Post Views: 1
Избран најстариот жител во општина Охрид и Дебрца и брачниот пар со со најдолг брачен стаж. Заврши конкурсот кој охридскиот Црвен крст го распиша на почетокот на ноември, а беше дел од одбележувањето на Неделата посветена на старите лица. На конкурсот се пријавиле пет кандидати за најстар жител и пет за брачен пар кој најмногу години е во брак. Најстар жител е 96 годишен охриѓанец чие име денес не беше обелоденето бидејќи тоа ќе биде направено на утрешната манифестација која ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“. Брачниот пар кој победи на овој конкурс...
Post Views: 11
„Овој ден е отсекогаш посебен за мене“, изјави годинешниот фаќач на крстот во Струга, Мирко Димоски.
На големиот христијански празник Водици, Димоски години наназад скока во водите на реката Црн Дрим, но годинава за прв пат излегува со полни раце, светиот крст.
„Поминав низ голема толпа верници и не можам да ги пронајдам вистинските зборови со кои можам да ги пренесам моите чуства“, рече Димоски.
Годинешен кум на манифестацијата Водици, е Петко Кутаноски, овојпат во име на Т. А. Балкан Нет. Тој рече дека биле преземени сите потребни мерки на безбедност за овој...
Post Views: 5
ЈП „Градски Гробишта“ Охрид неодамна донело одлука за измена и дополнување на постоечкото урбанистичко решение за гробната парцела Х 402. Одлуката била донесена од страна на Управниот одбот на ЈП. Според неа 19 корисници се известени дека се изработени и ќе се продаваат гробни места на почетокот на секоја гробна парцела што е во непосредна близина на гробното место кое го поседуваат овие 19 корисници. Рокот за постапка по оваа одлука е 5 дена од приемот на дописот.
Дел од корисниците на гробните места реагираа до нашиот медиум дека не се задоволни од една ваква одлука...
Post Views: 6
Чешката влада денеска се согласи да поднесе оставка, изјави премиерот Андреј Бабиш, ветувајќи дека неговата влада во заминување ќе продолжи со напорите за скротување на пандемијата на ковид-19. Бабиш рече дека понудата за оставка ја испратил во писмо до претседателот Милош Земан, кој е хоспитализиран од 10 октомври, наместо лично да ја достави како што е вообичаена практика.
Кога Земан ќе ја прифати оставката, тој треба да ја задолжи владата во заминување да ги извршува своите должности до именување на новата влада, што се очекува да се случи во наредните недели. Земјата...
Post Views: 0
Изградбата на Дом за стари лица во Охрид засега останува само на хартија.Нема никакви активности околу отпочнување со реализација на овој капителен проект кој претставува една од најсушните потреби на градот, забележува Виолета Мицкоска – советничката од СДСМ. Таа до градоначалникот се обрати со неколку прашања во врска со изградбата на овој објект како и за запазување на роковите околу отпочнување на неговата изградба.
„До каде е изградбата за стари и изнемоштени лица незнам по кој пат го поставувам ова прашање, секако дека тој простор го дадовме односно го продадовме,...
Post Views: 1
Актуелниот градоначалник на Охрид Д-р Константин Георгиески уште еднаш ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Охрид на престојните локални избори кои ќе се одржат во втората половина на октомври оваа година.
„Во општина Охрид тоа што е направено во овие четири години е повеќе од два или два и пол мандати на претходни градоначалници, вклучително и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави доцна синоќа лидерот на партијата Зоран Заев, по последната седница на партискиот Извршен одбор.
Георгиески преку социјалните мрежи порача дека „поддршката дава сила и мотив за...
Post Views: 1
По тој повод ги посетија старите лица во Геријатриското одделеније во Општата болница во Охрид.
Таму членките од ова згдружение поминаа пријатни часови во дружење со нив.
Post Views: 1
Поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела од кои 4 „тешка кражба“ и 5 „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.П.(23) од Либражд-Република Албанија.
Тешките кражби, пријавениот ги извршил во текот на јули,октомври и ноември оваа година во авто-сервис, куќа и продавница во струшките села Долна Белица,Велешта, Радолишта и Заграчани.
А.П. со кршење на стаклото од подрумска просторија, влегол во куќа во Долна Белица при што одзел 2 плазма телевизори а со кршење на стакло од излог, од продавница...
Post Views: 4
Во Словенија денес поради очекуваните временски неприлики и обилни снежни врнежи е откажана е наставата во 270 училишта и градинки.
Таква одлука е донесена заради безбедност на децата иако засега не се отстваруваат прогнозите на метеоролозите за рекордни снежни врнежи.
“Мислам дека правилно одлучивме, бидејќи безбедноста на децата е најважна и не би сакале при превезувањето на децата да дојде до некаква несреќа”, рекла за Словенечката телевизија министерката за образование Станка Сетникар Цанкар.
Снег паѓа во јужните и југозападните делови на земјата, а спрема прогнозите...
Post Views: 6
Советниците треба да ја изгласаат предлог одлуката за утврдување Нацрт фискална стратегија и развојни програми на општина Охрид за 2016 година. Освен за оваа точка, градските избраници треба да расправаат и за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од обилни врнежи од дожд со поплави настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 10.10.2015 година.
На дневен ред уште на ова издание на седницата на советот треба да се најдат и Предлог Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комуналните услуги, како и Предлог Одлуката за донесување...
Post Views: 3
Централниот регистар на Република Македонија од понеделник ќе организира Отворени денови во регистрациските канцеларии низ државата.
Отворените денови во Охрид и Струга се закажани за 15 декември.
Во рамките на акцијата тимови на Централниот регистар ќе бидат достапни да информирмираат за измените во законската регулатива, како и да одговарат на сите отворени прашања на граѓаните.
Ова е трета акција на Централниот регистар на Република Македонија.
Post Views: 0
Најдобриот анимиран филм за изминатата година е “Ранго“, а она што е интересно е дека за истиот да го добие вчерашниот “Оскар“ беа заслужни и македонските аниматори од студиото за анимација и визуелни ефенти “Фx3x“.
“Ранго“ е првиот анимиран филм на режисерот на “Пиратите од Карибите“ Гор Вербински, а гласот за камелеонот Ранго, го позајми актерот Џони Деп. Во оваа категорија беа номинирани и “Мачка во Париз“, “Чико и Рита“, “Кунг Фу Панда 2“ и “Мачорот во чизми“.Инаку неодамна, македонската компанија за визуелни ефекти и анимација “Фx3x“ беше избрана како пример за...