиции во делот на хотелските капацитети, според претседателот...
Post Views: 4
Испративме тешка година. Ваков е ставот на пратеничката Лилјана Затуроска од владеачката ВМРО – ДПМНЕ од Струга за изминатата 2010год. Затуроска категорична оти започнатите проекти од минатата година треба да се реализираат, но најави и многу новитети. Таа додаде дека во 2011 година очекуваат закрепнување на економски план, не само на Струга туку воопшто и на целата земја.Затуроска планира развој на руралниот туризам во Струга. Тука таа гледа голем потенцијал на можности за инвестирање.Кога се работи за инвестиции во Струга, не е рамнодушен и пратеникот Тахир Хани,...
Post Views: 3
Наскоро регионалниот Центар за јавно здравје од Охрид ќе спроведува мамографски прегледи на рак на дојка за жените од регионов. Бесплатните скрининг прегледи ќе ги опфатат жените на возраст од 50 до 69 години од општините Охрид, Струга, Дебрца, Вевчани, Дебар и Ростуше. Скринингот е во рамките на програмите за рано откривање и детекција на малигните заболувања од превентивните програми на Министерството за здравство, информира д-р Слободанка Коцевска од охридскиот центар за јавно здравје.
„Ракот на дојка е често заболување кај жените иако поретко се среќава и...