Post Views: 0
Магични моменти за престојните новогодишни и Божиќни празници. Стандардизираните менија каде не се нуди нешто ново и специфично треба да заминат во историски архив, односно во заборавот. Вакви се мислењата на експертите од швајцарската консултанска куќа од најдобриот Луцерн Универзитет, компанијата Свис Контакт, која веќе е влезена во Охрид и има склучено договор со општината и со ФТУ. Нивните сугестии прифатени од нашите стручни лица до областа на туризмот.
„Апсолутно треба да се работи на нови менија кои што ќе имаат максимално 20 до 22 јадења кој што ќе бидат специфични...
Post Views: 0
Наместо дуќан, добивме бункер. Ова е дел од сторијата на семејството Калајџиески кои години наназад работат во струшкиот пазар како сопственици на еснавски дуќани. Насте Калајџиески раскажа како започнал нивниот проблем. Според него, одкако Петко Кутаноски е назначен за директор на ЈП „Комунално“, неговиот живот се претворил во кошмар. Калајџиески вели дека на легално купени деловни простории во градското пазариште му е узурпиран пристапот до сендвичарата која е во негова сопственост, а додека пак на другиот дуќан во целост му е блокиран излогот. Тој додава дека секојдневно...
Post Views: 3
Некои од вработените во охридската Општа болница деновиве реагираа преку социјалните мрежи дека во болницата нема греење. На овие коментари се приклучија и некои пациенти кои биле на одделенијата во оваа здравствена установа потврдувајќи дека во болницата навистина е ладно. На некои одделенија пациентите си носеле кварцни печки од дома колку да замлачат малку во болничките соби. Директорот на болницата Д-р Љубен Арнаудов објаснува дека тие се трудат во рамките на нивните можности да обезбедат греење во болницата потенцирајќи дека системот е стар и дотраен и дека често...
Post Views: 6
На 21-ви февруари по преземени мерки и врз основа на решение од Основен суд Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.Ф.(41) од Охрид.
Тој, на 19-ти јануари 2022 година во 19:40 часот, во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид оштетил дел од инвентарот, физички го нападнал Г.Б.(58) од Охрид и при заминување од објектот го оштетил автомобилот на нападнатиот. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор, по што тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Охрид – информираат од МВР.
Post Views: 6
Здружението на граѓани Богојавление се откажа од организацијата на Водици. Денеска на празникот Пречиста, традиционално се објавуваше името на новиот кум на манифестацијата. Но место тоа здружението преку соопштение ја извести јавноста дека организацијата на Водици 2016та и ја препушта на МПЦ. Од Дебарско кичевската епархија за ваквата одлука дознале од парохискиот свештеник на Првата варошка парохија кој пак бил известен од Здружението. Предходно немало средби и контакти помеѓу претставници на епархијата и здржението што би наговестило ваков тек на настаните, велат...
Post Views: 1
Светите Кузман и Дамјан биле лекари, бесребреници и чудотворци. Тие биле браќа родени во Азија, од непобожен татко и мајка христијанка. Таткото им умрел додека биле деца, а мајка им ги одгледала во христијанскиот дух. Од Господ добиле дар за исцелување на разни болести и како што тој дар го добиле бесплатно и самите бесплатно ги лечеле луѓето, па затоа и луѓето им го дале името бесребреници.
Едни од оние кои што се именуваат со ова име мирно се упокоија на 1 ноември. Другите беа каменувани во Рим на 1 јули, а овие третите беа од Арабија и под денешниот датум за нив станува...
Post Views: 2
Зоран Симоноски, директорот на „Градски Гробишта“, денес јавно прозборе за проблемите во ЈП “. Тој настапи со одговор на поставените прашања на Телевизија ТВМ кои се однесуваа на неодамна донесената одлука за измена и дополнување на постоечкото урбанистичко решение за гробната парцела Х 402, која ја донесе Управниот одбот на ЈП. На прашањата, Дали со одлуката има нарушување на ДУП и узурпација на заеднички простор, Дали има право како директор на ЈП само со одлука на УО да врши проширување на гробиштата, и дали сите засегнати граѓани од наведените гробни парцели се...
Post Views: 1
Во изминативе четири и пол децении на ФТУ Охрид, поминале повеќе од 6000 студенти од сите студиски програми. Денес добар дел од нив се кадар на високи позиции во Владата на РМ, Царинска управа, Агенцијата за супер визија во осигурување, како и во голем број шпедиции, хотели низ цела држава. Ова денеска на Свечената академија по повод 45 годишниот јубилеј го истакна првиот човек на Факултетот деканот, проф.Цветко Андрески.
„ФТУ ги има сите три циклуци на студии, има голем број на истражувачи кои што навистина се признати пошироко и можам да кажам дека ги има сите...
Post Views: 14
Постојат многу урбани митови за минералната газирана вода дека е штетна, но ако ја сакате, вистината е дека не постои ниту една причина да не уживате во пиење на тој пијалок, пишува Time.
За почеток, минералната газирана вода е одлична замена за газираните пијалоци кои содржат шеќер. Исто така, нема причина да се грижите за глеѓта на забите бидејќи газираната вода причинува незначителна штета.
Газираната вода нема негативно влијание врз коските, за ралика од некои други газирани пијалоци за кои е откриено дека ја намалуваат густината на коските во женските колкови.
Сите...
Post Views: 2
Топла насмевка, љубопитни прашања, мала закуска и пријателски пречек од штитениците на дневниот центар “Зраци” за сите донатори и помагачи на овој центар. По повод Меѓународниот ден на лицата со интелектуална попреченост, луѓето од Зраци организираа мала свеченост како би можеле во рамките на своите можности и официјално да се заблагодарат на сите добротвори кои во изминатиот период со својата несебичност помогнале за подобро функционирање на центарот. Не намалувајќи го значењето на секоја една добиена донација, од Центарот Зраци велат дека за нив навистина...
Post Views: 5
Помагање во подобрување на законската регулатива, подобра заштита и помош на семејствата на лица кои се трудови инвалиди. Ова се само дел од целите и заложбите на охридското здружение на инвалиди на трудот со цел унапредување на правата на трудовите инвалиди. Претседателот на ова здружение, Климо Димоски вели дека она што е особено значајно за нив е ефектуирање и ставање во пракса на законите кои постојат за заштита на нивните права.
“Настојуваме комплетно да ги заштитиме сите инвалиди, нормално не сакајќи да има нови инвалиди, но кога веќе ќе настане инвалидно...
Post Views: 3
Министерот за образование и наука Панче Кралев денеска го промовираше софтверот за откривање на плагијати.
-Системот за анализа и пронаоѓање на плагијати во трудови овозможува лесно и ефикасно откривање на трудови, кои во целост или во свој интегрален дел можат да претставуваат плагијати на некои веќе објавени, оценувани или презентирани трудови. Во системот ќе се внесуваат сите видови на трудови, од семинарски работи на студенти преку дипломски, магистерски, докторски дисертации, научни и стручни трудови, па се до универзитетски скрипти и учебници. Корисници во улога...