Константин Георгиески повторно кандидат на СДСМ за градоначалник на Охрид

Актуелниот градоначалник на Охрид Д-р Константин Георгиески уште еднаш ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Охрид на престојните локални избори кои ќе се одржат во втората половина на октомври оваа година.

 |   | 

Актуелниот градоначалник на Охрид Д-р Константин Георгиески уште еднаш ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Охрид на престојните локални избори кои ќе се одржат во втората половина на октомври оваа година.

Во општина Охрид тоа што е направено во овие четири години е повеќе од два или два и пол мандати на претходни градоначалници, вклучително и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави доцна синоќа лидерот на партијата Зоран Заев, по последната седница на партискиот Извршен одбор.

Георгиески преку социјалните мрежи порача дека „поддршката дава сила и мотив за нови победи, но истовремено носи одговорност и голема чест“.

Цврсто чекориме по патот на успехот и овозможуваме посветла иднина за Охрид и за охриѓани. Убеден сум дека можеме да постигнеме уште повеќе! Време е да зацртаме и да тргнеме кон остварување на нови цели! Време е уште еднаш да се обврземе пред граѓаните и пред себеси дека ќе работиме уште повеќе за интересите на нашиот град!Предводејќи ја локалната власт во Охрид, СДСМ покажа и докажа дека знае да креира квалитетни политики. Работевме одговорно, чесно и домаќински. Реализиравме важни проекти, водејќи сметка за зачувување на природните, културните и духовните богатства, напиша на својот Фејсбук профил Георгиевски“, порача Георгиески.

Георгиевски дојде на местото градоначалник на Охрид на вонредните локални избори, организирани поради смртта на претходниот градиначалник на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top